Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
14.06.2012, 17:53

Бурно во скопскиот Совет околу улиците

Вчерашниот протест на опозицијата мина со скршено стакло и стотина граѓани

Деспина Трајковска



Само уште претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски, вчера не се појави пред бараките на Град Скопје да протестира за одлуката за преименување на улиците во главниот град, за која требаше да се гласа на седницата на Советот. Речиси целото партиско раководство на СДСМ, опозициски пратеници, советници по скопските општини, симпатизери, но и обични граѓани ја окупираа бараката на Советот на Скопје.

Со свирчиња во уста, тропање со пластични шишиња по бараката во која се одржуваше седницата, извикувајќи „Уа“, „Бугари“, „Предавници“, тие го искажаа својот револт од идејата за преименување на некои од улиците. За влакно беше избегнат посериозен инцидент откако некои од стотината собрани граѓани се втурнаа во бараката со желба да присуствуваат на седницата.

Поради присебноста на Игор Ивановски и Емилијан Станковиќ од СДСМ, како и благодарение на обезбедувањето на Град Скопје и на полицијата, протестот мина само со кошкање и едно искршено стакло на влезната врата, при што со мала повреда се здоби еден редар.

За разлика од надвор, пред бараката, внатре на седницата навидум имаше работна атмосфера. Тука им беше дозволено присуство како гости на најавените членови на СДСМ и претставниците на нејзината коалиција. Но, и таму за нецел час атмосферата зовре. Откако мнозинството на Советот не го прифати предлогот на опозицијата да се одложи точката за преименување на улиците, присутните гости и советниците со тропање на клупите и свирчиња оневозможија нормални услови за работа. Со надвикување од говорница, тие најавија дека ја напуштаат седницата, бидејќи не сакале да учествуваат во „срамниот чин кој ќе остане запишан со црни букви во историјата“.

„Оваа насилничка одлука на ВМРО-ДПМНЕ ќе трае само девет месеци, до следните локални избори. Нема потреба да ги менувате вашите лични исправи. СДСМ се обврзува да го ревидира и поништи ова преименување“, порача Софија Куновска, координаторка на СДСМ во Градскиот совет. „Денеска Коце Трајановски, Ирена Мишева и останатите советници на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција, по нарачка на Груевски, влегуваат во едно од најсрамните поглавја во поновата македонска историја. На подмолен начин сакаат да го избришат ликот и делото на оние што ги дале своите животи за нашата држава. Ова е историски геноцид“, дополни Куновска.

Таа пред Советот, образложувајќи го противењето на СДСМ за преименување на дел од улиците, даде забелешка за бришењето на името на Стив Наумов и именувањето на еден мост и улица со Тодор Александров. Искажа револт поради, како што рече, знакот на еднаквост помеѓу Гоце Делчев и Тодор Александров. Куновска посочи дека било бесрамно со името на првиот претседател на државава да се именува улица која се наоѓа на периферијата на Скопје.

„Ако некоја релевантна рецензија на состојбите со улиците утврди дека навистина постои потреба од ваква акција, потрудете се таа да ја завршиме во вистинска процедура, со вклучување експертска помош, на задоволство на граѓаните на кои ве избраа“, рече Куновска пред опозицијата да ја напушти седницата.

Кусо време потоа, без СДСМ, Советот ја усвои одлуката за преименување на дел од улиците. Беше усвоен и амандманот улицата „Ленинградска“ во иднина да го носи името на Стив Наумов.

За вчерашната ситуација реагираа и од владејачката партија. „Не се работи за ревидирање на историјата. Ќе се сменат имињата на оние улици кои не носат имиња на значајни личности и кои сега се обележани со бројки“, рече Александар Бичиклиски. На прашањето дали Тодор Александров треба да добие улица, тој посочи дека јавноста може да го прочита одговорот во научниот труд напишан од еден висок функционер на СДСМ.

Инаку, со усвојувањето на вчерашната одлука, мнозинството на Советот даде зелено светло во оваа фаза да се преименуваат 29 улици и два моста во Скопје. Така, по Тодор Александров, ќе се именуваат една улица и еден мост, каков што е случајот и со Мајка Тереза.

Коце Трајановски не беше на седницата


Опозицијата во Градскиот совет закажа протест за денеска точно напладне на мостот кај „Холидеј ин“, чија реконструкција вредна речиси 2 милиона евра предизвика бура реакции во јавноста.

„Во знак на протест ќе одржиме прес-конференција на мостот со најскапата ограда токму на улицата ’Стив Наумов‘, кој�� за нас секогаш ќе остане ’Стив Наумов“, најави вчера Софија Куновска од СДСМ.

Инаку, градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, вчера не се појави на седницата. Од неговиот кабинет рекоа дека имал неодложни обврски во ЗЕЛС, каде што е претседател.


Грев за херојот

Ни тропските температури вчера не го спречија Трајче Грујоски, носител на Партизанска споменица од 1941 година и претставник на Сојуз на борците, да биде дел од граѓаните што протестираа поради преименувањето на дел од улиците. Видно возбуден и револтиран, гордо истакна дека рамо до рамо војувал заедно со Стив Наумов.

„Ќе кажам само два-три збора. Да живеат борците од НОБ. Бев соборец со Стив Наумов. Тој не умре, тој се жртвуваше за Македонија. Од Господ е грев ова што се прави со неговото име. Ако има патриоти во земјава, треба да се борат Македонија да живее со нејзините херои. Пак ќе речам, грев е од Господа името на Стив Наумов да се преименува со името на крвникот Тодор Александров“, изјави Грујоски со крената цврсто стисна тупаница. (Дс.Т.)

 


Статијата е прочитана 4378 пати.

Испрати коментар



Тачи и Ахмети пак не се сретнаа
Црвенковски на иста маса со Достоинство и ОМ
Лидерски самит без лидери во Белград
Борците обвинија за „атентат“ врз Стив Наумов
Семејството на Глигоров не сака улица со негово име
Интервју - СИРИЗА не сака националистички хистерии
Укинувањето на А2 лоша вест за Брисел
Груевски го пофали договорот
Победа или уште посилен притисок врз медиумите
Селмани



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Ведро

Среда
Ведро
Макс: 31°C, Мин: 13°C

Четврток
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 15°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 9 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Олимпискиот факел од утре во Лондон
Факелот утре со хеликоптер ќе биде спуштен со јаже до „Тауер Бриџ“...
Штрајк на таксистите во Лондон
Таксистите го блокираа сообраќајот поради забраната за користење на т.н. олимписки патеки...
Венлок маскота на Игрите во Лондон
Американски и австралиски олимпијци се „загубиле“ во Лондон
Северна Кореја очекува медал
Добредојде за првите олимпијци

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |