01.04.2012, 17:12 МЗТ Скопје и Фени на чекор до финалето од плејофот
На финалистите во Купот им треба уште една победа против Торус СЦБТ и против Лирија за да се борат и за титулата
И покрај тоа што беа блиску до изненадувања Торус СЦБТ и Лирија не успеаја да направат брејк на терено�� на фаворитите МЗТ Скопје и Фени индустри, кои сега имаат високи 2:0 во полуфиналната плејоф-серија подобар до три (првите меч-топки ќе ги имаат веќе в среда на гостински терен).
МЗТ Скопје славеше со 65:60, а Огнен Стојановски на една минута до крајот ја постигна клучната тројка при израмнет резултат 58:58. Димитар Караџоски намали со реализација на две слободни фрлања, но потоа и Ѓорѓи Чековски поентираше во среќната завршница за домаќините.
„Не одигравме како што посакувавме. Секогаш по освоен трофеј во првиот нареден натпревар доаѓа до пад во играта. Постојано разговаравме на оваа тема. Но и тоа не вроди со плод. Имавме 20 загубени топки и дури 14 офанзивни скока на противникот. Треба да сме среќни што воопшто победивме“, искрено ќе коментира тренерот на МЗТ Скопје, Александар Тодоров, кој ја пофали посебно играта во одбраната на гостите.
Кај МЗТ Скопје четворица кошаркари го завршија мечот со двоцифрен број поени - Чековски постигна 14, Дејвис и Стојановски по 11, а Мијаиловиќ 10.
Кај Торус СЦБТ најефикасен беше Караџоски со 15, Бредли и Рејнолдс со по 11.
Во Кавадараци, пак, на една минута до крајот Лирија беше таа која водеше со 80:77, но домаќинот со поените на Симоновски и на Фрај направи пресврт, и користејќи ги промашувањата на противникот, победи со 84:80.
Струмица испадна од Првата лига
Иако од поодамна беше јасно, по поразот од Вардар со 43.100, АБА Струмица и официјално ја напушти Првата лига и наредната сезона ќе се натпреварува во понизок ранг.
Од друга страна, во Првата лига остануваат Вардар и Кожув. Во последното коло од плејаутот, кое треба да се одигра в среда, во натпревар без резултатско значење, ќе се сретнат токму Кожув и Вардар во Гевгелија.
антиЌ го елиминира мекеЈлеб
Перо Антиќ го доби дуелот со колегата од македонската репрезентација Бо Мекејлеб и ќе игра на фајнал форот во Евролигата благодарејќи на победата на Олимпијакос над Монтепаски од 76:69 во мајсторката. |