01.04.2012, 17:15 „Јагулата“ Мусамбани пак во базен
Ерик Мусамбани (34) пред 12 години речиси ќе се удавеше на Олимписките игри во Сиднеј. На 100 метри ја исплива најбавната трка во историјата. Во Лондон „јагулата“ се враќа како тренер на пливачите на својата Екваторијална Гвинеја.
„Мислев дека нема да издржам последните 15 месеци“, ��зјави тогаш Мусамбани, кој почна да тренира пливање само осум месеци пред Игрите во 2000 година.
Од олимпискиот шампион Питер ван ден Хогебанд беше побавен од повеќе од минута. Четири години подоцна го поправи своето време, но во Атина не отиде поради проблеми со визата. Во Пекинг 2008 година не настапи.
„Мусамбани е нов тренер на репрезентацијата. Стравуваме дека Ерик ќе успее да ја усклади новата обврска со својата секојдневна работа“, загрижени се од Олимпискиот комитет.
А, Мусамбани е во нафтениот бизнис. И пари не му недостасуваат. Но, ја прифати тренерската улога, иако се' уште е лут на сонародниците поради критиките по Сиднеј.
„Тогаш сите ме исмејуваа. А, пред Сиднеј немав видено голем базен. За светот бев херој, а за луѓето дома будала“, кажа Ерик. |