Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Што прават денеска
Втора страница
27.09.2009, 18:16

Поглед

Кој пишува капитални дела

Билјана Јовановска

Да не беше реакцијата на албанските партии на делови од Македонската енциклопедија на МАНУ, за волја на вистината, не ќе дознаевме кој, како и од каде ги пишувал или ги препишувал спорните определници.

Деновиве, по повеќе прозивки, се огласи професорката Татјана Петрушевска од скопскиот Правен факултет да ни го објасни својот удел во овој проект, за кој добила пристоен хонорар.

И, онака, директно призна дека спорниот дел во кој посочува дека американски и британски офицери ги обучувале припадниците на ОНА во конфликтот во 2001 година, го презела или го препишала, како сакате, од енциклопедијата Википедија.

Професорката сакала да испровоцира дебата, иако енциклопедиите треба да изнесуваат факти. По ова не ни останува ништо друго туку да се замислиме кој се' не ги пишува капиталните дела, како фамозната Македонска енциклопедија на МАНУ.

Допрва ќе откриваме што уште ли има во другите определници. Можно ли е еден универзитетски професор да користи податоци од Википедија, за која сите знаат дека до пред еден месец слободно можеше во неа да се внесуваат содржини без уредувачка редактура.

Што да се каже друго освен дека кај нас се' е можно, дури и аматерски пристап во пишувањето национални енциклопедии, зад кои, фрапантно ама вистинито, стои највисоката научна институција во државата.

Се пишува без пардон и свест дека таквите „факти“ влијаат на имиџот на Македонија, па, конечно, и на односот на другите кон нас.

Зарем е наивна работа што за определницата на професорката реагираа амбасадите на САД и на Велика Британија? Универзитетско-академски резил.


Статијата е прочитана 2126 пати.

Испрати коментар



Вербатим
Во ЕУ мислат на енергија, во Македонија на енциклопедија
Лет во место на тендерите во енергетиката



Itar Pejo, 28.09.2009 00:29:11
Profesorkata duri i se gordee sto prepisuvala od Wikipedia ! Ete kako se rasfrlaat parite. Istata rabota mozel da ja svrsi nekoj srednoskolec, za m,ogu pomal honorar.
istok, 28.09.2009 06:50:05
Na skoluvanje sum momentalno vo USA, postdiplomski, koristenje na vikipedija ne e dozvoleno
Kolo Diamantot, 28.09.2009 06:58:24
Za pari see mozno ako treba i ke peat.
Recenzent, 28.09.2009 08:26:44
Uste eden dokaz kolku e nisko nivoto na makedonskata nauka. Edinstveno resenie e site akademici i univerzitetski profesori da bidat podlozeni na reizbor, no so recenzenti od nadvor.
Fakti i dokazi, 28.09.2009 08:57:25
Jas bi postavil i edno drugo prasanje. Otkade se izvleceni naucnite dokazi i fakti deka tcar Samoil bil Makedonski car, koga togas Makedonija kako drzava voopsto ne postoela. Pa eve najpoznatiot svetski vizantolog Ostrogorski, pa i vo Britanskata enciklopedija i vo Laruso jasno se tvrdi deka e Bugarski tcar. pa se prasuvam : Dali sme nie popametni i " pouceni " od site niv sto go tvrdime sprotivnoto( a kolku imam procitano istiot izgleda bil po poteklo Ermenec)?
Ајван Доктор®, 28.09.2009 09:28:50
Секако, преценетата професорка требала да го превземе и овој податок од Wikipedia, кој ќе го најдете во одредницата Куманово во Средниот Век: „Главен водич бил Александар Македонски заедно се неговиот татко Филип Македонски. Се претпоставува дека Куманово било основано во XII век во близина на селото Жеглигово, со цел да го чува преминот меѓу реките Вардар и јужна Морава“... Иди(ј)отизам и тоа невиден! Но се гледа и дека текстот е пишуван од дипломираните кои пропагираат Сила и Моќ!! Да не говорам за заложбите на ваш колумнист, библиотечен-директор-парламентарец, оваа енциклопедија да се финансира од Бладата на РМ! (!?) Податоците што ги има во оваа енциклопедија, Особено во одделот на македонски се (пре)пишувани од Лаици, со партиска задача. На истиот начин како што кај нас се прогласуваат за Графички Дизајнери сите кои знаат да работат во Фотошоп, Корел, КваркИксПрес... и уредувачите во Вики, се прогласуваат за Учени сезнајковци!!
Трпе Трипатански, 28.09.2009 10:23:37
Да се преземе буквало од ВИКИПЕДИЈА и да се внесе во МАК. ЕНЦИКЛОПЕДИЈА, не е само неодговорен и несериозен чин. Туку и повеќе од тоа:СРАМОТА. Но, да не заборавиме таа СРАМОТА не е само срамота за целата редакција на Енциклопедијата, туку и за ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ со звучно име „Јустинијан прима„! И срамота за сите оние кои сегашната професорка Петрушевска ја „ПРОТУРКАЛЕ„ од прием, асистент, доцент до вонреден професор!
Митко, 28.09.2009 10:30:57
Па тоа е нивото на нашите прогфесори! А што и очекувате кога сите студенти кои остануваат асистенити и потоа професори си ја прават кариерата затоа што или се деца на професори или на некој што работи во Институт, или пак ичаат политички врски! Колку асистенти или професори се примени кои завршиле настрана? Ама тие не ги сакаме затоа што доаѓаат независни, со свежи идеи и се ослободени од полтронство. Исто така, таквите млади со завршена магистратура или докторат јасно можат да видат на кое ниво се всушност професорите кои користат ВИКИПЕДИЈА како извор! Затоа, затвори ги, не ги примај на факултет! Е и после се чудиме зашто не нема во светските научни кругови. Па што да каже професорката на некој светски семинар? Библиографија: ВИКИПДИЈА????? Ох, жално Макеоднијо....
Kavadarci, 28.09.2009 12:00:42
Do Fakti i Dokazi. Vo istite enciklopedii ke stoi i deka Anglicanite se vo Irak da gi "spasuvaat" Iracanite i da sirat "demokratija" zaedno so "DEMOKRATSKA" USA. Ama hartija trpi se, neli?! Nekoj napisa: dali nesto bilo vo 16 vek, ne znam, ama znam deka Anglicanite i Jenkite gi pomagaa finansiski, a i gi obucuvaa "borcite za covekovi prava". A tie se izborija vo Bosna, na Kosovo, vo MKD (se borat i vo Gruzija, i Ujgurite vo Kina) i bidna sto bidna! SE GLEDA!Fakti se neli?Taka da ne treba da si mnogu ucen za da go sostavis "mozaikot" na denesnicava, a sekako i deka istite tie vo Britanskata enciklopedija, kolonijalisti i imperijalisti, pisuvaat toa sto niv im odgovara.Pogotovo za mali nacii kako Makedonija. Bi ti preporacal da ja procitas "Golgotata na Makedoncite vo Grcija" od Stefanovski, toa se vistinski storii na lugje koi go preziveale pekolot.Vo Britanika ne ke go najdes toa, so sigurnost.Do ISTOK, skolstvoto vo Amerika e TAPA, isto kako bankarskiot sistem, kako drzavata, TRULO
devicanecot, 28.09.2009 13:05:34
Госпоѓата Јовановска, за уште попристоен хонорар ги брани Американците. Што воопшто не е во ред од нејзина страна, ако го милува истражувачкото , а поготово неутралното новинарство. Сите современици на Војната од 2001 знаеме од кого беше инсценирана и зошто. И во македонск��те архиви постојат докази за обучувањето на Шара, за извлекувањето на американскиот генерал и други инструктори од Арачиново... Знаете, Солана за три дена два пати беше во Скопје... Сигурно дека нас, македонците многу не сака оти сме му мили? Да си ги извлече своите борци од Арачиново... дури под закана дека нашата земја ќе биде бомбардирана од НАТО. Зошто тоа да не влезе во Енциклопедијата??? Всушност, тоа е вистината, без разлика дали на актерите им се допаѓала или не. Улогите се одиграни...следува критичен осврт, а не рецензии и платени пишувања по нарачка и желба. Енциклопедијата не е книга на поздрави, честитки и желби. Навистина, платените и едностраните написи, не треба да се објавуваат.
Трупци универзитетски ..., 28.09.2009 13:45:21
На оваа ‘професорка‘ која плесна и остана жива треба веднаш да и се одземе научната титула. Научен работник кој е НЕПИСМЕН да ја прочита првата страна од Wikipedia, каде самите автори НЕ ЈА ПРЕПОРАЧУВААТ како извор за научни истражувања и проверени факти, не заслужува да носи научна титула. Исто важи и за оние деменцијални лица кои пак во име на МАНУ ги ‘верификувале‘ нејзините наоди и ги ставиле во енциклопедијата.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 22°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 30°C, Мин: 13°C

Среда
Ведро
Макс: 31°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Древната поделба во исламот ги распламтува конфликтите на Блискиот Исток
Се започна со повикот за слобода на Блискиот Исток, но арапските востанија се повеќе стануваат карактеристични по праста...
Витаминот Б3 и „супербактеријата“
Нова студија сугерира дека витаминот Б3 може да помогне во борбата против најсмртоносната бактерија во светот, позната и...
„Рејбан“ – 75 години култен моден додаток
Ниту една ѕвезда ниту рекламна кампања не постигнала толку голем маркетиншки ефект за очилата за сонце „рејбан“ како фил...
Марио Драги ги осоколи берзите
Европската централна банка ги охрабри инвеститорите со мерките за спречување на должничката криза...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Што прават денеска |