Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
11.03.2013, 18:24

„Нови сведоци на холокаустот“ по втор пат во Скопје

Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија е отворена изложба каде што и мултикултурализмот е важен сегмент

Катерина Богоева

„Визијата на исушените коски“, „Раце, броеви, закопани во пепелта“, „Страв“, „Долгиот пат“, „Болка“, „Бескрајна пруга“, „Еврејски дом“, „Ветената земја“, „Се' уште сме живи“, „Дехуманизација“, „Вагон“, „Луѓе броеви“, „Трофеи од мртвите тела“, „Јад“, „Душите“, „Животот е меур“, „Одење кон пеколот“ , се дел од насловите на делата што ја чинат втората по ред изложба „Нови сведоци на холокаустот“, што е отворена во Меморијалниот центар на ��олокаустот на Евреите од Македонија, во рамки на одбележувањето на 70-годишнината од депортацијата на Евреите од земјава.

Автори на делата, учесници во истоимениот меѓународен проект, се уметниците од Македонија: Ана Андроска, Ален Реџепагиќ, Дијана Томиќ-Радевска, Симонида Филипова-Китановска, Димитар Солаковски, Елена Ставровска, Христина Божурска, Нагип Исмаили, Срѓан Микиќ, Санда Миева, Цветанка Јованова, Светлана Поповска, Аднан Алили и идејниот лидер на проектот, уметничката од Израел, Сара Ајник.

Поставена во истиот изложбен простор во Центарот како и минатата година, во просторот каде што е изложен и еден оригинален вагон, на оваа изложба се презентираат уметничките опсервации на холокаустот од веќе реноминирани претставници на ликовната сцена во Македонија и на млади талентирани уметници кои се наоѓаат во почетокот на својот творечки пат. Со оглед на квалитетот на презентираните дела, изборот на уметниците е добро направен, што говори за квалитетот и на самиот проект кој во Македонија од 2011 година (Битола и Скопје), Меморијалниот центар на холокаустот го реализира во соработка со Јад Вашем и Министерот за јавна дипломатија и еврејската дијаспора во Израел.

Историчарката на уметност Маја Чанкуловска-Михајловска со право посочува дека „проектот го оправдува своето егзистирање преку неопходната потреба да се запамети траорната историја на еврејскиот народ којашто во голема мера е базирана врз константните прогони од библиските времиња, па се' до страдањата од минатиот век. Неговата одржливост произлегува од неброено многу пати споменувана во минатото, но денес оспоруваната историја на холокаустот, во однос на која чувствуваме колективна одговорност да не подлегнеме на чувството на резигнираност“. Таа нагласува дека мултикултурализмот е вториот момент на проектот, кој исто така не може да се занемари. „Сите учесници имаат различна етничка провиниенција и доаѓаат од различни делови од земјава, со што се допира прашањето на неизбежен соживот на различните етнички и верски групи, а Македонија во сите нејзини територијални делови и општествени сегменти, секако, е еден од водечките примери за овој вид константно опстојување“.

Изложбата ќе биде отворена во Центарот до крајот на месецов, а потоа ќе биде поставена и во Битола, Штип, но и во други градови во земјава. Иако во Македонија се реализира втор пат со две групи уметници, програмата со четири групи уметници се реализира и во Романија. Во двете земји се организираа работилници преку кои уметниците се запознаваат со историските настани од Втората светска војна во Европа. Во Македонија со посебен осврт на планот на уништување на еврејското население, а уметниците се запознаваа со фактите, за да можат да одговорат на нив со уметнички дела.


Статијата е прочитана 618 пати.


Испрати коментар



Роман на годината - „Лазаровата ѕвезда над Њујорк“
Неделна кинопрограма
„Светилка за Ханука“ доби второ издание
„Бледица“ повторно премиерно во Струмица
„Децата на сонцето“ ќе се снима во мај
Благој Нацоски на турнеја во Јапонија

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 7°C

Делумно облачно

Среда
Грмотевици
Макс: 17°C, Мин: 8°C

Четврток
Грмотевици
Макс: 12°C, Мин: 4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Најспектакуларните избори на папи
Најдолгата Конклава траела две години, девет месеци и два дена кога во 1271 бил избран Папата Грегориј десетти...
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“
70. Dionne Warwick, „Walk on by“
Автори: Burt Bacharach, Hal David; продуценти: Bacharach, David; објавена : април 1964, „Скиптер“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |