01.04.2012, 17:21 Јаковенко европски првак, Недев 173.
Рускиот велемајстор Дмитриј Јаковенко (рејтинг 2729) е новиот европски шампион во шах. Тој единствен освои 8,5 поени од 11 партии на 13. Европско поединечно првенство што се одржа од 19 до 31 март во бугарскиот град Пловдив, за што му припаднаа 14.000 евра од вкупниот награден фонд од 100.000 евра.
Од четворицата македонски претставници најуспешен беше велемајсторо�� Трајко Недев (2492), кој со 5,5 поени го освои 173. место меѓу 345 шахисти. Интермајсторот Филип Панчевски (2470) со пет поена заврши 205., ИМ Александар Чоловиќ (2436) со 4,5 е 266., а ФИДЕ-мајсторот Александар Стамнов (2184) го напушти турнирот по петтото коло, до кога имаше освоено 1,5 поен.
Tабела: Јаковенко 8,5 поени, Фресне, Малахов, Андрејкин, Инаркиев, Матлаков, Бологан, Валјехо, Криворучко, Аазаров, Најер, Акопјан, Волокитин и Смитс по 8 итн. (Р.Д.) |