Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Фељтон Саботен магазин
Политика
16.08.2013, 18:43

Обвинение и нов притвор за ексразузнавачот Слободан Богоевски

Поднесувањето на актот доаѓа по четиримесечна истрага за препродажба на државно земјиште

Љубиша Станковиќ

Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт за сите оние што беа опфатени со акцијата наречена „Агент“, односно оние што биле инволвирани во продажбата на државно земјиште.

Поднесувањето на актот доаѓа по четиримесечна истрага за препродажбата на државно земјиште со површина од 19.000 квадратни метри во непосредна близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

„Обвинителството, во средата, поднесе до судот обвинителен акт кој се' уште не е на правна сила“, потврдуваат од скопскиот кривичен суд и појаснуваат дека по неговата дистрибуција ќе почнат да течат роковите за жалба по актот што се однесува на обвинетите Слободан Богоевски, Васко Томановиќ, Владимир Пешликовски, Данела Трајковска, Ален Јегени и словенечкиот државјанин Митја Валич, а кои се товарат за кривични дела: перење пари и други приноси од казниво дело, фалсисификување исправа, употреба на исправа со невистинита содржина и злоупотреба на службената положба и овластување.

Инаку, завчера, на седница на Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 - Скопје, било донесено решение за продолжување на мерката притвор за четворица обвинети. Мерката притворот е продолжена за четворица обвинети, односно за поранешниот разузнавач Слободан Богоевски и за скопските адвокати Васко Томановиќ и Владимир Пешликоски, како и за уште еден обвинет кој се' уште се води како недостапен за органите на прогонот.

Досегашната истрага покажала дека малверзациите со откупот на државно градежно земјиште започнало уште пред 13 години кога како потенцијални купувачи на плацот со површина од 19.000 метри се јавила кипарската фирма „Централ Балкан инвестмент“ (ЦБИ) од Никозија. Интересите на оваа компанија ги застапувал адвокатот Томановиќ, но таа поради настанати проблеми, по цели девет години, се откажала од купувањето на земјиштето. Вредноста на предметниот плац била проценета на 62.855.196 денари, односно на повеќе од еден милион евра, а бил потпишан и договор со Министерството за транспорт и врски. Договорот со државата бил раскинат, но адвокатот, три месеци пред раскинот, формирал фирма која била регистрирана како „Централ Балкан инвестмент ДООЕЛ“. По раскинувањето на договорот, поточно на 4 март 2009 година, како потенцијален купувач се јавила фирмата „Инвестмент интернешенел“, односно фирма-ќерка на словенечки „Меркатор“ и која била управувана од сега обвинетиот Митја Валич.

Словенците го купиле плацот, но средствата не завршиле на контото на кипарската, туку на скопската фирма со слично име, а во која како управител се јавува обвинетиот Ален Јегени.

По префрлањето на парите, наводно, се пристапило кон склучување невистинити договори за посредување. Таквите договори биле потпишани со фирмите „Интерпарт ком ДООЕЛ Скопје“, чиј сопственик е адвокатот Пешликоски, а како управителка се јавува сега обвинетата Трајковска. Така, врз основа на склучени договори, на приватната сметка на Слободан Богоевски, во јули 2009 година, во двата наврата, биле префрлени 28.670.000 денари. Тој од сметката, во готовина, подигнал 17,5 милиони денари за потоа повторно да уплати 2,86 милиони.

На сметката на „Интерпарт ком“ и' биле пренесени 24,26 милиони денари, а управителката, за да го реализира договорот, склучила договор со адвокатот кој е и сопственик на компанијата, но нему за посредување при раскинувањето на договор му биле префрлени 17.940.900 денари.


Статијата е прочитана 2655 пати.


Испрати коментар



Матурантите сакаат да станат академци
Вложувањето во АРМ е влог во безбедноста
Србија става рампа за македонските производи
Во Охрид едни алармираат, други смируваат
Граѓаните им веруваат на институциите
На Иванов не му треба советник за безбедносни прашања
Реакција од СДСМ
УНЕСКО е загрижен, дали сме и ние
Граѓаните им веруваат на институциите, особено на претседателот
Четврта Школа за млади лидери кај Иванов
(ФОТО) Македонија го одбележува Денот на АРМ



cime, 17.08.2013 10:37:36
Na nekogo ocigledno mu smeta znaenjeto i odlicnoto poznavanje na svojata oblast na Bogoevski pa mu montiraat slucai od pred 100 god. kako i na Kerzalovski. Rabotive se providni.
за написот, 17.08.2013 12:53:51
Конфузен и противречен текст

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 27°C

Ведро

Понеделник
Ведро
Макс: 34°C, Ми��: 17°C

Вторник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 18°C

Среда
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Четврток
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон - Илина Арсова. Како го освоив Монт Еверест

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Вкусен агол
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Фељтон | Саботен магазин |