01.04.2012, 17:21 Кираџиева со државен рекорд во полумаратон
Весна Кираџиева забележа нов македонски рекорд во полумаратон, освојувајќи го 26. место во женска конкуренција на саботната трка во Прага, каде што истрча време од 1:31,06 часа. Членката на атлетскиот клуб Безбедност го подобри за три секунди досегашниот рекорд на Благица Јованова, поставен на Скопскиот маратон минатата година.
Во Прага настапија уште тројца Македонци и сите остварија лични рекорди. Александар Кираџиев од Безбедност со време од 1:14,54 ч. го освои 36. место кај мажите, клупскиот колега Томе Попчевалиев со 1:26,35 ч. заврши 250., а Тони Димиќ од Работнички со 1:42,47 ч. се пласира на 1658. место.
Стартуваа повеќе од 11.000 натпреварувачи, од кои 8252 ја завршија трката. (Р.Д.) |