16.05.2012, 13:05 Томе Пачовски потпиша за Мехелен
Повремениот голман на македонската фудбалска репрезентација замина од Жерминал Бершот со обештетување од околу 400 илјади евра со цел да биде во првиот состав во новиот клуб
Повремениот голман на македонската фудбалска репрезентација Томе Пачовски во следните три години ќе брани во белгискиот клуб Мехелен. Пачовски имаше договор уште две сезони со белгискиот Жерминал Бершот, но замина од клубот со обештетување од околу 400 илјади евра со цел да биде во првиот состав во новиот клуб.
- Сакам да бидам прв голман во клубот за кој ќе настапувам, а со тоа да си го вратам местото во репрезентацијата. Досегашниот мој клуб донесе уште еден квалитетен голман и со тоа моето место број 1 не беше загарантирано, па се одлучив да ја променам ��кипата, истакна Пачовски по новиот трансфер.
Македонскиот интернационалец во Мехелен на голот ќе го замени ветеранот Оливие Ренард.
Селекторот Џон Тошак на последната прес-конференција во понеделникот, а во врска со изборот на репрезентативци, рече дека Пачовски иако не е повикан за контролките со Португалија и Ангола, сеуште е во комбинација за репрезентативниот дрес со број 1, доколку си најде клуб во кој ќе биде прв голман.
|