Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Фељтон Едиторијал Анализа Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Време Хороскоп Што прават денеска
Македонија
03.07.2008, 18:14

Признанија за добро управување за Царината, МАПАС и Велес

Царинската управа на Македонија, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) и Општина Велес се трите институции кои најуспешно ги применуваат принципите за добро управување, за што вчера добија признанија и парични средства од Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФИООМ), во рамки на проектот „Процена на потенцијалот за добро управување“.

Гордана Дувњак, претседател на Управниот одбор на ФИООМ, истакна дека со проектот сакале да направат процена на потенцијалот на државните институции и на сите што носат важни одлуки кои влијаат на квалитетот на нашето живеење. Драгољуб Арсовски, претседател на жирито, рече дека прашањата опфатени во проектот биле направени на начин преку вкрстени одговори да се дојде до резултатноста и точноста на информациите во владеење на управувањето.

Директорот на Царинската управа, Ванчо Каргов, најави дека средствата добиени преку проектот (10.000 долари) ќе бидат насочени за обезбедување нов метод и можност за едукација на вработените, додека, пак, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, рече дека средствата ќе бидат искористени за реконструкција на младинскиот парк.

Во МАПАС, како што рече директорката Зорица Апостолска, средствата ќе ги искористат за обука за обезбедување добро управување според светските стандарди и добар капацитет во стручниот кадар. (П.Р.)


Статијата е прочитана 985 пати.

Испрати коментар



Трговците и државните фирми доцнат со патриотските сметки
Во средно не се запишаа 12.000 полуматуранти
Антикорупциска оформи дебело досие за Топилница
Тетово се збратимува со турскиот град Коња
Прва албанска паралелка во велешка гимназија
Кузев нов претседател на битолска Апелација
Спас за измамените од „Фи-ком“ е нов инвеститор
Регистрирањето возила поевтини 5 отсто, а не 30
Тетовци и охриѓани го празнуваа Св. Наум
03.07.2008, 15:56

Претходен број

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 27°C, Мин: 11°C

Недела
Ведро
Макс: 29°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (18)
Ранковиќ на удар на Јованка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Да се потсетиме на „Скопје во 90-тите“ во МКЦ
На платото пред МКЦ во сабота од 20 часот ќе се одржи целовечерен настан инспириран и посветен на 1990-тите години ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Фељтон | Едиторијал | Анализа | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Време | Хороскоп | Што прават денеска |