Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Што прават денеска
Едиторијал
27.09.2009, 18:24

Македонски состојби

Политиката и омразата не пишуваат енциклопедии

Манчо Митевски

Од блискоста меѓу „бесмртните“ и „силните“, пак се снесе кукавичко јајце

Сите три спорни единици изнесуваат само една страница од вкупно 1.800, колку што има енциклопедијата. Местата за кои имаше најголеми забелешки и се говореше за извесни навреди на албанската етничка заедница, верувам, ќе бидат коригирани, изјави претседателот на МАНУ, академик Георги Старделов. Ваквата аргументација на Старделов и ставот на главниот редактор, академик Блаже Ристовски, дека ќе има само мали допрецизирања, покажуваат дека во „домот на бесмртните“ не е сфатена сериозноста на проблемот. Сепак, на академиците треба да им е познато не само научното, туку и обичното животно искуство дека некогаш и една реченица може да нанесе поголемо зло од илјадници реченици на 1.800 страници.

МАНУ по втор пат им зададе удар на стабилноста и на целината на Македонија, на меѓунационалните односи. Даде нов повод за продлабочување на делбите по сите линии: политички, социјални, статусни, идеолошки, вредносни и, што е најпогубно, на внатренационалните - меѓу Македонците, околу идеолошките и идентитетските прашања. МАНУ, поточно една група академици, со асистенција на нивни истомисленици, вакви работи прават кога самите ќе се инструментализираат за партиско-политички интереси.

Првиот пат, тоа се случи во 2001 година, во екот на воениот конфликт, со предлогот за размена на територии и на население. Неколку академици го разработија проектот на тогашниот премиер Љупчо Георгиевски, според кого, бидејќи, наводно, Македонците и Албанците веќе не можат да живеат заедно, тогаш е подобро, наместо да војуваат, да се разделат и да ја поделат територијата и населението. Вториот пат, сега, се случува со помош на енциклопедијата. Со тезите околу Албанците, но и за други категории, настани и личности, го посеаја семето на раздорот во општественото, државното и националното ткиво на Македонија, значи со слични импликации како и во 2001 година, само овој пат под патронат и во функција на проектот на актуелниот премиер Никола Груевски. Ако во 2001 година беше загрозен територијалниот интегритет и целокупноста на државата, сега е загрозена стратегиската цел на државата - ЕУ и НАТО-интеграциите, и тоа во најчувствителен момент, кога се очекува позитивен извештај. Заеднички именител на овие две искушенија на Македонија е што јавноста реагираше навреме со големо чувство на одговорност за државните интереси, со што ги натераа академиците и власта на повлекување. Само до кога и колку?

Сето ова што се случува ни малку не е случајно. Во основата на се' е проектот на владејачката партија, кој е во реализација: трансформација на се' во државата врз идеолошката, мисловната, вредносната и профит-матрица на ВМРО-ДПМНЕ. Промоцијата на енциклопедијата, таква каква што е и токму сега, е дел од прагмата на власта: со пикантни теми да се сврти вниманието на јавноста од лошите економски резултати, сиромаштијата, празниот буџет, задолжувањата, партизацијата на институциите и, посебно, од враќањето во игра на двојната формула, како начин да не се дојде до компромис за името и влез во ЕУ и НАТО, барем додека не заврши големата трансформација.

П.С. „Ова дело автентично го скенира македонското гледиште за културното и национално-политичко минато и сегашноста и претендира да стане објективна, интегрална информација за нас и нашата земја“, рече Груевски на промоцијата на енциклопедијата. Се истрча, па сега молчи! Бидејќи академик Старделов зборува за поуки од скандалот, поука треба да извлече и Груевски. Тој треба да престане да се меша секаде, особено таму каде што не му е местото, како во случајов, кога беше дел од презентерите. А, ако сака да биде дел и од академските работи, треба право да ги прочита, тој или некој од неговиот кабинет, па дури потоа да зборува и да се слика.


Статијата е прочитана 2350 пати.

Испрати коментар






Marko, 27.09.2009 22:39:53
Целава оваа владино-МАНУ ујдурма со енциклопедија ме наведува на еден заклучок: колку всушност Македонија е НЕПИСМЕНА држава.
Itar Pejo, 28.09.2009 00:24:26
Gruevski nema sto da se mesa vo naukata. Ni ambasadorite. Ako stranski ambasadori se masaat vo naukata toa e politika. Ne e rabota na akademicite da im odgovaraat na ambasadorite. Gruevski treba da im odgovori i da gi zastiti naucnicite. Treba on ili Milososki da gi povijaat ambasadorite sto sakaat da cenzuriraat i da im izrazi seriozen protest.
Kultiviran Balkanec, 28.09.2009 00:39:34
Ako sakavme da ne gi pitame albancite, kako kje ja pishuvame enciklopedijata trebashe da ja sprovedeme idejata na Ljupcho Georgievskii za razmena na teritorii i naselenie, a ako sakame da si nemame problemi so komshiite treba site nashi vrvni akademci, koi pravea karieri vo SFR Jugoslavija, dodvoruvajkji se na Belgrad so ocrnuvanje na Bugarija i na omrazeniot na srbite Vancho Mihajlov, da gi napushtat funkciite.
nacional-patriot, 28.09.2009 01:59:20
Na Manco i na takvite kako nego,dvojnata formula im stana kosmar,a za teritorijalniot integritet ne grizi se,ovaa vlast i so oruzje go odbrani.Setete se na akcijata "planinska bura" vo noemvri 2007godina.
Ace od Avstralija, 28.09.2009 04:16:02
Mance, spustete ja topkata site. Akademci od MANU, voedno clenovi i simpatizeri na SDSM. po naracka na Brane za da napravat "dobrodojde scenario" SO 50 PRIMEROCI ENCIKOPLEDIJA, da se srusi sojuzot VMRO i DUI, Albancite da "spobudalat" za vojna, Amerikanci i Anglicani privremeno da ne mrazat i ne blokiraat no NATO i EU, a demek resenie i spas da bide Brane Oktopodot... Normalni ludje ne pijat mastilo, a Vie???
STO OSTANA od neskrslivata kicma na Gruevski koja trebase da ja vsadi kaj SEKOJ Makedonec? Posle SAMO 6 dena Enciklopedijata odi na remont i toa pod pritisok TOKMU od Albancite Britancite i Amerikanc, 28.09.2009 07:06:16
Cuden narod sme nie Makedonicite, kaj Balkanskite narodi poznati i kako Skopjani, Bugari ili Srbi so govorna maana. Mnogu sme hrabri a na mobilizacijata vo 2001-ta ne se odzvaa ni 10% od SLAVNITE JUNACI. Vo 2002-ta na vlast go vrativme Brankota, oti ne sakavme Ljubco da ja deli zemjata megu Albanija i Bugarija, a rejtingot na SDSM trgna udolu bas vo momentot koga pocna sproveduvanjeto na Ramkovniot dogovor so koj trebase da se spreci podelbata na zemjata. Ni se zgadija Brankovci zaradi novata opstinska krojka ama od pregolemo gadenje na referendumot zaboravivme da izlezeme. I SEGA STO?! Ke go velicame Gruevski oti icigledno i nemu Albancite mu se preku glava stom bara 4-godisen moratorium za etnickite prasanja. Na primenata na Ramkovniot ne se gleda krajot a TOJ veke najavuva moratorium, OTI E NEDODELKAN?! Ma kakvi...Naprotiv braka i drugari taa negova zalozba e USTE EDEN od nizata dokazi za ITAR-PEJOvskata mu priroda koja vetuva deka SITE dusmani ke gi naditri, samo sto neznae - KAKO?
Kolo Diamantot, 28.09.2009 08:21:42
Go podrzuvam liceto Kultiviran Balkanec deka naj realno ja opisuva situacijata vo toa matno vreme. Ako Makedonskiot narod im ja dade doverbata na politicarite ne znaci i da prodava teritorija ili prodava ime na drzavata da prodava istorija na Bugarite za takvi klucni prasanja odlucuva narodot preku referendum.
MANU kako SANU, 28.09.2009 08:47:58
Vo pravo e avtorot koga zboruva deka seta ovaa ' "zavrzlama" ne e slucajna , no e celno usmerena protiv sozivotot vo Mk, i protiv integrativnite procesi vo EU i NATO. Ovaa nomenklatura na vlast, samo verbalno se zalaga za nekakva si integracija , a vsusnost se pravi da bideme sto podaleku od EU i NATO ,i da ima "selo bez kucina" vo koe ce pravat se sto sakaat. Za toa imaat kolaboracionisti i vo MANU, na celo so poznatiot nacionalist Blaze Ristovski , koj nacional patriotizmot gi izdigna na nivo na zanaet i po diktat na vladeckata strutura pisuvaat Enciklopedija , koja namesto da dade osmislena naucna vistina vnese nemir i medjunacionalna netrpelivost.. Seto ova me potsetuva na onaa procuena Platforma na SANU pred povece od dvaesetina godini, po poracka na vozdot Milosevic i akademikot Dobrica Cosic, i vidovme dokade stigna Srbija so site tie programi i tezi. Koj sega turka takvo scenario i vo Mk.?
zabegan., 28.09.2009 09:06:57
алооооооооо-МАКЕДОНЦИ пишувајте КИРИЛИЦА.
Taki, 28.09.2009 09:17:12
Ace ovoj pat me voodusevi so tvojot komentar od mal mozok. Toa vo medicinata se vika PARANOJA od koja boleduvate poveceto od DPMNE na celo so pastirot. MANU i ceata struktura na opstestvoto e pod direktna kontrola na Grujo tvoj, on im gi pokaci platite, a Blaze so kerka mu Lile se nisto drugo nego podanici na Pastirot. Gi ocekuvam tvoite naredni komentari koi predizvikuvat zabava i humor bez ogled dali si stvarno od Avstralija ili vraboten na Ilindenska??
vmrovec-ljubcovist, 28.09.2009 10:39:18
a sto toa ljubco kaza a ne e taka.prasajte gi makedoncite kako ziveat vo cair,tetovo ili vo aracinovo ne znaete deka nema makedonci.ljubco ja kazuva vistinata kolku i da e bolna.uporno tvrdime deka se sakame so niv,a ne e taka.od 2 milioni kolku brakovi se sklucuvaat megu albanci i makedonci? ima 2-3 braka na poznati licnost sto nemaat predrasudi.
Jane, 28.09.2009 11:28:29
Проблемот со енциклопедијата е што нас не прави словени. Што се однесува до албанците;нема почесен однос, од тоа да го нарекуваш некого, како што самиот се нарекува. Образложението на албанците дека тој термин се употребува во пежоративна смисла од страна на србите(шипци,шипоси) не држи. Србите Македонецот го дефинираат како Србин со тешка говорна мана, па ние 18 години „војуваме“ да си го задржиме тоа име(Србин со тешка говорна мана).Со тоа докажуваме дека србите не се во позиција да не навредат, а албанците покажуваат слабост и покажуваат дека мислењето на србите им е многу важно. Значи, албанците си имаат психолошки проблем, бидејќи докажав дека проблемот не е од етичка, или логичка природа.
стружанец, 28.09.2009 13:16:04
Аце моли бога да ја преправат енциклопедијата зошто имам предлог и ти да влезеш во неа како македонец од дијаспората со оригинални гледишта на македонската реалност за која имаш лек: да се тргне Бранко и СДСМ од политичката сцена и решен проблем од економијата до името. Како само толку промислено ги откри сите заткулисни игри на опозицијата.Генијално.Ти честитам.
kristo, 28.09.2009 13:27:15
Манче ако не го спомнеше ВМРО ДПМНЕ ќе пукнеше. Во сон ти се јавува Никола Груески. Ноќна мора ти е.
Liberal, 28.09.2009 13:42:54
Taka e Taki, komentarive na Acika nas od Avstralija se za rublika humor.Me smeat do solzi, me voodusevuva so svoite "genijalni" poznavanja od se.UNIKATEN E!Acika, Anglicanite na tebe kako Makedonec ne mozat da ti bidat PRIVREMENI neprijateli, tie ti se neprijateli OTSEKOGAS (London, Bukurest, vo Grcija tie "go speava masloto" na Makedoncite....).Istorijata, a i seuste zivitte svedoci na toa vreme mozat da ti go potvrdat toa.A citajki gi tvoive komentari veruvam deka ti i na tie lugje, pred i se od Egejskiot del ke im kazes kako i sto bilo.Patoloski si optereten so Braneta (ne oti deka jas go sakam ili cenam), ama realno gledano i tie sto go zamenija se "ista meta, isto otstojanie".Ako mislis deka se lazam dojdi vo MKD i se ke ti se razjasni.Ama pak da komentiras,imame "cirkus bez pari" citajki gi tvoive komentari, a voedno go gledame i tvoeto nivo, a i na pajtasite ti so koi sigurno "gi resavate" problemite na MKD vo nekoj od Vasite klubovi.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 22°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 30°C, Мин: 13°C

Среда
Ведро
Макс: 31°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Древната поделба во исламот ги распламтува конфликтите на Блискиот Исток
Се започна со повикот за слобода на Блискиот Исток, но арапските востанија се повеќе стануваат карактеристични по праста...
Витаминот Б3 и „супербактеријата“
Нова студија сугерира дека витаминот Б3 може да помогне во борбата против најсмртоносната бактерија во светот, позната и...
„Рејбан“ – 75 години култен моден додаток
Ниту една ѕвезда ниту рекламна кампања не постигнала толку голем маркетиншки ефект за очилата за сонце „рејбан“ како фил...
Марио Драги ги осоколи берзите
Европската централна банка ги охрабри инвеститорите со мерките за спречување на должничката криза...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Што прават денеска |