Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Фељтон Саботен магазин
Коментари
16.08.2013, 17:41

Мислења

Случувањата во Египет како опомена

Ѓорѓи Спасов

Дали може нешто да научиме од искуството на Сали Бериша, на Бојко Борисов, на Санадер во Хрватска, па дури од оваа трагедија во Египет, останува да видиме

По Египетската пролет, која започна со масовни протести против режимот на долгогодишниот претседател Хосни Мубарк во јануари 2011 година, светските медиуми објавија уште еден успех на портокаловите револуции во светот. Се славеше уривањето на уште една лична диктатура. Војската во Египет, која отсекогаш го чувала мирот и ја обезбедувала стабилноста на земјата, ја формираше привремената влада на Египет и обезбеди во државата по многу години да бидат одржани фер и демократски избори. На изборите, одржани на 24 јуни 2012 година за нов претседател на Египет, со тесно мнозинство од само 51,7 отсто од гласовите победи Мухамед Морси, еден од лидерите на Муслиманското братство. Губитник беше Ахмед Шафик, поранешен премиер од времето на Хосни Мубарак и претставник на либералната и секуларна струја во Египет, кој освои 48.3 отсто од гласовите на 84 милионскиот Египет.

На 2 август 2012 беше најавено формирање на новата влада на Египет, во која влегоа четворица министри од редовите на Муслиманското братство. Избраните пратеници од редот на либералните и секуларните партии го напуштија конститутивното собрание на парламентот со обвинување дека се подготвува наметнување на исламистички норми и правила во политиката и животот на Египет. Муслиманското братство ја доби поддршката од претседателот Морси за собранието да продолжи да работи и без нив. Претседателот Морси прифати да има дијалог со опозицијата, но не го прифати нејзиното барање да биде откажан референдумот за усвојување на новиот устав, составен пред се' под влијание на Муслиманското братство.

Референдумот за усвојување на новиот Устав беше одржан во декември 2012 година. Од 51 милион гласачи на референдумот излегоа 17 милиони или 32,9 отсто од гласачите, а од нив 10 милиони или 63 проценти гласаа за усвојување на новиот устав. На 30 јуни 2013 година избија нови силни демонстрации против владеењето на Морси и непочитувањето на волјата на либералната и секуларна јавност во земјата, по што војската на 3 јули го отстрани Морси од власта и формира привремена влада, нудејќи по шест месеци да бидат одржани нови избори. Но, убеденоста на победниците на изборите и на Морси дека се' треба да биде само според нивната волја, во Египет веќе доведува до трагични последици, голем број жртви и можеби до трајни политички поделби на земјата.

По одлуката на војската да ги отстрани со груба сила про-Морси демонстрантите од плоштадите во Каиро доведе до огромен број жртви, пред се' од редовите на Муслиманското братство. Војната на политичките фракции, всушност, прераснува во граѓанска војна и во религиозна омраза и меѓусебно истребување.

Премиерот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој и самиот е соочен со силни демонстрации на секуларната опозицијата во својата земја, а кој е голем поддржувач на соборениот претседател Морси и на Муслиманското братство, побара од Советот за безбедност да свика итна седница поради, како што вели, „масакрот на војската и на привремената влада“. Она што се случува во сопствената земја Ердоган го смета само за дело на неодговорната опозиција и обид за државен удар, со кој Турција успешно се справува, бидејќи, според него, во такви случаи е „природно право на полицијата да користи гас, гумени куршуми и водени топови“, а владата преку специјални судови треба да биде способна да ја онезвоможи и армијата да биде во можност да го заштитува секуларизмот на Кемал Ататурк.

Ердоган, како што тоа со денови пред апсењето го правеше и Мухамед Морси, постојано повторува дека тој е избран на легални избори и дека има мандат да ја спроведува програмата со која победил на изборите. Опозицијата, која ги изгубила изборите и граѓаните кои не учествувале на изборите, според нив, немаат право да ја оневозможуваат со протести.

Така Ердоган и Морси ја разбираат мнозинската демократија и како многумина кај нас, сметаат дека во таквиот модел на демократија политичкото мнозинство има право да владее без ограничувања во текот на целиот мандат.

Но, токму заради реалната опасност од воспоставување диктатура на мнозинството (која не е помалку страшна од диктатурата на еден човек) граѓаните во таквата демократија, за да не прерасне во автократија, еднопартизам или деспотизам, мора да располагаат со уставни инструменти за ограничување и контрола на власта на мнозинството. Клучните инструменти за тоа се слободата на говорот, здружувањето и правото на мирни протести, слободата на печатот преку која секојдневно се контролира власта и независното судство, кое е гаранција за заштита на човековите права. Земји и владетели кои сите свои права ги изведуваат од победата на изборите и кои ги онезвоможуваат инструментите и институциите за контрола на власта, за изразување на незадоволството од неа, во угледниот лондонски „Економист“ се нарекуваат „зомби демократии“. Тие се осакатени и не ги чуствуваат потребите на граѓаните чии партии ги изгубиле изборите или на оние кои не учествуваат на избори. Таквите граѓани ги имаат истите права, како и граѓаните кои гласале за партијата на власт, и кога нивните права се загрозени тие имаат право да бараат од власта да води сметка и за нивниот интерес.

Во зомби демократиите, на кои почнува да наликува и демократијата во Македонија, механизмите за контрола на власта и за нејзино принудување да ги почитува законите, се ослабени или укинати преку партизација на судството и полицијата и преку воспоставувањето монопол врз медиумите, па во нив корупцијата на власта, со време, станува најголем проблем. Ако во земјата може криминалот да се сокрие од јавноста и ако владее уверувањето дека на победникот на изборите му припаѓа се', тогаш најтесниот круг околу лидерот почнува да се богати енормно и со помош на новостекнатата економска моќ на коруптивен начин прави се' за и натаму да ја задржи власта во вои раце. Во моментот кога таквата власт ќе се соочи со масовно незадоволство заради неиспорачаните ветувања и незадоволените потреби, таа лесно прибегнува кон манипулација и кон насилство.

На турските граѓани за време на протестите националната телевизија им емитувала програми за пингвините. Отттаму, турските твитерџии порачуваа: „Секогаш кога ќе видите емисија за пингвините на телевизијата бидете уверени дека нешто многу сериозно се случува во вашата земја кое владата сака да го сокрие“. Ние се изнагледавме пингвини.

Но, според моделот на „тв програмата за пингвини“ и зомби демократијата до недамна владееше и премиерот на Албанија Сали Бериша. За време на неговото владеење, според оценката на лидерот на опозицијата Еди Рама, јавната администрација на Албанија била целосно партизирана, односно бил создаден систем кој тешко се победува на изборите, корупцијата станала неограничена. Бериша очекуваше коалицијата на неговите партии од десницата да добие и трет мандат. Но, се изјаловија неговите очекувања.

Исто така, неодамна се изјаловија сличните очекувања на бугарскиот премиер Бојко Борисов, бидејќи и покрај тоа што Бугарија стана членка на ЕУ, тој не успеа својата земја да ја ослободи од елементите на зомби демократијата во која победниците на изборите сметаат дека добиле неограничена власт и дека може да ја делат како плен меѓу своите сопартијци. Дали ние може нешто да научиме од искуството на Бериша, на Борисов, на Санадер во Хрватска па дури од оваа трагедија во Египет останува да видиме. За сега само знаеме, од изјавата на претседателот Ѓорге Иванов дека срцето на нашата власт бие за Ердоган. За што бие срцето на народот, засега е тешко да се дознае.

(Авторот е универзитетски професор)

Наш став



Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Статијата е прочитана 1630 пати.


Испрати коментар



Празен претседателски трон
Со кризата тешко, по неа уште потешко
Студ среде лето



Cinik, 17.08.2013 00:38:36
Aman be Profesore, postojano iznesuvas vakvi voznemiruvacki pretpostavki i nikako da gi trefnes. Seti se samo sto pisuvase 2008 g. koga ne stanavme clenka na NATO, velese ako ne dobieme pokana ke bide katastrofa, ka ima vnatresna nestabilnosy, megjuetnicki sudari, kolaps na ekonomijata i t.n. No togas ne samo sto ne pogodi, naprotiv, zemjite sto ne blokiraa kako Grcija so pomos na Kipar, Francija, Spanija, Italija i drugi otidoa strmoglavo nadolu se do bankrotstvo i dlaboki dolgododisni recesii i prezadolzuvanja. A MKD? Za sreka, iako so mal standardsi ostanavme stabilni, ne otidovme nadolu vo recesija, ne sme prezadolzeni, megjuetnickite odnosi ne se zategnati i t.n. Znaci Profesore slabo trefnuvas, zatoa aj ne pisuvaj vakvi nebulozi, bidejki se kompromitiras!
jovan, 17.08.2013 01:15:05
Kaj nas na TV non-stop ima turski serii, pa od prikazuvanje pingvini, nema potreba. Se pokazaa odlicni razni Sulejmani,paganja na lisja, neznam sega koj se hit, kako odlicni za zamajavanje narod. Uste ako se dodade i po nekoja izjava na Gorge Ivanov, togas i slatko ke si se iznasmeeme, sto vo ovie teski, krizni i tmurni vreminja, sekoja nasmevka e melem za dusa. Ako ne ni se srcata so Erdogan, togas sigurno ni se so Sulejman, a pogotovo so negoviot Harem. Sto se odnesuva do toa kakva pouka ke izvleceme od Bojko, Berisa, Sanader, Egypet... neznam, no bi mozele i oni nekoja pouka da izvlecat i od nas. Udri brigu na turski serii.
Коста Стоименовски, 17.08.2013 01:44:57
Во услови на целосна контрола на медиумите и мошне разгранат систем на пропаганда за подршка на власта во печатените и електронските медиуми опозицијата би требало да размисли за офанзивна директна комуникација со граѓаните/гласачите посебно во руралните подрачја каде политичката култура на луѓето е на ниско ниво така што мошне лесно подлегнуваат на владината пропаганда и по правило гласаат за актуелната власт. Во тој поглед би требало да се користат позитивните искуства од неславното „Работно лето“ пред локалните избори, но без каква демагогија и лицемерие (спиење по селски куќи и сл.). За овие средби треба да се подготви соодветна платформа во која тежиштето треба да биде ставено на нереализираните ветувања, расипничкото трошење на народните пари, неподнесување на отчет за потрошените пари, нелегално изнесување на огромни суми пари во стрнство, неефективни скапи роуд шоуа, субвенции насочени кон купуавње на гласови, а не кон унапредуавње на производството и подигнување на животнио
jana, 17.08.2013 07:08:54
Nie od nikogo nishto ne nauchuvame. Ni od Hrvatska, Albanija, Turcuja, Grcija, Egipet...... I shto ima od niv da uchime, koga se si znaeme. Primer, na izbori si go saokruzhuvame VMRO, da ne izgubime rabota, da ne zakachime nekoja krivichna prijava, da ne zavrshime vo zatvor, ne daj Bozhe, nekomu da mu se sluchi nekoja soobrakjajka itn. Si znaeme za se da ja obvinime Opozicijata i Branko, sega Zaev i Shekerinska oti ne gi bivalo, protestite na Opozicijata bile nedemokratski, znaeme da si organizirame antiprotesti, da go napagjame Zhernovski, oti i Toj ne go bivalo ( koj li e dobar za VMRO?), da si gradime spomenici, da secheme drvja, da ja isfrlime Opozicijata od Parlament kako i novinarite, da lustrirame i apsime novinari....itn. Shto ima da uchime od drugi, koga se si znaeme. Zatoa ke si molchime i ke si trpime za da ni bide ubavo. I eden den, CHAO MAKEDONIJO!
Mark, 17.08.2013 08:37:04
Neverojatno, no ovde Amerikancite izgleda seuste tipuvaat na trioto Mijalkov-Gruevski-Ahmeti?! Iako ovie se kombinacija od se ona sto go pretstavuvaa Berisa, Sanader, Erdogan i drugite totalitarni satrapi zaedno - ovde tie seuste se *The Good Guys*??? Ambasadorot Volers go nema nikade dodeka Makedonija tone vo neskrien Fasizam, Gruevski veke najavuva i *konecna presmetka* so tie sto ne mislat kako nego - sto li ne ceka? V.Milcin na facebook ubavo napisa - Zapadot jasno go poddrzuva ovoj profasisticki rezim a so kakva cel - pa toa sekogas otposle se razbira!?!?
Несериозен наслов од еден универзитетски професор, 17.08.2013 09:12:24
Не доликува на еден универзитетски професор да пишува бесмислици или еважно само да се пишува за пари. Јасно ми е дека како член на губитничката опција на СДСМ Спасов ја мрази власта, ама... Секој што барем малку се разбира во меѓународната политика и настаните во Египет знае дека немаат ама баш никаква врска со состојбата во Македонија.
Narode, prst na chelo!, 17.08.2013 12:31:49
Zoshto na Gruievski mu se prostuva se`i toa vece osma godina? Opravduvanjeto so Branko e neprifatliva rabota, bidejci sekoj si odgovara za sebe i svoite postapki. Ili ako Branko kradel, sega i vo idnina mozat site da kradat kolku im e volja. Jas takvo objasnuvanje ne mozam da go razberam i svatam. Za mene lopovot e lopov i ima da si odgovara za svoite nedela, a ne da bide poshteden, pa duri i falen, poradi nedelata na drug. Demek pomalku kradel (???), a i gradel (ne bitno shto,???), pa i imeto go chuval (nemoj vishe brat). Kakvi glouposti i kakvi moroni shto iznesuvaat takvi odbranbeni fakti? Beter drzava i drzavnici nikogash ne sme imale, i toa vo doba na internet. Zamislete, eden od iljadata spomenici bil predviden za 65.000 evra, a na krajot e platen 1.069.900 evra. I ovaa mine i mine, vrvi i vrvi, proadja i prodja, pod izgovorot *politichki floskuli*, a za milioni se raboti. Ej moj narode, neka ti e Gospod na pomosh, ama ako sam ne si pomognesh, ne chekaj ni od nego.
bitola, 17.08.2013 12:32:29
Pak nekoj sporeduvanja,pa kaj nas toa tesko da se sluci,bideki losiot e na vlas,a polosiot saka pak da dojde,ako bevme nie hrabri barem malku kako sto vo pesnite se opisuvame,nema malcinstvoto da si igrase majtap so nas,da potpisuva zakoni za zname na primer a vo stvarnost ne pocituva,a i ovaja segasna opozicija nema posle genocidot sto go naprave nad svojot narod[privatizacija,stedilnici,tajkuni,]skros osiromasuvanje na sopstvenata drzava ,taka lesno da se ziveese.Spasov dzabe ti e trudot,malce se meksikanci[marsovci]sto vi veruvaat vo iskrenosta,vie ste procitani dva pati,zatoa ostavete na pomladite da go vodat sds pa mozi nesto da uspeat.
pero, 17.08.2013 13:01:54
Коментарите на Јана и Марк се на место, само јас би додал дека ние сме во ОТПИШАНИТЕ...................а кога отпосле ќе разбереме зошто Волерс ги подржува овие сатрапи, касно ќе биде..........
Stanko, 17.08.2013 17:05:15
Do Jovan,Kosta,Jana i nim slicnite, bi bilo dobro na ovie analiticari koj sekojdnevno gi analiziraat sostojbite vo opstestvoto da im se pridruzat i analiticari od drugata strana kako Dedo Ljube od Veles,potoa poznatiot analiticar i rakovoditel na tn.Centar za kreiranje na javnoto mislenje od Stip Kavrakov i uste nekoi, pa web komentarite vo vasiot cenet vesnik da bidat kompletni.Ako vo vasite komentari ima recnik na omraza,omalovazuvanje,sekojdnevno povtoruvanje na istite raboti toa ne vodi nikade.Vaka,samo emocionalno se praznitesi go ispolnuvate vremeto a efektot e ramen na nula.
do Gjorgji i jana, 17.08.2013 22:24:18
Pa toa e demokratijata.Vladeenje na mnozinstvoto vrz malcinstvoto.Zatoa ima izbori onamu kade sto ima povekjepartiski sistem.Onie sto ne izlegle na glasanje ne izlegle i nema nikakvi osnovi opozicijata bilo kade da si gi prisvojuva.Tie sto ne izlegle ne sakaat nikoja partija na tie izbori.Vlasta bilo kade,ima pravo da si ja sproveduva programata i ima sekakvo pravo da ja ignorira opozicijata.Gubitnicite se i za ignoriranje,zatoa sto glasacite ja ignoriraat na izbori.Osobeno vo Makedonija,opozicijata se buni za nesto i ne saka da i bide praveno ona sto taa go pravese koga bese na vlast.I saka da i veruvame na zhimi majka deka nema da pravi vekje taka.Taka veleshe i pred 2002 g.pa koga dojde na vlast na 15 Septemvri si prodolzi po staro.Ke dojde den koga ke bide CHAO JANO!
partiski vojnik, 18.08.2013 09:07:38
neznam kako saka sdsm da se vrati na vlast so staro-novive politichki gubitnici-asovi. shekerinska beshe i vidovme shto napravi, zaev global odvaj pobedi vo rodna strumica i posle cacko i k15 vi se krivi zoshto ne ste na vlast. imalo uceni, imalo administracija tante mante.. kako vo vremeto na branko nishto od ova nemashe, pa vidovme kako zavrshi papata luzer. poentata e kako da se pridobijat okolu 55% neizlezenite, razocharani, partiski neoboeni ete tuka vi e kluchot na pobedata makar i pastirot gwujo da zaposli ushte 10.000 administracija.eh jano jano plus meksikanec &co
BitolaHamiltonCanada, 18.08.2013 11:57:57
DO *DO GORGIJA I JANA*,Demokratija ne e toa Ti shto velish.Toa e Avtokratija.Demokratija ne znachi vladeenje na mnozinstvoto nad malcinstvoto.Demokratija znachi vladeenje na narodot.Vistinska demokratija e kade shto ima vistinsko mnozinstvo od 501% i vodi smetka za baranjata na malcinstvoto i nosi balansirani odluki koi se obvrzuvachki za site gragjani.Toa shto Makedonija go ima e losha imitacija na demokratija a dobra imitacija na avtokratija.Gruevski gi nadminuva i Putin i Erdogan i Bojko i Sanadar.Uchenikot e podobar od negovite uchiteli.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 27°C

Ведро

Понеделник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Вторник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 18°C

Среда
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Четврток
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон - Илина Арсова. Како го освоив Монт Еверест

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Вкусен агол
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Фељтон | Саботен магазин |