Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Фељтон Едиторијал Анализа Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Време Хороскоп Што прават денеска
Македонија
03.07.2008, 18:14

Во средно не се запишаа 12.000 полуматуранти

Пријавувањето во вториот уписен рок ќе се спроведе на 20 август

На второто пријавување од првиот уписен рок што се реализирана 1 и 2 јули за 16.139 слободни места во средните училишта се пријавиле 5.594, а се запишале 4.302 ученици. Во двете пријавувања од првиот уписен рок се пополнија 21.496 места, а слободни места остануваат уште 12.030.

„За вкупно 16.139 слободни места во јавните средни училишта во Македонија во второто пријавување на 1 и 2 јули се пријавиле вкупно 5.594 ученици, од кои 3.217 за настава на македонски наставен јазик, 2.152 на албански и 187 ученици на турски наставен јазик, како и 38 повторувачи“, соопштија вчера од Министерството за образование и наука. Оттаму велат дека на 1 и 2 јули се запишале вкупно 4.302 ученици, од кои 2.888 ученици за настава на македонски наставен јазик, 1.265 за настава на албански јазик, 111 на турски наставен јазик и 38 повторувачи. Во вкупниот број на запишани ученици не се пресметани и учениците од уметничките училишта, бидејќи полагаат дополнителни испити.

Во двете пријавувања од првиот уписен рок вкупно се запишале 21.496 ученици, од кои 16.408 за настава на македонски наставен јазик, 4.674 за албански наставен јазик, 297 на турски наставен јазик и 117 повторувачи.

Во Министерството за образование појаснуваат дека остануваат слободни вкупно 12.030 места во средните училишта, а празни места има во училиштата во сите општини.

Најголем број слободни места има во скопските училишта: „Михајло Пупин“, „8 Септември“, „Марија Кири Склодовска“, „Владо Тасевски“, „Михајло Пупин“ и „Здравко Цветковски“, но и во неколку други училишта.

Пријавувањето во вториот уписен рок ќе се спроведе на 20 август, а резултатите ќе бидат објавени на 21 август. Но, од Министерството најавија дека уписите ќе се пролонгираат до крајот на август. (Ж.Х.З.)


Статијата е прочитана 1342 пати.

Испрати коментар



Трговците и државните фирми доцнат со патриотските сметки
Признанија за добро управување за Царината, МАПАС и Велес
Антикорупциска оформи дебело досие за Топилница
Тетово се збратимува со турскиот град Коња
Прва албанска паралелка во велешка гимназија
Кузев нов претседател на битолска Апелација
Спас за измамените од „Фи-ком“ е нов инвеститор
Регистрирањето возила поевтини 5 отсто, а не 30
Тетовци и охриѓани го празнуваа Св. Наум
03.07.2008, 15:56

Претходен број

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 10°C

Делумно облачно

Недела
Ведро
Макс: 29°C, Мин: 11°C

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 22°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (18)
Ранковиќ на удар на Јованка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Да се потсетиме на „Скопје во 90-тите“ во МКЦ
На платото пред МКЦ во сабота од 20 часот ќе се одржи целовечерен настан инспириран и посветен на 1990-тите години ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Фељтон | Едиторијал | Анализа | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Време | Хороскоп | Што прават денеска |