16.05.2012, 12:03 Индијана оствари гостинска победа против Мајами
Пејсерси славеа со 78:75 и израмнија на 1:1 во меѓусебната серија
Кошаркарите на Индијана го изедначија резултатот на 1:1 во победи против Мајами, откако ноќеска во еден од двата НБА плеј-оф натпревари ги победија „жешките“ на нивни терен со 78:75.
Најефикасни во првата победа на Индијана во полуфиналето од Источната конференција беа, Дејвид Вест со 16 реализирани поени и 10 скокови, Џорџ Хил со 15 и Дени Гарнер со 11 поени.
Во поразениот тим најдобри беа Леброн Џејмс со 28 и Двејн Вејд со 24 поени.
Прв натпревар од полуфиналето во Западната конференција ноќеска се одигра меѓу екипите на Сан Антонио и Лос Анџелес Клиперс. Победи Сан Антонио со 108:92 највеќе по заслуга на Тим Данкан кој реализира 26 поен�� и имаше 10 скокови.
За вечерва се закажани средбите Оклахома - Лос Анџелес Лејкерс (1:0 во победи за Оклахома) и Филаделфија - Бостон (1:1 во победи).
|