01.04.2012, 17:19 Нови 11 великани на македонскиот спорт
На свечената академија по повод 20 години од формирањето на Македонскиот олимписки комитет беа прогласени нови 11 великани на македонскиот спорт за нивните постигнати резултати и за големиот придонес во афирмацијата на спортот во нашата држава. Специјални признанија добија: ��иле Спасовски (кајак), Стојна Вангеловска (кошарка), Дарко Панчев (фудбал), Лазар Лечиќ (кошарка), Горан Србиновски (одбојка), Бранимир Јовановски (стрелаштво), Ванчо Каранфилов (стрелаштво), Реџеп Реџеповски (бокс), Зоран Шоров (борење) и посмртно Војче Синадиновски и Славко Матовски.
|