15.05.2012, 17:39 Македонија против Роналдо во Леирија
Португалците го објавија списокот за пријателскиот меч со нашиот тим во Леирија, но и за претстојното ЕП
Македонија дозна со кои фудбалери ќе го подели мегданот во Леирија на 26 мај во пријателскиот меч против Португалија. Селекторот Паоло Бенто денеска го објави списокот на „европските Бразилци“ со кои ќе се подготвува за настап на континенталниот шампионат во Полска и Украина, но и ќе тестира со момчињата на Џон Тошак на македонската клупа.
Тамошната јавност со изненадување го прифати изборот на Бенто поради одлуката да го повика напаѓачот на Бенфика, Нелсон Оливеира, кој досега забележа само 10 минути во националниот тим.
Според очекувањата Португалците против Македонија и на ЕП во Полска и Украина ќ�� бидат предводени од Кристијано Роналдо од мадридски Реал и Нани од Манчестер јунајтед со кои ќе треба да се справат и македонските репрезентативци кон крајот на месецот.
„Нашите планови се големи за претстојното европско првенство. Конкуренцијата во групата во Полска и Украина е навистина силна, но ние веруваме во сопствените квалитети и можности“, порача Бенто.
Местото меѓу стативите го меркаат тројца голмани, Патрицио, Едуардо и Бето од романски Клуж. Пепе, Коентрао и Бруно Алвеш ќе командуваат со одбраната, Мутињо и Меирелеш ќе го имаат главниот збор на средината на теренот, за голови ќе бидат задолжени Роналдо и Нани.
Голмани: Руи Патрицио (Спортинг Л./Португалија); Едуаро (Бенфика/Португалија), Бето (Клуж/Романија)
Одбрана: Жоао Переира (Спортинг Лисабон/Португалија); Бруно Алвеш (Зенит/Русија); Фабио Коентрао (Реал Мадрид/Шпанија); Пепе (Реал Мадрид/Шпанија); Рикардо Кошта (Валенсија/Шпанија); Роландо (Порто/Португалија); Мигел Лопез (Брага/Португалија).
Среден ред: Карлош Мартинс (Гранада/Шпанија); Жоао Мутињо (Порто/Португалија); Мигел Велосо (Џенова/Италија); Раул Меирелеш (Челзи/Англија); Рубен Микаел (Сарагоса/Шпанија); Кастодио (Брага/Португалија).
Напад: Кристијано Роналдо (Реал Мадрид/Шпанија); Уго Алмеида (Бешикташ); Хелдер Постига (Сарагоса/Шпанија); Нани (Манчестер јунајтед/Англија); Нелсон Оливеира (Бенфика/Португалија); Рикардо Кварезма (Бешикташ/Турција); Салваторе Варела (Порто/Португалија). |