Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Фељтон Едиторијал Анализа Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Време Хороскоп Што прават денеска
Македонија
03.07.2008, 18:13

Антикорупциска оформи дебело досие за Топилница

Владата два месеца ги игнорира барањата да каже како ги потрошила парите во кампањите

Катица Чангова

Државната комисија за спречување на корупцијата оформи дебело досие за велешка Топилница. По објавениот тендер за продажба и сомневањата за коруптивни елементи, побарани се децидни информации од министерствата за економија и за екологија, како и од стечајниот судија.

„Нашите сензори велат дека има сериозен простор за постапување во случајот со Топилница. Ќе работиме интензивно и ќе ги презентираме нашите сознанија“, вети на вчерашната прес-конференција претседателката на Антикорупциската комисија, Мирјана Димовска.

Повеќе од два месеца Владата ги игнорира барањата и ургенциите на ДКСК за парите потрошени во кампањата „Во каква Македонија сакаш да живееш“.

„Владата не одговори дали кампањата е во согласност со Законот за јавните набавки, дали била предвидена со годишниот план за јавни набавки и за кој период на реализација, дали биле предвидени пари во Буџетот и колку средства се потрошени. Затоа, на 25 мај по втор пат ургиравме до Владата да ги достави бараните информации“, беше речено на вчерашната прес-конференција.

Антикорупциската комисија ги повика политичките партии да кажат колкав медиумски простор користеле за изборите, во кои медиуми, дали имале бонуси. Димовска најави дека очекува од Советот за радиодифузија да го достави конечниот извештај до ДКСК за обемот на платеното политичко рекламирање во изборите, со што, според неа, ќе се утврди колку пари биле потрошени за изборната кампања.

Во текот на изборниот процес најголеми вработувања има во „Проаква“ во Струга, дури 165, седум во РЕК „Битола“ и пет во ФЗО - Струга. За овие вработувања следат натамошни постапувања, најавија од Антикорупциска комисија.

„Од 22 институции кои не го испочитуваа утврдениот режим во текот на изборите, се' уште чекаме одговори за волонтерите кои протестираа на Клиниката за гинекологија и акушерство, за 90 вработувања на определено време во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, од Охридскиот катастар за 13 вработувања, за 20 вработувања во ЈПАУ „Македонија“, како и за 42 вработувања во Заводот за здравствен дом во Тетово“, истакна претседателката на ДКСК.

Јавниот обвинител во Струга бил известен за основано сомневање дека е направен поткуп на избирачи во полза на Партијата за европска иднина, кај месниот одбор во село Подгорци. Во одговорот од струшкиот јавен обвинител се подвлекува дека кривичната пријава се отфрла.

„Интересно е што и во вакво отфрлачко решение не е негирано дека имало елементи за поткупување на избирачите на теренот“, појасни Димовска, најавувајќи дека за случајот писмено ќе биде известен државниот јавен обвинител.

Антикорупциска ќе иницира постапка за кривично гонење на двајца поранешни градоначалници на Општина Студеничани, Ештреф Исени и Азем Садики, поради основано сомнение дека сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување. Исени и Садики склучиле штетни договори, при што за себе и за други злоупотребиле 18 милиони денари општински пари.


Статијата е прочитана 984 пати.

Испрати коментар



Трговците и државните фирми доцнат со патриотските сметки
Во средно не се запишаа 12.000 полуматуранти
Признанија за добро управување за Царината, МАПАС и Велес
Прва албанска паралелка во велешка гимназија
Кузев нов претседател на битолска Апелација
Тетово се збратимува со турскиот град Коња
Спас за измамените од „Фи-ком“ е нов инвеститор
Регистрирањето возила поевтини 5 отсто, а не 30
Тетовци и охриѓани го празнуваа Св. Наум



Kiril, 04.07.2008 08:30:01
Antikorupciska da ja ispita rabotata na Kocevski,Jakimovski i SDSM za zatvoranje na Topilbicata vo 2003g.i stecaj od 1999.Sto tie baraa.Inace sega se prodava Topilnica vo koja se topi ruda od 3 rudnika vo Makedonija,Sasa,Toranica i Zletovo.So otvoranje na istata ke obezbedat korka leb.120.000 ziteli na Makedonija.Topilnicata imase 5000 kooperanti vo Maedonija.Sto znaci nejzinoto otvoranje,proverete sami.Kupuvacot mora da gi zadovoli eko standardite a ne apetitite na Gradonacalnikot na Veles.
jas, 04.07.2008 10:01:27
se znae deka topilnicata ke obezbedi korka leb za nogu gragjani no ne po sekoj acena da se otvori vo Veles tuku na nekoe nenasekeno mesto, Kiril ti sigurno ne znaes kako e da se zivee vo Veles, da se ima sekojdnevno zdravstveni problemi, da se gledaat deca so posebni potrebi i se toa predizvikano od topilnicata. Sto ako se stavaat eko filteri koga tie nema da bidat na zadovolitelno nivo. Inaku ja podrzuvam zelenata koalicija koja e PROTIV povtorno restartiranje na topilnicata
prijatel 0407.2008, 04.07.2008 12:09:19
Кирил лаже оловото од трите рудника во македонија не се топи во велес.Тие мангупи што ги разоткри Стевче Јакимовски носеа прљави и нечисти концетрати од јужна Амрика го труеа велекиот народ, атие правеа профит.Ако има храброст во што неверувам Антикорупционерите многу нешто ќе откријат тука се крие криминалот на столетието.Кој е на чело на таа група прашајте го министерот за правда Маневски.
03.07.2008, 15:56

Претходен број

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 24°C

Ведро

Сабота
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 10°C

Недела
Делумно облачно
Макс: 29°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (18)
Ранковиќ на удар на Јованка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Да се потсетиме на „Скопј�� во 90-тите“ во МКЦ
На платото пред МКЦ во сабота од 20 часот ќе се одржи целовечерен настан инспириран и посветен на 1990-тите години ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Фељтон | Едиторијал | Анализа | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Време | Хороскоп | Што прават денеска |