Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Што прават денеска
Политика
27.09.2009, 18:35

Грешки има и во Британика

Енциклопедија Британика, една од најпопуларните истражувачки алатки на денешницата, исто така, имала свои подеми и падови. Силниот критицизам кон оваа светска енциклопедија се развил кон нејзиното 11. од вкупно 15 изданија. Критиките, главно, ја обвинувале енциклопедијата за буржоаско и старомодно размислување за науката, уметноста и социјалните прашања. Најголема прашина се крена за омаловажувањето на работата на Зигмунд Фројд, а коментарите биле дека енциклопедијата не е одраз на тогашната генерација и атмосфера. Некои од критиките никогаш не биле прифатени, ниту биле извршени бараните корекции.

Критики има и кон последното во печатена верзија, 15. издание, и тоа за неконзистентност во некои од содржините и за негативно портретирање на хиндуизмот. Едно од поголемите промашувања по кои се памети Енциклопедија Британика е квалификацијата за познатото расистичко движење против Црнците во САД Кју Клукс клан - за кое контрибуторот напишал дека има функција на заштитник на белата раса и обновувач на редот и дисциплината на американскиот Југ по граѓанската војна.

Марија Кири, познатата двократна нобеловка за физика и за хемија, настрадала под налетот на сексизмот во Енциклопедија Британика, бидејќи и покрај своите научни достигнувања не „заработила“ место меѓу познатите и славните. Наместо тоа, Кири добила само два реда на крајот на биографијата на нејзиниот сопруг Пјер Кири.

Познатата светска енциклопедија била критикувана и за непрецизност или за неточност, па дури еден период едно од нејзините изданија предизвикало еден од критичарите да напише книга под наслов „Дезинформирање на нацијата“. „Њујорк тајмс“ во почетокот на минатиот век ја опишал Енциклопедија Британика како „плукачко четиво“. Имало и обвинувања дека е цензурирана од Римската католичка црква.

Во изминатите три години Енциклопедија Британика доживеала ревизија на 40 отсто од нејзините содржини. Нејзините он-лајн верзии се под постојани преправки се' со цел да бидат во тек со брзиот развој и менувањето на ситуациите. (С.К.)


Статијата е прочитана 1735 пати.

Испрати коментар



Заедничкото училиште во Прељубиште некому му е трн в око
Државата се мисли за наставата на македонски во Франција
Што велат енциклопедиите за Албанците



pepo, 28.09.2009 08:24:53
A zasto ne pro4itate kakvo pise v Britanika za Samuil,i drugi vidni makedonci ?
citatel, 28.09.2009 08:46:54
Super, znaci i nie mozeme da pravima namerni i nenamerni greski. Nekogo da go falime a nekogo da go ocrnime, begajki od realnosta. Daleku od sekoe normalno razmisluvawe
Redaktor, 28.09.2009 09:02:39
Ako vrsat revizija i preredaktiranje na Enciklopedija Britanika, neka go zemat za glaven redaktor Nlazeta Ristovski, i za cas ce im ja sredi po tamam.
тга за југ, 28.09.2009 09:24:01
Изгледа некој намерно ни уфрла за потреба да вршиме ревидирање на енциклопедиското.Колку ние се согласуваме со наводите?Најбитно,како ќе се поставиме и коипозиции ќе ги завземеме пред пишувањето на најновата светска енциклопедија.И згора на се ,дали ќе ги исполниме после тоа ,најновите критериуми.Ако е така треба не во Гинис,туку и во енциклопедија да ни се стави,покрај другото,дека сме (не сме билке,оти тоа оди до бескрај),народ(народи),со најголема способност за маратонско исполнување на критериуми.Експериментален примерок,колку една популација може да издржи,за да остгане нормална,а да не примети дека патот по кој трага,одамна веќе тие од другата страна го прогласиле за беспаќе.Народецу од ова парче земја.Што побргу,додека постојат трагите да си се вратиме дома,сепак е подобро,одколку неизвесноста,која умешно ни се задкрива зад паравбанот,за кога ќе стигнеме,да бидеме разочарани.
Red Rose: Uteshenie greshnim, 28.09.2009 10:41:12
Mala uteha e ako se rehabilitirame soglasno tugjite greshki.Vo nashiot sluchaj e sporno toa shto chovekot koj e poznat po izrekata za "Judin baknezh"(kon Kljusev),od poznatite lukrativni i servilni prichini,kako i sekogash se stavi vo uloga na "dechkoto ja izvrshi zadachata".Glumenjeto ludilo na Grujo,koj nikogash nishto ne znae ako neshto predizvikalo negativni reakcii,e so namera da se ispere pred svetot,iako poddrzhuva se napishano.Najvazhno e shto ligavcite i potpikuvachite mu dodelile povekje prostor i znachenje od Branko,negovata nokjna mora,iako nezasluzheno od aspekt na pridones (so iskluchok na negativniot) vo site godini samostojnost.azhno e shto se nagradeni i poslushnicite od vmrovska proviniencija,vklucheni nezasluzheno od nauchen aspekt da pishuvaat takvo delo.Toa e rezultatot na sramniot n-ti "uspeh" na vmrovskoto podprosechuvanje na se shto kje im dopadne do race.Remontot na kvalitetot vo MKD na site polinja se odviva udarnichki,petokolonashki i primitivistichki.
Кенгур од Земјата на Зајдисонцето, 28.09.2009 11:17:16
до: pepo -Веднаш да се јавите у амбасада у Junajted Kingd`m да protestирате за King Семјуел, (Аарон и Давид) чисти б`лгарски македонци, по имињата (се гле`а), з`ш пишале по грешка у Britanika Enciklopedi оти тој е в`в служба на Б`лгарската stejt и з`ш не о`ел по stritot!
Biljana, 28.09.2009 15:34:15
Razlikata pomegju dvete enciklopedii e samo sto ednata se izdava vo zemja kade sto se znae na koj kade mu e mestoto t.e. koj ima pravo da kritikuva, a vo drugiot slucaj e vo zemja kade sekoj eden malku da se osekja navreden odma ja krivi i vlada i drzavata i ili protesti ili oruzje ili placenje på tugji ambasadi itn. Zaklucok: Enciklopediiete sekojpat se predmet na kritika i revidiranje ( i nasata i sosednite i evropskite i svetskite) NO nasiot prost narod koj lesno se manipulira od politicki celi se razlikuva mnogu od eden evropski "demokratski narod" koj se bori za svoite licni covekovi prava t.e. rabota, egzistencija, dobar zivot, itn...TUKA E RAZLIKATA

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 22°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 30°C, Мин: 13°C

Среда
Ведро
Макс: 31°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Древната поделба во исламот ги распламтува конфликтите на Блискиот Исток
Се започна со повикот за слобода на Блискиот Исток, но арапските востанија се повеќе стануваат карактеристични по праста...
Витаминот Б3 и „супербактеријата“
Нова студија сугерира дека витаминот Б3 може да помогне во борбата против најсмртоносната бактерија во светот, позната и...
„Рејбан“ – 75 години култен моден додаток
Ниту една ѕвезда ниту рекламна кампања не постигнала толку голем маркетиншки ефект за очилата за сонце „рејбан“ како фил...
Марио Драги ги осоколи берзите
Европската централна банка ги охрабри инвеститорите со мерките за спречување на должничката криза...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Што прават денеска |