01.04.2012, 17:14 Титулата во Мајами за Радванска
Агнешка Радванска, четвртата тенисерка во светот, го освои турнирот во Мајами, совладувајќи ја во финалето Марија Шарапова со 7:5, 6:4, по еден час и 44 минути игра. Радванска го одигра одлично целиот турнир, во кој не загуби ниту еден сет.
Инаку, ова беше 10. дуел меѓу 23-годишната полска тенисерка и Шарапова, која во 11. финале стигна до деветтата титула во кариерата, втора сезонава, по Дубаи. |