27.09.2009, 18:35 Што велат енциклопедиите за Албанците
Можеби и најголем проблем е што во Македонија главните полемики повторно се насочени кон минатото наместо кон иднината
Ерол Ризаов
Неколку определници за Албанците во првата Македонска енциклопедија од нивната подалечната и поблиска историја предизвика лавина од реакции. Дали случајно и ненамерно се погрешени, дали се производ на предрасуди и националистичка оптовареност на авторите, дали се осмислена политика за заострување на меѓуетничките односи во Македонија како дел од една подлабока стратегија за поделба на Македонија, која од поодамна се лансира од одредени политички и научни средини се прашања кои ја преокупираат македонската и албанската јавност.
За ненамерна грешка тешко може да стане збор, бидејќи и главниот редактор на Македонската енциклопедија, Блаже Ристовски, и приредувачите, иако не се компетентни за делот од албанската историја, сепак, мошне лесно имале пристап во голем број научни трудови од признати и угледни албанолози, меѓу кои има и Македонци, но и од голем број светски угледни енциклопедии во кој се разработува потеклото, јазикот, историјата и животот на Албанците. Најверојатно, не станува збор за случајности, ненамерни грешки или, пак, за недостиг од квалификувани луѓе кои можат овие определници да ги стокмат со енциклопедиски јазик.
Во второто издание на Енциклопедија на Југославија, печатена 1983 година, во определниците Албанско-југословенски односи и во определницата Албанци изненадувачки научно се дадени податоците за Албанците на целиот Балкански Полуостров. Велам изненадувачки поради познатите стереотипи спрема Албанците во бивша Југославија, особено во периодот од раните 80-ти до 90-ти години од 20 век. Во такви услови една Енциклопедија на Југославија високопрофесионално со енциклопедиски јазик ги соопштува податоците за албанскиот народ. Оваа енциклопедија, објавена и на македонски јазик како прво издание, има еминентни редакции од сите републики и покраини на Југославија, кои во една сложена процедура ги одобрувале текстовите за објавување во најугледниот Лексикографски завод на Југоисточна Европа, а тоа е тогаш Југословенскиот лексикографски завод од Загреб, кој сега го носи името на Мирослав Крлежа.
Еве дел од македонската редакција која учествувала во подготовката на Енциклопедијата на Југославија и во организацијата на определниците за Македонија. Главен уредник во редакцијата за Македонија е д-р Харалампие Поленаковиќ, академик на МАНУ, уредници по струки се Михајло Апостолски, претседател на МАНУ, д-р Ксенте Богоев, д-р Евгениј Димитров, д-р Ханс Ем, д-р Владо Ивановски, д-р Иван Катарџиев, Блаже Конески, Димче Коцо, Љубен Лапе, Матеја Матевски, Галаба Паликрушева...
Во определницата Албанско-југословенски односи. Ран период, пренесено во најкратки црти, пишува: Словените со Албанците морале да дојдат во непосреден допир набрзо по доселувањето на Балканскиот Полуостров, но за тие најрани односи не се зачувани никакви податоци. Посебни заклучоци можат да се изведат од заемните јазични влијанија во тој ран период. Етниконот Арбанаси и името на земјата Рабан, изведено од арбан (ум), затврдени меѓу балканските Словени, сведочат за тоа дека пределот Арбану, пошироката област на Круја, го претставувала јадрото на нивната најстара територија.
Во истата Енциклопедија на Југославија во определницата Албанци (алб. Schqiptaret). Име, пишува: Shqiptar е поново национално име, стариот назив е Arber, Arben, Arberesh. Во вториот век Клавдиј Птоломеј го забележал во мапата на светот името на илирското племе Албанои и градот Албанополис на подрачјето на денешна средна Албанија. Стариот облик на името бил во употреба најпрвин во средна Албанија, а со текот на времето станал општонародно име на Албанците во периодот пред Скендер-бег; денес се употребува во јужна Италија и Сицилија, Грција и во Арбанаси крај Задар. Во грчкиот и латинскиот облик е содржан староилирскиот топоним - кај Србите е забележан Рабан (12 век), Арбанаси (14 век), Арнаут, а во народниот јазик Арбанас; во бугарскиот народен јазик Арбанану; во старороманскиот Арбанас; кај Турците - Арнаут, Арнавут. Тргнувајќи од обликот Арб - (не Алб) и домашните извори кои Арбен го идентификуваат со зборот поле, рамница, научниците истакнуваат дека тоа име е блиску до латинското Арвун: нива, поле, и старогрчкото Ароура: нива, земја, воопшто. Новото име за народот Шкипитар, а за земјата Шкипери (Шкипни) повеќе се употребува меѓу Албанците во периодот на османлиската власт. Тоа пошироко се употребува во 18 век, а доминира во 19 век кога се формира албанската нација и настанува нејзината национална преродба.
Јазик. Албанците се еден од најстарите народи на Балканот, меѓутоа, според зачуваните податоци, првите албански јазични споменици во историјата на албанскиот јазик се јавуваат мошне доцна дури во 14 век, а првата печатена книга во 16 век. Од првите јазични споменици, највредни се одломката од Велигденското евангелие (образец на крштавање од 1462 година) со особини на говорот на средноалбанската покраина Мат, албанскиот (арбанаски, арбанашки, арбански)јазик е член на големата индоевропска јазична фамилија, достигнувањата што се остварени во текот на еден век во индоевропската компаративна лингвистика овозможија поточни и посигурна определеност на тој јазик во кругот на индоевропската јазична заедница. Бидејќи нема текстови на илирски јазик, лингвистите се присилени тој јазик да го проучуваат врз граѓа што по својот карактер недоволно го открива, т.е. врз личните имиња, имињата на племињата и местата што се зачувани на грчките и латинските натписи и во текстовите на античките автори. Лингвистичките, етнолошките, археолошките и другите истражувања упатуваат на илирско потекло на албанскиот јазик.
Настанување и развој. Албанците како народ почнале да се формираат во раниот среден век. Додека Илирите од северниот Илирикум се стопиле во Словените, во повеќевековен процес, дел од Илирите од јужниот Илирикум нашол прибежиште во побезбедните краишта на југот на Балканот, и од нив водат потекло Албанците. Гледиштето на илирското потекло на Албанците не го оспорува присуството на грчкиот, словенскиот, влашкиот, подоцна на турскиот елемент и на другите етнички елементи и нивно учество во процесот на создавањето на албанскиот народ во средниот век. Таквиот развој може да се поткрепи од филолошкото, археолошкото и етнолошкото истражување.
Во светски познатите енциклопедии речиси нема разлики од она што се констатира во определниците на Енциклопедија на Југославија. Така, на пример, во познатата Енциклопедија Британика во определниците за Албанците стои: „Албанците се потомци на Илирите, антички индоевропски народи кои живееле во Централна Европа и мигрирале кон југот во почетокот на железната доба“. Исто така, во Британика во делот Албанци - (историско потекло): „Потеклото на албанскиот народ не е дефинитивно познато, но податоците извлечени од историјата и од лингвистички, археолошки и антрополошки студии водат до заклучокот дека Албанците се директни потомци на Илирите, транзицијата од Илири кон Албанци очигледно се случила помеѓу 4 и 6 век. Некои автори, сепак, не се согласуваат со ваквите тези, аргументирајќи дека Илирите биле не само автохтони за Албанија и албанските деривати од дијалектот на сега исчезнатиот тракиски јазик“. Илирската култура се верува дека еволуирала од камената доба и се манифестирала на територијата на Албанија кон почетокот на бронзената доба околу 2000 година пред нашата ера. Илирите не биле униформно тело на народ, туку конгломерат на многу племиња кои го населиле западниот дел на Балканот. Генерално, Илирите на високите предели на Албанија биле поизолирани отколку оние во низините и нивната култура еволуирала побавно - разлика која опстојува низ целата историја на Албанија.
И познатата енциклопедија на Интернет Википедија пишува за потеклото на Албанците. Потеклото на Албанците веќе подолго време е спорно прашање меѓу историчарите. Поголемиот дел од нив заклучуваат дека се потомци на популацијата на праисториски Балканци, како што се Илирите, Дакијците и Тракијците. Малку е познато за овие народи, па тие се измешале меѓусебно во трако-илирски и дако-тракиски контактни зони дури и во антиката. Албанците првпат се појавуваат во историските записи на византиски извори во доцниот 11 век. Во ова време тие биле целосно христијанизирани.
Сето ова можело и требало да се има предвид, бидејќи претставува екстракт од научни истражувања на стотици угледни албанолози и историчари. Втор, сериозен, можеби и најголем проблем е што во Македонија главните полемики повторно се насочени кон минатото наместо кон иднината. Политиката наместо да ги стимулира нишките на заедништво, поттикнува раздор.Повторно со запострување на односите мегу Македонците и Албанците се отвара Пандорината кутија со идеите за поделба на Македонија. Тоа предизвикува мобилизација на Албанците и Македонците што мириса на опасна предизборна доктрина со далекусежни последици. Ако работите излезат од контрола, што е мошне лесно во вакви напрегнати односи, крајниот резултат може да биде одложување на приемот на Македонија во НАТО, одлагање на датумот за преговори за влез во ЕУ, формирање на паралелна Албанска академија на науките, што ќе значи нов увод на заострување на односите до граница на конфликти и делби.
За утеха на Албанците може да биде она што допрва ќе се случува со македонската енциклопедија. Веќе првите навестувања по посериозно читање и проучување укажуваат на многу големи грешки и кај Македонците и македонската историја и култура. Оптовареноста со дневна политика произведува грешки не само кај другите народи и соседите, туку и кај сопствениот народ. Одредниците за македонските преродбеници кои ги удриле темелите на современата македонска држава и нација и кои се жртвувале за тоа во 19 и 20 век, се срамно помали и минимизирани во однос на денешните политички преродбеници и нивните апологети. Дневополитчикиот аршин кон својот народ и култура и национализмот кон другите народи е влезен на голема врата во македонската енциклопедија. Нема да биде изненадување, кога сето тоа ќе се види и македонските научници да бараат целосно повлекување на енциклопедијата која не само што не може да го носи префиксот македонска, туку уште помалку да биде енциклопедија на Македонија. |
|
Статијата е прочитана 5383 пати.
|
Испрати коментар
|
|
kris, 28.09.2009 00:14:27 | "Можеби и најголем проблем е што во Македонија главните полемики повторно се насочени кон минатото наместо кон иднината" -Greska si gospodine, najgolem problem e sto od mnogu strani se manipulirase so minatoto itoa za nekoi providlivi celi vo idninata! Bez rascistuvanje na minatoto, NEMA IDNINA !!! |
| Gligor, 28.09.2009 00:20:16 | Taka e, mozebi minatoto ne e vazno. No me cudi zosto do 2001-va bradi nosea najcesto VMR-ovci i ponekoj umetnik a albancite ne. A posle 2001-va bradi nosat mnogu albanci, zenite im nosat feredzinja a VMR-ovcite nemaat bradi i se doterani so odela kako biznismeni. Sto e rabotava ? |
| sharri, 28.09.2009 00:45:25 | sum gord shto sum albanec,a nie albancite sme svesni za tie shto go napishale ta enciklopedija deka sakat neshto aman nema da uspeat. |
| Itar Pejo, 28.09.2009 00:45:44 | Ni Rizov ni Sveti Rizov ne moze da zabranuva naucni dela. Ako Blaze napisal deka indijancite vo 18 vek se naselile vo Amerika i nasilno gi izbrkale kaubojcite, toa e nauka. Zatoa sto toa go napisal eminenten naucnik. |
| Јас од струга, 28.09.2009 00:50:24 | Аферим Ероле нема коментар за овај напис а овија токмаци од МАНУ Не можат вода да носат//Брррррррррррраво |
| Kultiviran Balkanec, 28.09.2009 00:51:46 | Analizata na germanskiot slavist i balkanist Stefan Troebst izgleda deka e aktuelna i denes: Istoriografijata vo SR Makedonija sporedena so istoriografiite na sosednite balkanski drzhavi i jugoslovenski republiki e na mnogu nizok stepen. Taa ne producira ni analizi ni sintezi, tuku samo stavovi. |
| nacional-patriot, 28.09.2009 01:43:27 | Avtorot na ovoj tekst se povikuva na jugoslovenskata i britanskata enciklopedija kade imaat mnogu netocni informacii i ne samo na ovaa tema, tuku pogresni informacii i za drugi narodi vo svetot i greski vo drugi oblasti.Vo drugi enciklopedii,vo knigi,vo trudovi se ima informacii od poizdrzani izvori. |
| stavre vojvoda, 28.09.2009 01:50:17 | Eve uste dokazi za potekloto na naseto najbrojno malcinstvo. I ovde vo svetskite encikolopedii nema nikakov dokaz za nivnite tvrdenja. Pa ne znaci deka denesnite Egipjani (muslimani) se sarosedelci, deka Palestincite ( muslimani) se direktni potomci na starite Filestinci, deka Irancite (muslimani) se potomci na starite Persijci......Ne znacu ako si se doselil na taa teritorija ili (nekoj ve donel), da ste potomec na domorodniot narod. Istoto vazi i za Grcite i za nas Makedoncite. Dajte nauka, dokazete go toa sto go tvrdite, a neso vasite poznati zakani...so toa se dokazuvate deka ne ste potomci na starite Iliri.. |
| George, Toronto Kanada, 28.09.2009 02:02:02 | Pochituvan G-dine Rizaov, interesno bi bilo da ja komentirate statiata na Akademikot V.A. Chudinov : "Shkoder kak drevnjaja Troja Chast 2 Ilirija' od 22 septevri objavena na sajtot www.runitsa.ru, vo koja megju drugoto avtorot zakluchuva " ... Sledovateljno, nikakogo etnosa albancev tut i v pomine ne bilo". |
| Kicevijata, 28.09.2009 02:19:48 | Албанците во Кичевијата да ви кажам дека се срби,македонци,хрвати,црногорци,а да имаше и маџарки...е се тоа е составот на Албанците..сите се испоженија со тие цитирани народи...Да Бачиштаните се од Егејска Епир.....Заклучок кој народ не е мешан само будала може да верува.Брака Македонци и браќа Албанци нека не ве лажат политичарите да се мразиме...Дај видете дома мајкави,нели е србинка,маџарка,босанка,да имаше во Зајас и ромки омажени...во 7О тите години..сега сигурно се тоа луѓе на свои 4о години,нивните деца....А,мајката на АА пошто е од Стагомиште,тие тамо се торбеши македонци....и сега што Чувајте е Македонија а бидете со добри односи со Албанија,оти Македонија ви е родна земја..не можете да живеете ни вие ни ние без вас.Блаже не напишал ништо лошо,а мислам дека ни тоа не е точно...Александар Македонски го донесол Албанците...од Персија.....нели тоа го велеа самите албанци до вчера...Ај доста национализам простотилок...Пари му треба и добар живот и на албанецот и на македонецот. |
| DIMA, 28.09.2009 02:41:34 | Enciklopedija na Jugoslavija????hahahhaha,oti ne go spoenavte delot vo taa Enciklopedija koga stanuva zbor za brakata sv.Kiril i Metodij,vo koja enciklopedija se spomnuva slednoto:Brakata se rodeni vo Solun i se po poteklo spored edni informaci Vizantijci,a spored drugi Grci,a nitu zbor deka se Makedonci!Ako zboruvame za PROPAGANDA i nevistina togas ke ja najdite 100% vo taa podobro kazana SMESNA enciklopedija na Jugoslavija!! |
| mitko za nasite ilirski pleminja, 28.09.2009 05:46:44 | Kolku napisa bez glaven zaklucok. A zaklucokot e sleden: celiot Balkan bil naselen so Iliri koi potoa se pretopuvaat vo dojdenite Slavjani, Grci i sl. Znaci koga Slavjanite dosle tuka vo Makedonija tie navistina naisle na Iliri koi tuka ziveele. No tie Iliri se stopile so Slavjanite. Albancite navistina se po poteklo Iliri, no tie poteknuvaat od Ilirskoto pleme koe bilo locirano vo Epir (navedeniot Albanopolis). Seto ova znaci deka Albanoite nemale mnogu vrska so drugite Ilirski pleminja koi gi imalo niz celiot Balkan. I deka tie najverojatno se naseleni tuka vo Makedonija vo 15-tiot vek. Ne e pravilno sto Albancite kako svoi gi svojataat site Iliri, zatoa sto Ilirskite pleminja teritorijata na segasno Skopje Tetovo i sl se NASI pretci a ne nivnii. Aleksandar (najverotno) i Justinijan imale vo sebe Ilirska krv, ama ne i krv na plemeto Albanoi, tuku na ilirskite pleminjata koi ziveele na teritorijata na segasna Makedonija. |
| Petre, 28.09.2009 07:36:16 | neznam dali e taka...Srbija ja nametnuvaat teorijata deka albancite od Kosovo se muslimanizirani pleminja doseleni so Turcite, pa po egzodusot na srbite od Kosovo, poznatata " Seoba Srba" tie se naseluvaat vo Kosovo; od druga strana ima teorii deeka albanskiot jazik ima koreni od etrurskiot, mnogu star romanski jazik..
Vo sekoj slucaj, ako albancite se Avtohtoni vo Makedonija togas se Avtohtoni i vo Kosovo, Juzna Srbija, Crna Gora, zapadna Grcija... NE moze da bidat Avtohtoni samo vo Makedonija a vo sosednite drzavi da gi tretiraat kako muslimansko malcinstvo ( Grcija) |
| Zoran, 28.09.2009 08:02:35 | Samo edno mi stana jasno po enciklopedijava: Albancite obedineti, a Makedoncite povtorno razedineti. |
| pogled, 28.09.2009 08:16:57 | 1. Квалификативот “Планинци“ за Албанците ВО просторот на Македонија нема историска основа. Во народната меморија во западна Македонија,најповеќе се познати како Аранути. Напротив, квалификативите “планиници“ и “рамнинци“ повеќе е присутен помеѓу самите Македонци, со свои негативни конотации. Македонија е претежно планинска земја (Мариово, Маврово, Дримкол, Малесија, Дебарца, Малешевија и др. области) и таква квалификација од Македонците, за друг народ, не е можна. 2. Напротив, Албанците во Република Македонија претежно живеат во рамнински места. 3. Факт е дека после плуралистичкиот живот и демократизацијата на општеството научивме дека името Шиптари е навредливо за Албаниците во Македонија. Ако е така, тогаш тоа треба да се почитува, бидејќи тие се наши сограѓани. Тогаш, што мајка бара тој назив во првата Македонска енциклопедија. |
| Velimir Cvejic, 28.09.2009 08:23:22 | Rizaov se povikuva na Enciklopedija od sedamdesetite godini, bidejci za da se objavi vo 1983 podatoci se obrabotuvaat makar dest godini. A toa e vreme na ideoloska kontolota vrz umot. Da smeele naucnicite vo 1955 godina da ja napisat vistinata deka Tito bil kontraverzna lisnost, bidejci e doden od politicko podzemje, togas bi zivele vo slobodata na vistinta, pa ne bi se slucila vojnata, so 200 iljadi ubieni, a sega od 22. miloni ziteli na togasnata golema i ugledna drzava zadovolni se dva milona, dodeka 20 miliona nesretni, bidejci ziveaat na mostot koj se narekuva "Tranzicija". Znaci, do kolku ne moze da se kaze vistinata nie se uste ziveeme spoerd cefot na poedini lideri, kojsto licno pogodeni se zakanuvaat so vojna. Medjutoa, kako sto Tito stanal najdobar polticar-menadjer, i Ahmeti toa do sega go pokaza, pa bi bilo dobro da najde duhovna sila za dijalog so naucnicite, koisto sigurno nemaat politicki, potocno za ovi priliki, politikanski sens. No, so dijalog ke moze da se ublazi. |
| od prva raka, 28.09.2009 08:42:41 | Nikade na svetot ne e kako doma.
Na nasite deca samo nie mozeme da im dademe dovolno leb.;Drug samo vo kance,i na linija.'
Naivnosta treba ba prestane,oti navistina ke pokazeme deka ne sme dostojni potomci na narodite od ovie prostori,koi znaele da se umno izvlekuvaat od sekoga postojnite "probni baloni"Iako nasite deca ,se razgaleni,neposlusni,lesno podlozni na manipulacii,nikoj poveke nema da gi zali i oplakuva,nedaj Boze,od samite nas.Koj toa denes gi trie racete od zadovolstvo,posle ovaa euforija.Se laze,ako misli deka ke mu pomine.Narode,zivotot e prekratok za da si ugodime sebesi,a predolg za da mu ugime nekomu drugomu.Zatoa site mna rabota za korka leb,podobro,odkolku da pitacime eden den,pred nekogo.Uste li ke pomestuvame planini? |
| Mene do Vas, 28.09.2009 08:53:58 | I jas sum gord Makedonec koj znae deka so podelbite i krcmenjeto na Makedonija medju sosedite mnogu Makedonski familii bea prinudeni da go napustat svoeto staro ogniste. So parcenjeto na Makedonija iljadnici ognista zgasnaa vo oblasta od M sto sega pripadja na Albanija. Ima familii koi go zemaa imeto na seloto od kade bea primorani da iselat kako svoe prezime. Pa ako se sporedat starite toponimi i iminja na selata ce se najdat iminjata vo denesni preziminja. Istorijata e vitoperena i se vitoperi od tie koi ne ziveat na tie podracja. A niv im pomagaat lokalni pljukadzii. |
| Kumanovo, 28.09.2009 09:20:29 | Istorija moze da pisuva koj kako saka, a arheologijata go potvrduva ili negira toa sto e napisano. Potpirka barate vo Jugos. enciklopedija. Jugoslavija i site nejzini proizvodi bea samo edna ubava iluzija. Tokmu MK i Albanija se najmalku tretirani od arheologijata pa otuka i izleguvaat ovie problemi. Nedostatok na artefakti. Albancite vo MK so svoeto odnesuvanje samo si go potvrdija ona sto pisuva vo Makedonskata enciklopedija. |
| od turçin, 28.09.2009 09:29:02 | Bravo za "KICEVIJATA"!;;;;;;; |
| Nekoj, 28.09.2009 10:17:53 | Gi citam site komentairi okolo ovie raboti i se prasuvam kade ste braca Makedonci??? Do koga ke nie bidemo ucenuvani i psihicki maltertirani od malcinstovoto vo nastata zemja.Kavko palenje na znaminja vo Skopje i kakvo prekrsuvanje primira.Neka si go pali toj znameto na Albanija vo Tirana ako tolku saka da pali,i kade e reakcijata na nasite vlasti.Sto ke se slucese i kakva ke bese reakcijata od albanija dokolku nekoj nas politicar izjavi takvoi nesto.A za kakvo narusuvanje na primije zboruvame i do koga toj ahmeti ke ne ucenuva so se i sesto.Sto e slednovo sto treba da go napravi da zeme kalasnjikovi vo planina takov li e demokrat toj.Morame da zastaneme cvrsto pozadi nekoi raboti ako sami ne se pocituvame i branime kako ocekuvame da ne nekoj od strana pocituva.Demokratija da i covekovi prava da, no ne i ponizuvanje ,pretenje i odstapki. |
| zelezara, 28.09.2009 10:52:04 | Mesto da se zanimavaat so ekonomija,da gledaat da mu go podobrat zivotniot standard na graganinot tie pak so istorija.ABE VAKVA DRZAVA NIGDE NEMA U SVET |
| Zalni Makedonci, 28.09.2009 11:20:15 | Erole, Ne navleguvam vo vistinite okolu enciklopedijata, neka e i taka kako sto velite vie makedonski orkestrirani kriticari. Ne sum podrzuvac na mnogu raboti na segasnata vlast. No, prasanje za site vas i site Makedonci. Koga i nie ednas ce raeagirame taka edinstveno, plemenski, kako Albancite - politicarite i naucnici i novinari i tnr politicki analiticari, koi toa sekogas go pravat koga ce se cepne nesto vo za niv. Sto pleme sme bre nie Makedoncite, sme se jadele sami i sega sami se jademe. Zatoa koga drugite sozdale nacionalni drzavi, nie ne sme uspeale – vrhovisti, centristi, levicari, desnicari, vecna medjusebna prokleta makedonska borba. I sega koga na ona sto Tito ni go dal napravivme kakva takva nasa drzavicka, so takvo medjusebno rivalstvoi za partiski celi i vlast i licen komoditet, so dodvoruvanje kon site, sakame da ja unistime a i sami kako Makedonci da se zbriseme. Sto ce ni e EU, koga Makedonci ce nema vo RM ili ce se malcinstvo /vece gi nema vo ZP, Cair../ Sramota. |
| nekoj, 28.09.2009 11:29:50 | znaci Makedoncive ispadnale po pametni, gi potisnale albancite na intelektualno nivo i ja izgradile Makedonija ....HAHAHA |
| istoricar, 28.09.2009 11:41:19 | erol sepak nisto ne kaza za alb vo mak a vo enciklop blaze isklucivo pisuva izvorski podatoci za alb vo amk a ne ti pisuvas za alb vo albanija......neznam sto sakas da dokazes?mozebi najmnogu deka na str na sds pa mislis ce napravis polticki marketing?nemi e jasno sto manu manipulira?prenusava original izvori od sovremieto za alb vo mak????i toa bil kriminal?ili treba da pise falsifikat styarosedelci se i poveli zemi pola mak?????????????? |
| jovan od skopje, 28.09.2009 11:48:33 | bravo legendo brani se sto ne e makedonsko nemaj gajlje ustvari i ti ne si makedonec te sfakjam vo tvojte razmilsuvanja samo ne go vregjaj makedonecot kako poim razbra |
| Pero Zdero, 28.09.2009 12:33:47 | Ne sum ja videl ili cital Enciklopedijata , no se povikuvam na ona shto go razbrav od mediumite.Moe mislenje e deka Enciklopedijata nepotrebno vnesuva nov bran na netrpelivost megju Makedoncite i Albancite.Enciklopedijata e nekorektna ne samo vo navodite za etnogenezata na Albancite tuku i vo etnogenezata na Makedoncite.Mozebi 90% od faktite vo ovaa Enciklopedija se neosporni i tocni, no mene mi izgleda deka onie sporni 10% kako da se pishuvani pod direktiva na nekoj visok clen na SKJ vo '80-tite godini.Zarem rakata na UDBA e seushte ima mokj da ja potresuva Makedonija!Ili pak e ova mozebi nekoja Grchka zavrzlama!?Pa dajte be lugje, shto ni treba vo momentot da se raspravame so Albancite, tie se ovde i toa e toa...site nie mozeme da izvleceme obostrana korist ako se dogovorime zaednicki da nastapuvame protiv zaednickite neprijateli, a ne da dozvoluvame tie da ne nasocuvaat eden protiv drug.Ne gledam nacin na koj nie Makedoncite neshto bi dobile dokolku se povtori 2001god. |
| Стар читател, 28.09.2009 12:50:45 | До Историчарот. Вие или погрешно се преставувате или не знаете основни работи од Истирија.Од првите контакти мегу Словените и Илирите до 20 век на целиот Балкан постеле само Византија- Источно римско царство, Самоиловата држава, Душановото царство и Отоманската империја. Во сите тие периоди Словените и Илирите,подоцна Албанците и Македоците живееле во иста држава. Па според тоа и населувањето и раселувањето на денешните територии на националните држави кои биле формирани во 19 век Македонија и Албанија во 20 век било во рамкир на иста држава. Ако сте историчар ова се основни работи кои морате да ги знаете. Ако не ке трескате глупости.
Авторот на текстот се гледа добро ги знае. Поважно е што цитираните енциклопедиски изданија се потпрени на стотици релевантни светски признати извори.
Изненаден сум што нема реакции каде што Ризаов навестува дека допрва македнските одредници ке доживеат фијаско. Очигледно имаме партиска , а не научна енциклопедија. |
| Karolina, 28.09.2009 13:06:41 | Ama sto vi e vam? Sega, spored mnogumina od vas ke ispadne deka site enciklopedii i naucnici albanolozi se luk i voda samo nasite Adademici se najdobobri! Posebno koga pisuvaat za etnogenezata na Albancite! Nie znaeme poveke za niv od samite niv i od site naucnici zaedno! Epa nema lutenje koga Grcite i Bugarite se "drznuvaat" da ni kazat koi sme nie kako tie li znaat za nas poveke od nas samite. Nie pravime sega toa sto ni go pravat na nas. Osfen sto e glupavo, toa e i mnogu nedostoinstveno. |
| Рококо, 28.09.2009 13:52:37 | Ќе поставам едно прашање: дали целава оваа папазјанија со ‘енциклопедијата‘ не е некоја намерно фрлена голема димна бомба со цел да се привлече вниманието на 90% народ и новинари и да се одвлече од нешто мноооогу поважно, а има за цел да биде прикриено? |
| od yzalan graganin 2001, 28.09.2009 14:22:43 | mene edno nemie jasno ako siptari e navredliv zbor za albancite zosto pisyva na nivni plakati partija siptari akademci istoricari ne podlegnyvajte na pritosoci pokazetemy dokymenti da razberat site 2001 pamtime site kolky majki vo crno oblece axmeti i sega saka da bidi mirotvorec stavetego svetec samo do gavolo odma zatova sto ne zaslygyva podobro nisto |
| Velimir Cvejic, 28.09.2009 15:06:13 | Za onie koisto se uste ne im se poznati najnovi soznanija za Slovenite, a koi vistini se priznati vo site naucni institucii so svetot, sekako i na onie drzavi koi si svoite sili mozat, i go pravaat, da ja krojat istorijata. Taka, tokmu pred edna godina na BBS televizija vo London, vo najgledanata nagradna igra, na prasanjeto “Koja nacionalnost bil Aleksnadar Veliki?”, ucesnikot dade odgovor deka bil Grk. Doedka vodietelot go ispravi:”Ne! Alaksandar bil Makedonec.” Voditelot go koriti znanjetio na Kralskata akdemija, vo koja clenuiva i direktorot na Instutuot za istrazuvanje na Stari Sloveni, koj vo intrevujut ovbjaveno vo NIN, kaza: “Sloveni se tuka makar 10.000 godini”. Vtoro, antroplogot Pesic koj go desifrirase Vincanskoto pismo (Vinca kaj Belgrad), najstaroto vo svetot, bese profesor na Univerziteti vo Milano, Viena (iem mu ja dale Sloveni), a gostuvase i vo Ljubljana, duri po negovat smrt se odrza Svetkiot kongres koga se usvoi deka Slovenite se nastar civilizarn narod vo Evropa. |
| Unreal city, 28.09.2009 15:55:47 | Eve samo nekolku bibliografski edinici, dokolku na istrazuvacite im treba pomos:
J. V. Fine, The Late Medi Balkans: A Critical Survey from the Late Twelfth Century to the Ottoman Conquest, 1994.
Malise Ruthven, Azim Nanji, Historical atlas of Islam, 2004 |
| mila, 28.09.2009 16:23:50 | Enciklopedijata koja jas ja poseduvam doma jugoslovenska od 1974 ne postojat albanci celo vreme se narekuvaat shiptari, site koi sto ziveat na teritorijata na togasna Jugoslavija. Poveke detali za enciklopedijata utre |
| mile, 28.09.2009 16:59:23 | a dali se ima nekoj prasano so pisuva albanskata encikplopedija za nas???? ili grckata ? ili bugarskata??? dali tie ke gi menat nivnite, da ne bidat nasoceni i navredlivi kon makedonskiot narod, pa mozi onda i nie ke imame pogolemi cuvstva za nasite sosedi... |
| jean, 28.09.2009 17:00:49 | abre cvejicu vidise dasi serbin samo njima vjerujes .sloveni vec 10000 godine zive na balkanu
pa zar si ti naj pametniji bogati .evo nekoliko dana kukurices za enciklopedijata no koga coekot isleze so so fakti koi se napisani od mnogu po poznati akademici sega tise zatvori ustata ai drugite koi vikasva vistinata boli a sega ova vistina sigurno boli po vekje .bidejki i ovie fakti se napisani od makedonci i serbi i sloveni.jas bi im preporacal na site makedonci albanci daja ostavime minatoto da se osverneme na denesninata na prosperitetot da nasite deca imaat podobro utre i da nese zanimavaat so problemite koi nie se zanimavame koj od kade e i od kade dosol i koga obicna glupost.se nadevam deka nasite deca nema dago imaat istiot problem. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 22°C
Ведро
|
Вторник
Ведро
Макс: 30°C, Мин: 13°C
|
Среда
Ведро
Макс: 31°C, Мин: 16°C
|
|
|
|
|
|