09.09.2012, 18:05 Мислења
Музика без звук
Арсим Зеколи
Свирежите упатени кон малата Албанка докажуваат дека ова не е проблем само на влада или политика, туку на култивирана општествена омраза, која ги надминува политичките димензии и е веќе дел од националниот ментален фолклор
За разлика од мнозинството Албанци од Скопје, кои во помала или поголема мера беа навредени од начинот на кој се одбележа Денот на независноста, лично бев безмалку па пријатно изненаден од видливиот напредок од страна на организаторите на оваа културна ли манифестација. Се разбира, пораките од трибините упатени кон Албанците се веќе видено и од голем број вас, сограѓани Македонци - очекувано. Но, со нескриен саркастичен дух на полупразна чаша, би ја искористил можноста сепак да се заблагодарам на организаторот за доблесното воздржување од интерпретирањето на химната на македонскиот шовинизам „Нусе, нусе“, која секогаш така весело ја разгалуваше „супериорната“ и „граѓанска“ свест на македонофонскиот дел од оваа земја. Мал, но, да признаеме, сепак милозвучен придонес кон се' поценетата мудрост на тишината.
Свирежите упатени кон малата Албанка, пак, докажуваат дека ова не е проблем само на влада или политика, туку на култивирана општествена омраза кон Албанците, која ги надминува политичките димензии и е веќе дел од националниот ментален фолклор. Кој засега длабоко во семејните и образовни пораки, пренесувани генерациски и децениски за време на - илустративно кажано - неделните ручеци и периодични родителски совети. Феномен кој - рака на срце - не е создаден од оваа влада, но е секако усовршен и надграден до крајно вулгарни димензии низ нејзините сублиминални пораки и однесувања.
Но, при толкава експлозија на наводна супериорност и надмоќ (кон една девојка оддалечена стотина метри) се поставува една едноставна дилема. Омразата е сепак само психолошки реагенс на немоќ, онака како што мразиме нешто што не можеме да го совладаме или контролираме. Со таа мисла на ум, вреди да се постави прашањето: дали тие свирежи беа израз на омраза - или пак на потиснато чувство на немоќ и страв? Колку за размислување, одговорот можеби треба да се побара во објаснувањата за наводните причини кои стојат зад ставот на Грција кон македонскиот идентитет.
Воедно, со полно разбирање за повредените чувства на моите Албанци, кои ги споделувам, би сакал да запрашам - а кога тоа па ние сме ги поканиле Влатко или Бодан, да ни отсвират нешто од нивниот репертоар на некоја наша прослава од државен карактер? Па ако за ништо друго, и ние да им терцираме со свирежи од публика и повици „Илирида“, „Илирида“. Колку и да сме со право навредени од односот на сограѓаните Македонци и нивниот однос кон Албанците, нашата убеденост не може да биде покритие за држење дистанца. Посебно не кон оној не мал број Македонци кои на овој или оној начин (и секако не без последици) се обидуваат да се приближат и комуницираат со Албанците, било како група или индивидуално.
Под неделен наплив на хумор, би предложил дури Албанците, конечно, да излезат од својата сенка и место испразно виртуално и бесполезно лутење кон Македонците, си побараат оставка од господинот кој лебот свој насушен го вади во име на нивната интегративна застапеност. Поучен од претходните искуства, се сомневам дека тој човек воопшто и бил запознат што се случува на дадениот свечен ден на стадионот недалеку од неговата канцеларија. Затоа, пак, ќе го менува Уставот. Лепејќи врз него налепници со натпис Кусхтетута.
Концертот на скопскиот стадион, сепак, беше интересен и од една друга димензија, која ме потсети на старата косовска поговорка - песната ја знам, но гласот не ми иде. Се' почестите гостувања на странски звезди на нашите манифестации како да укажуваат на растечката духовна сиромаштија на нашата креативност. Се добива впечаток дека одамна веќе немаме изведувачи кои се одликуваат со магнетна способност за привлекување публика, па се обидуваме на мала врата да ја привлечеме јавноста преку шверцување звучни имиња од надвор. Таквата појава е подеднакво присутна и кај двете етнички заедници, ако судиме по масовноста на публиката на концертите организирани низ земјата, споредбено по имињата од домашната естрада или, пак, оние од соседството.
Традиционално никогаш сиромашна по вистински бисери на музиката, позната по многубројни таленти кои дали по глас или нота се имаат прославено надвор од границите на земјата, одеднаш како да се најдовме во вакуум на просечност без инспирација или креативна искра, како да музите на уметноста не' имаат напуштено. Со должна почит кон ветераните на сцената, тие се сепак веќе дел од установениот уметнички естаблишмент, кој не успева да произведува нови имиња. Колку за споредба, вреди да се постави прашање што се случи со оној бран на креативност од деведесеттите кој произведе безброј познати и признати имиња вредни за секоја почит?
Уметноста е сепак рефлекс на состојбата на духот на општеството во определен историски момент, преку која можеме да ја следиме стратиграфијата на развојот, подемот или падот на една култура. Ако судиме по таа логика, се добива впечаток дека тешките камења на политичкиот барок го имаат притиснато до дно креативниот дух на денешнината, па низ пукнатините на мермерните плочки избива само коровот на кич и популистички шунд. Повеќе од се' друго, токму уметноста е најпрецизниот лакмус-тест на тврдоста и внатрешната испразност на сегашната власт, омамена во желба за материјална демонстрација на својата моќ, на сметка на наследената духовност на своите поданици.
Затоа присуството на странски звезди на концертот е прилично соодветна илустрација за состојбите кај нас. Без вдахновеност и обвиени со просечност, потребно е да се поканат луѓе од надвор, од некои духовно послободни и авторски независни краишта, за да ги испеат домашните звуци на радост и тага напишани низ векови. Тоа, а не имињата на пејачите и нивното потекло, е прашањето кое треба да не' вознемири и потсети дека народ фатен за гуша не умее да пее.
(Авторот е аналитичар)
Наш став
Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински весник“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација. |
|
Статијата е прочитана 1754 пати.
|
Испрати коментар
|
|
ace nikolovski, 10.09.2012 00:36:05 | do avtorot: kazete mi edna, bilo kakva albanska ceremonija izvedena vo makedonija, pa duri i od predskolska vozrast vo poslednive 12 godini na koja ne se skandira uck......(poveke ne navleguvam) |
| jovan, 10.09.2012 00:59:41 | Toa se*herojski*svirezi koj ne vodat kon nisto. Toa se svirezi predizvikani od ljubomora deka nemoze da se pokazi sila. Takvi svirezi na edna takva manifestacija ne se nisto drugo osven eden prostotiluk od najdolen vid. Makedonskata prikaska na celo so ovaa garnitura poleka se pretvara vo balada. Sega e potrebno da go obedinat i pridobijat narodot na nivna strana, pa koga ke se prevrti brodot, da bide obvinet i narodot deka ucestvuval vo toa. Se sekavate kako gi*pridobija* Srbite na vremeto, pa narodot se redese po ulicite i isprakase tenkovi so cvekinja na pat kon Hrvatska i Bosna. Potoa del od krivicata za neuspesite bese prenesen i na Srpskiot narod.(koj i den denes ispasta).Istoto i kaj nas sega go spremaat. Veke videno, samo sto ovde nikoj ne pamti sto bilo ovde vcera, ne pa vo devedesetite vo Srbija. Scenarioto e toa, iako sega e 2012ta, pa nekoj ke ve ubeduva deka sega bilo poinaku. Nisto ne e poinaku.Ke zavrsime kako Srbite(ili kaj niv).Zatoa i Bugarite zbesnuvaat.Ne e na arno. |
| melbourne, 10.09.2012 02:09:36 | SEKOJA CEST,posebno vo predposledniot pasus sto e napisana CISTA vistina |
| ФЕЛИКС, 10.09.2012 08:08:46 | Има една ноторна работа која албанските интелектуалци и аналитичари која свесно ја прават.А тоа е секогаш молк за однесувањето во својот кампус визави изблиците на национализми.Ова не е никако алиби за примитивните свирежи кон младата албанска пеачка упатени од страна на лигави националисти.Како авторот вака не анализира кога се повредени чувствата на учениците-Македонци и нивните родители кога политичкиот дел од неговиот етнички корпус менува имиња на училишта,кој предходно се национално важни за нив и сите нас.Каде е тука Бадинтер на кого кампусот на авторот постојано се повикува.Како тоа се свири Албанска химна на отварање на училиште во кој фининасиски партиципира државата а која е обезвреднета што не се исполнува нејзината химна.Големината е секогаш во тоа да се искритикува се што е националистички негативно кај сопствениот етникум па потоа осврт кон другиот.Само поради сопствената релевантност колку ни е до заедништвото. |
| anja, 10.09.2012 08:25:49 | adelina im odrza lekcija na nasive makedonski pejacki kako treba da se izgleda i sto e toa scenski nastap,riba i pol,bravo Adelina P.S ova go pisuva Makedonka |
| Kakva prerabotka takva izvedba, 10.09.2012 08:41:06 | Zekoli , bidete srecni sto povece albanski pesni ne se izvedoja na toj t.n. spektakal. kako gi preraboti Tavitjan i kako gi izveduvaa nekoi izveduvaci izvornite makedonski pesni, veruvaj ce bev srecen da se izvedea pomalku nasi pesni. Nekoi prerabotki i izvedbi na cistata makedonska muzika bese cist rezil.Covek prosto ne mozese da gi prepoznae nasite pesni. |
| Laze-Skopje, 10.09.2012 09:24:18 | Огледало господине Зеколи, огледал, пред да се пуштите да критикувате и фрлате навреди кон другите најдобро е да се погледнете во огледало и да видите дали сте и вие нешто виновни за таквиот однос.
Потолерантен народ на Македонскиот нема да најдете (тоа и вас ви е јасно), меѓутоа токму таа торелантност вие на секој начин ја злоупотребувате во изминативе години. ако бевте лојални граѓани на оваа држава никогаш немаше да бидат исвиркани тие изведувачи (кои за волја на вистината не беа воопшто винови за тоа што беа исвиркани). |
| Лазе , Лазе , по земја да лазиш!, 10.09.2012 09:54:48 | Лазе , погледни се прво себе во огледало! „Нема потолерантен народ од Македонците“! Во Македонци ги броиш и оние што , со пари од владата , во Србија пееја „ Нека разберат клетите Шиптари“ , или оние што ќе го освојат Солунско Поле и Пирин Планина итн.? Македонец сум , но не од тие! Влези си Лазе право во бањата и погледни се во огледалото! |
| nikoj i nisto, 10.09.2012 10:01:14 | Vi blagodaram,gospodine Zekoli za prekrasnata,i pred se realna kolumna.Uzivav dodeka ve citav.Primer ste na kriticen,realen ,a pred se vistinski intelektualec. |
| Albanec, 10.09.2012 10:40:31 | Vo vrska so koncertot, gledano od politicki aspekt generalno povikani se zvezdi koi poveketo gi ima na partiskite mitinzi na vladeackite partii. Ne mi e jasno kako moze da se zanemari zvezda od kalibarot na Vlatko Stefanovski so koj moze da se gordeeme (od nasite ne vidov nekoja pogolema zvezda od nego). Avtorot gi kritikuva i albanskite partii koi ne im davaat pristap na makedonskite izveduvaci preku razni nivni manifestacii. Na kraj kraeva ne treba da im dademe golemo vnimanie na tie svirezi, generalno na partiite im odgovara parolata razdeli i vladej neka ne ni solat pamet kolku se patrioti kako makedonskite taka i albanskite politicki partii. Da ne im dademe da ne zaslepat srede bel den, tutku da gledame napred za podobroto na site, so razni zaednicki manifestacii i druzenja od bilo kakov aspekt!! |
| hipokrizija, 10.09.2012 11:40:39 | Тоа што аналитичарот/авторот констатира дека албанците треба да си побараат оставка од господинот кој лебот свој насушен го вади во име на нивната интегративна застапеност...Веројатно мисли на Ахмети...Авторот како да заборава дека и тој лебот насушен го ��адеше во ДУИ кога тој истиот господин го постави за амбасадор (во процентот на партиски амбасадори). |
| Генерација 1982, 10.09.2012 11:42:23 | Примитивци што свиркаат, ги имаме и кај едните и кај другите. Сакам да бидам „модерен“ и да ги обвинам целосно Македонците, моите. Но, од друга страна кога ќе ми текне како во Гостивар се пуши во скоро секоја кафана, а во Струмица скоро во никоја и како во Росоман без фискална сметка казнуваат и затвараат дуќанџии а во Арачиново не знаат што е фискален апарат, како да речам дека се ЛОЈАЛНИ граѓани. Како да бидам против револтот на моите, како да ги оправдам кога едноставно не чувствувам така. А за албанските химни, знамиња и останата декорација на државни институции и манифестации да не збориме, епа како г-дине Зеколи ќе ги замолчиме свиркачите. |
| dobar den, 10.09.2012 12:42:53 | Pozdrav do vas, autore! I - kako što vo komentari do cenetiot UV veke nekolku pati rekov: do togaš, dok nacionalnosta a veroispovest vo mislata na lugeto ke bidat visoko, visoko nad gragjanska svest, nad čustvo na pripadnost i ljubov kon svojata tatkovina - vo ovoj slučaj Makedonija - tuka nema pomoš!
Lično jas mislam, deka MK ke se razdeli i samo na mil Gospod ke go zamolam, da bide toa po miren pat, bez pukanje, bez žrtvi. Megju Makedonci i Albanci ima tolku dlabok jaz, tolku nevolja, da se nešto promeni, tolku stari nedorazbiranja i rani, što ništo nema da gi zatvori. Za žal. Dve kulturi, različni i sepak mnogu, mnogu bliski, živeat so stoletija pokraj sebe. Umesto edna so druga da se obogatuvaat, se mrazat, ili vo najmalo - ne se sakat! Neznam, što ke donese idnina, mislam, ništo mnogu dobro, no - samo rata da nebude! Pozdrav - i jaka vam duša na site vo MK, na vaši deca i vnuci od bilo koja vera i nacija. |
| Од мене до сите Вас, 10.09.2012 16:25:11 | Абе Феликси Пејовци и сите глупи Македонци и Албанци. Ова на концертот е смислена провокација да се крене рејтингот на двете партии. Се разбира ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Ова е само вовед. |
| Balli, 10.09.2012 21:22:02 | Ne navleguvam vo temata. Samo sakav da spodelam so makedoncite ovaa prerabotka na jovano javanke od Kosovskata grupa Kuarteti Pentagram. Ova e samo del na nasata tolerantnost i kosmopolitnost.
Uzivajte:
http://www.youtube.com/watch?v=Ndt88v2XvuA
Se prasuvam koga nekoja makedonska grupa e prerabotuva albanski pesmi!? |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 15°C
Ведро
|
Среда
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 14°C
|
Четврток
Претежно облачно
Макс: 31°C, Мин: 18°C
|
|
|
|
|
|