Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
09.09.2012, 18:08

Заглушувачки молк на Груевски

Груевски присуствуваше на повеќето настани по повод Денот на независноста, но се воздржа од коментари за релациите со ДУИ

Наум Котевски


Македонија помпезно прослави 21 година од својата независност со голема веселба на Арената „Филип Втори“, во организација на триото „Тавитјан“ и балканските изведувачи. И наместо таа да биде општонародна и цивилизациски модерна, уште на стартот се претвори во македонска етно- прослава. А, тоа сигурно не е темелот врз кој веќе требаше да биде изградена земјава.

Свирежите упатени кон албанските пејачи, кои беа дел од увертирата на догонајавуваниот спектакл, се доказот дека предрасудите, силно стимулирани од потезите на политичките елити, и по две декади имаат сигурен дом во несигурниот политички амбиент, во кој се' уште не постои сигурна претстава за тоа каква земја сакаме. Тие, впрочем, ги затнаа суптилните звуци од кавалот на Гоце Димовски од „Синтезис“, но истовремено беа одличен ветар во грб за Есма Реџепова, која се појави како генерал на некоја ослободителна војска, во циркуска креација со знамето од Кутлеш.

А, претседателот Ѓорге Иванов, само час пред тоа на Свечената академија во МОБ, каде што присуствуваше министерот за економија Ваљон Сарачини, но немаше ниту еден лидер од албанските партии, рече дека „каква Македонија ќе создадеме, таква ќе ја имаме“.

„Тоа е наша одговорност. Одговорност од секој поединец, без разлика на неговата етничка, религиозна или која било припадност. Одговорност од секоја заедница, од секоја политичка партија. Одговорност од секоја институција, почнувајќи од мене како претседател, од власта, опозицијата, судството, администрацијата, медиумите, цивилното општество“, потенцираше Иванов.

Завчерашните свирежи, од устата како злоупотребен народен инструмент, во нецивилизациски цели (како и подоцнежното крадење на македонски знамиња во општина Чаир), се практично силен аплауз за моментното однесување на владејачката коалиција. За ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ кои последниов месец искрено се заложија за реактивирање на националните хистерии. Таква е, за жал, сликата за државничката одговорност за која зборува Иванов.

Во вакви моменти кога државата слави годишнина од постоењето, народот сигурно очекува обраќање од премиерот Никола Груевски, како што, да речеме, беше лани кога во својот долг говор на плоштадот повика на обединување. Но, Груевски сега одлучи да молчи и за иднината, но и за сегашните проблеми.

Сепак, директорот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, кој токму со Груевски и министерот за здравство Никола Тодоров вчера го посети штандот на партијата на улица „Македонија“, каде што се собираат идеи од граѓаните поврзани со подготовката на програмите за локалните избори, се обиде да објасни дека преку разговори со коалицискиот партнер ќе се намалува еднонационалниот такт, кој завчера одекна посилно од седумосминскиот од тапаните на Тавитјановци.

„Институциите функционираат во полна смисла, парламентот функционира во полна смисла, разликите кои постојат во однос на одредени политички прашања се исто така понатаму актуелни, ќе видиме низ разговори, контактите постојат, ќе видиме во следниот период како ќе се развиваат работите“, рече Димовски.

На прашањето кој го блокираше Законот за бранителите во Собранието, Димовски додаде: „Носењето на законот не е блокирано. ДУИ користи со деловник овозможени права во расправата, а ние и понатаму стоиме на ставот дека тој закон е позитивен и македонскиот парламент треба да го донесе. Ние секојдневно се гледаме со колегите на работа, тековно разговараме, за различни прашања, значи заедно работиме во исти институции во исти канцеларии“, посочува Димовски. И во право е. Факт е дека во парламентот сите си се гледаат. Дури и си се шегуваат. Но, штета е што саботниот концерт покажа дека народот не сака да се види, или се гледа под едно око. И дека никако не успеваме да се ослободиме од етничките протези во главата, како што, да речеме, се ослободи од оние на нозете Том Хенкс во „Форест Гамп“.










Статијата е прочитана 5144 пати.

Испрати коментар



Штипската опозиција во „Каменик коалиција“
Политичката прагма ги надгласа мешаните коалиции
Социјалдемократите како вмровци
Интервју - Барам петти мандат



jovan, 10.09.2012 00:09:48
Namesto proslavata(ne ja gledav) da bide primer za konsruktivnost, nie sme imale svirezi za destruktivnost koi za zal ne se ni temelat na nekakva realna sila nego na obicna ljubomora, tokmu poradi toa sto se nema nikakva sila. Zalno, jadno, bolno i pakosno. Podobro i sto ne sum gledal, najverojatno nisto pametno ne sum propustil, ako stvarno imalo takvi prostotiluci/svirezi.
Весна.С. од Прилеп, 10.09.2012 00:23:10
МОЛЧЕЊЕТО Е ЗЛАТО-СО ТОА НЕМА ДА СЕ КОНФРОНТИРА СО КОАЛИЦИОНИОТ ПАРТНЕР ,КАКО И СО ТИЕ ШТО ГЛАСААТ ЗА НЕГО КАОКО И СО ЕУ И САД.ТОЈ МОЛЧИ А ДУИ И ПОНАТАМУ СО СВОЕТО ОДНЕСУВАЊЕ ГО ПОНИЖУВА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И СИ ЈА ОСТВАРУВА АГЕНДАТА ЗА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА.П.С. ВИЕ НОВИНАРИТЕ ТРЕБА ДА ГО ИГНОРИРАТЕ Т.Е. ДА НЕ СЕ ПОЈАВУВАТЕ КОГА ЌЕ ПУШТА УЛИЦИ ВО УПОТРЕБА И ТОГАШ КОГА ЌЕ САКА ДА ОДРЖИ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА -ЗА ПРОМЕНА ЌЕ БИДЕ ИНТЕРЕСНО КАКО ТОА ЌЕ ИЗГЛЕДА.
mile, 10.09.2012 06:04:57
Излезе полуписмениов Димовски, кажа нешто и......остана жив????? Дури и се шегувале????? Ѓаолот ја однесе шегата ИЛИЈА!!??? Ако ви излезат работите од контрола нема веќе: Бранко е крив ................Очигледно не ве бидува да водите држава, ве бива само за ТРА-ЛА-ЛА прослави, а од тоа не се живее...........
ФЕЛИКС, 10.09.2012 07:38:05
За секаква осуда е упатениот свиреж кон албанските пеачи,кои ни криви ни должни станаа жртви на примитивен национализам.Тоа е едната страна на прославата на независноста која сепак падна во сенка на убавата македонска песна исполнета од разни балкански пеачи,Но како и да е на авторот првото му е далеку поважно од сето друго што се случуваше во арената.
Ајван Доктор®, 10.09.2012 08:13:05
На некои им пречеше што сè започна со албанска песна,на други им пречеше што една Македонка пееше на српски!Трети славеа сецесија од Југославија со колекција југословенски пејачи,па почнав да се прашувам што ли славевме!?Замислете,постојано ме обвинуваат за југоносталгија!Мене,единствено ми пречеше што целиот циркуз беше повторно платен со парите од мојот џеб!Кој знае?Можеби Гаро и синовите добиле некое неверојатно наследство,па посакале да го споделат со народот?!Очекувајте подебела сметка за струја!
Mark, 10.09.2012 08:17:50
Pa Lidero veke vi objasni, preku iselenicite od Ostrelija i Kenada i neizbezniot Ilija: Gruevski-Ahmeti e NAJpatriotska a Crvenkovski-Ahmeti e NEpatriotska koalicija! I sto ima tuka nejasno pa da se doobjasnuva?
maja, 10.09.2012 09:18:59
Jas bev na koncertot. Svirezi imase. Za zal!!! Megjutoa, toa bea svirezi na 15-16-17 godisnjaci, polupijani deca od vnatresnosta, koi ako gi poglednes strogo (sto pravev jas), vednas zakutuvaa. Tie deca ne se reper deka Makedoncite ne gi sakaat Albancite. Tie deca, kako i nivnite ostanati drugari od vnatresnosta (tie sto gi slusav jas, bea poveketo od Istocna Makedonija, kade Albanci nema ni na pominuvanje), ziveat getoizirani vo svoite maala, zagubeni vo folk muzikata (sekoja peacka ja komentiraa: eve ja Biljana Jeftic), koi ja gledaat idninata kako moleri ili soferi vo Italija i koi,ako treba utre da ja branat Makedonija i Makedonstinata, ke se skrijat pod jorgan.
Caki, 10.09.2012 09:31:51
Vo sekoj sluchaj ne e ubavo shto imalo svirezhi, no znaminjata bea izvadeni ushte pred da bide proslavata, a shto nemalo albanci na proslavata toa e nivna odluka....siguren sum deka bile pokaneti.
И јас сум воодушевен! !, 10.09.2012 10:49:07
И јас бев воодушевен како нашиот Фељо! Особено од пеењето на Антонија Шола (првпат пее , да не и замеруваме) , од Аки Рахимовски (кој не го знаеше текстот) , од циркусот што се направи со македонските песни , од завивањето на Калиопи(инаку знае да пее) , од вмровскиот дрескод на Есма-вистинска античка патриотка со шеснаесет-четвртински такт. Ќе заборавев , Калиопи им кажа на јужните дека ФИРОМ не го даваме! Бедно до немајкаде , но уживање на портокаловите југенди од провинцијата!
pile, 10.09.2012 10:56:51
Sepak Luda Mara vo petocnoto sou na Milenko na ,,Kanal 5 TV edno bese vo pravo koga rece,za se sto necini kriv e prviot, normalno stavot se odnesuvase za druga organizaciona postavenost a ne za DPMNE.A sto ke kazje najpatriotskiot Premier, uste e pod vlijanie na sredbite od tipot na Jon Bitov vo Kanada, a veke drugi zboruvaat za nego,aberot pristigna,te od istok za nekakvo si prisvojuvanje na istorijata,ili od tipot SDSM planiral Premier albanec,masala ama proziren patriotizam,za ,sickata hora da vnimava za kogo ke glasa na neposakuvanite od nikogo predvremeni izbori.So molcenje ne samo najpatriotskiot Premier tuku i Ahmeti go branat dostoinstvoto na sopstveniot elektorat i probuvaat da se priblizjat na neopredelenite glasaci, a vo nikoj slucaj ne go stitat dostoinstvoto na Makedonskiot gragjanin, tuku naprotiv na krajot od nivnata neuspesna i stetna misija po interesite na Drzjavata,so nepravenje nitu 1/2 cekor vo evroinegraciite so navlekuvanje na zemjata vo izolacija
Трпе, 10.09.2012 11:41:36
Точно дека празникот требаше да се обележи �� подобро ке беше во секоја општина посебно па тогаш ке се кажеше кој е против а кој за.Нашиот мистер мр Рејтинг молчи кога не е способен да се извлече од избербатена ситуација.Инаку него го познаваме како личност кој сака да раскажува приказни за мали деца на долго и широко со претходно од друг напишани одговори на познати прашања-разбира се.А ова прославата повеке наликуваше на партиски митинг со државни пари.Имаше и нарачани песни посебно ова каде Македонија се смета како чифлик на Кољјо.Исто не ми се допадна и тоа што а еден од нив виолинистот Џорлев кој се мајтапеше со македонското знаме.Некои од изведувачите и го испогазија.
od ostrijot, 10.09.2012 13:53:21
primitivci ima na sekade a kaj nas naj mnogu.
suze, 10.09.2012 14:24:22
Има ли логика уште нешто да се каже,а има еден куп,кога и онака се се сведува на пародија и шарлатанство почнувајќи од водителот.
Иван, 10.09.2012 15:59:17
Колку лоша претпоставка. Премиерот не се крие, не бега од својте одговорности. Моментално ја бара најдобрата резолиција околу коалицијата помеѓу ДПМНЕ и ДУИ. Решението ќе биде најдобро за сите нас. Дозволете да си ја сработи работата. Задржете се од осудување.
Branko, 10.09.2012 17:30:08
DO MAJA. Megjutoa, toa bea svirezi na 15-16-17 godisnjaci, polupijani deca od vnatresnosta. So sakas da kazes so toa Maja? Maja tie polupijani deca od vnatresnosta bea doneseni po naredba na DPMNE so orgariziran i besplaten prevoz.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Ведро

Среда
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 14°C

Четврток
Претежно облачно
Макс: 31°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Боб Дилан не застанува, денеска излегува нов албум
„Темпест“ содржи десет прекрасни композиции кои го враќаат култниот Дилан во младоста...
Талибанците на Фејсбук се претставуваат како убави девојки
Војниците од коалициските сили во Авганистан биле предупредени да бидат многу претпазливи кога „сурфаат“ по социјалните ...
Северна Кореја ја подотвора вратата за реформи
Земјоделците можат да го продаваат вишокот од своите култури на приватниот пазар...
Древната поделба во исламот ги распламтува конфликтите на Блискиот Исток
Се започна со повикот за слобода на Блискиот Исток, но арапските востанија се повеќе стануваат карактеристични по праста...
Витаминот Б3 и „супербактеријата“
Нова студија сугерира дека витаминот Б3 може да помогне во борбата против најсмртоносната бактерија во светот, позната и...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |