12.11.2012, 17:04 Лекарите му се заканија на министерот со долг штрајк
Докторите со контранапад до Тодоров: доколку настрада некој од штрајкувачите, утре ќе има целосен прекин на работата
Јасмина Јовановска-Вељановска
Околу 1.300 лекари од клиниките и болниците во земјава се решени да штрајкуваат утре за да го изразат незадоволството од платата по успешност, која значи да добијат плата според тоа колку пациенти прегледале или оперирале. Но, ако продолжат притисоците и заканите и ако поради измислен изговор спротивно на законските прописи настрада некој од штрајкувачите, лекарите на првиот човек во здравството му порачаа дека целосно ќе ја прекинат работата. Со ваков контранапад вчера излезе Клиничкиот синдикат на заканите на министерот за здравство, Никола Тодоров, дека лекарите ќе претрпат штетни последици ако штрајкуваат. Лекарите не само што не се откажуваат од штрајкот, кој стартува утре во 7,30 часот, туку се решени да издржат додека не се најде компромисно решение со нивниот работодавец - министерот. Штрајкот ќе се одржи бидејќи лекарите сметаат дека ваквото плаќање е неправедно, дека со тоа се девалвира квалитетот на прегледот и тимската работа, а за да заработат мора да се во трка по пациенти.
Заканата од белите мантили, како што велат во Клиничкиот синдикат, дошла по многубројните притисоци од министерот и откако не успеаја да остварат каков било контакт со него.
„Повикан јавно со одлуката за штрајк Тодоров не изрази подготвеност ниту за преговори, ниту за изготвување правила за работа во услови на штрајк, кои би ги усвоиле спогодбено. Затоа, беспредметно е тврдењето за негова грижа за штетните последици по членови на штрајкувачкиот одбор и пациентите од ’нелегално‘ организиран штр��јк. Прашуваме со кое право министерот, иако ги знае ’нелегалните постапки‘ во одлуката за штрајк, не ни ги соопштува, туку не' остава нас и пациентите да трпиме штетни последици од ваков, според него нелегален штрајк“, прашуваат од Клиничкиот синдикат.
Чашата на трпението на лекарите се прелеала посебно откако вчера низ лекарските кругови и на клиниките наголемо се зборуваше дека за в среда, за кога планираат штрајк, им се готви некакво сценарио за хаос со пациентите. Муабетите одеа до таму што планот бил на клиниките да дојдат колку што е можно повеќе болни со цел да се создадат невидени турканици и поголеми нервози меѓу пациентите и лекарите. Во ова би биле инволвирани матичните лекари кои би испраќале што повеќе итни случаи, но и редовно хронични болни.
„Има притисоци, од намалување на плата, префрлање лекари од едно работно место на друго или во друга болница, па и други кои ќе ги соопштиме в среда кога ќе почне штрајкот“, ни изјави претседателот на Клиничкиот синдикат Дејан Ставриќ.
Тој рече дека се подготвени утре да штрајкуваат на своите работни места, а доставени се и правилата за минимално обезбедување работа во услови на штрајкот. Пациентите што ќе дојдат на клиниките нема да се враќаат, туку ќе се прегледуваат, а за натамошно лекување ќе бидат прифаќани само итните случаи. На другите болни ќе им се закажуваат прегледи дополнително.
„Се планира за време на паузата околу 10,30 часот лекарите да излезат во дворот на клиниките за да го изразат своето незадоволство. Ќе штрајкуваме се' додека не се договориме со министерот“, додаде д-р Ставриќ.
На штрајкот на лекарите од клиниките ќе им се придружат и лекарите од Градската општа болница „8 Септември“, додека засега нема најава од Градската хируршка клиника „Св. Климент Охридски“. Поддршка на скопските лекари најавиле нивните колеги од општите и клиничките болници од Тетово, Штип, Кочани, Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Гевгелија. Според податоците на клиничкиот синдикат за штрајк се потпишале 1.320 лекари специјалисти. |
|
Статијата е прочитана 2209 пати.
|
Испрати коментар
|
|
zagrizen, 13.11.2012 01:08:47 | Se sto se slucuva e tragikomicno,a kulminacija e zaplasuvanjeto na Ministerot.Sto ponatamu treba da ocekuvame, Germanija vo 1933, ili 1934 Noki na dolgite nozevi, a mozebi Staljinovite *Noki na belite mantili*?Mislam deka Ministerot malku ja utna rabotava i se preceni bidejki ovoj pat nema rabota so lugje koi se voodusevuvaat na spomenici,barokot,kruzni tokovi... Sepak se raboti za lugje so normalen IQ.Samiot Minister se dovede vo situacija nagore visoko,nadolu dlaboko.Suetata ne mu dozvoluva da popusti.Kako sto spomnav sto moze da se ocekuva,noki na belite mantili ili na dolgite nozevi?Ili pak genijalci sovetnici so IQ nad 140 da go resavaat problemot.Bi mu go preporacal kako sovetnik Kim Ung-yong od Korea so IQ 210. http://en.wikipedia.org/wiki/Kim_Ung-yong |
| nn, 13.11.2012 01:36:14 | Еве КОЈ СЕ ЗАКАНУВА! Во изминативе денови оваа група која лажно се претставува како најбројна меѓу лекарите, лажно го обвинуваа Министерот Тодоров дека им се заканува на оваа група паразити, а еве доказ кој се заканува. Вакво однесување е карактеристично само за оние кои немаат пациенти поради сопствената неспособност. Нормално ТОКМУ ЗАРАДИ ОВИЕ т.н лекари не е спроведена ниту една реформа во здравството.најдобро да си одат дома и да отстапат место на млади невработени лекари кои барем ќе си ја работат работата. |
| DRT, 13.11.2012 04:36:36 | Pa sto sakaat da ne rabotat a da zemaat plata.izbrkaj gi i ima mladi luge sto sakaat da rabotat. Neka odatovie nerabotnicive privatno da rabotat. |
| cacko, 13.11.2012 05:46:23 | I dodeka se pazaris so lekarite , strazaris po bolnicite niz Republikata ili odbiras visoko intelegentni strucni lica bi te zamolil da sevratis vo kancelarijata i prvo da si gi zavrzis domasnite zadaci a voslobodnoto vreme da bidis Padar.I dodeka nekoj plaka skapi kirii i ceka rezultati od konkursot za koncesii ti se uste ne najde vreme nikomisija da osnovas a vamu se falite deka kaj. Nas biznis se otvara za 3 dena.Sramno e toa sto im go pravis na lugeto , sepak toa ne e slama za zneenje.
|
| pile, 13.11.2012 07:38:52 | Celosna podrska do lekarskata fela vo ostvaruvanje na nivnite baranja.Pocituvani lekari Vasata sila e vo Vaseto znaenje,vesti race,upornost,humanost i pozjrtvuvanost kon odbranata profesija kako i vo Vaseto edinstvo kon sprotivstavuvanje kon nerealnite i ponizjuvacki navodno reformatorski pritisoci od strana na Ministerot.Ne dozvolete i ovaa Ministerstvo da prerasne vo partisko telo na DPMNE rakovodeno od Minister koj oddi po stapkite na Ministerot za vnatresni raboti kako sto velite so nelegalni postapki sprema vrabotenite, a za toa ne snosi nikakva politicka a ne pak druga odgovornost ,barem za sega.No zatoa imame site nie antikorupciska Komisija cii clenovi ne strajkuvaat za nacinot na nor |
| cobe, 13.11.2012 08:57:43 | Поддршка за лекарите.........само така со оваа карикатура од министер..............цел свет ни се смее............ |
| student, 13.11.2012 10:24:33 | lekarite se dobro paltine ,kako moze vo bugarija so 300 evra i se e vo red se dobiva plata vo soodnos so platite vo opstestvo a ne 10 pati povece,jas ucam vo bug i ce potpisam vo skopje ce rabotatam sa plata bez da baram povece samo da me vrabotat i ce bidam lojalen nema da odam vo privatno po specijalizacija..a tie legaci koi naucile kominsticki po 5 pregledi na den dajte im otkaz ne ima nas koi ucime medicina i imame moral... |
| Ловец на буба-шваби, 13.11.2012 10:56:02 | Немојте така , Тодоров е најпознатиот ловец на буба-шваби на светот!А , на „нн“ , ДРТ и Трт им препорачувам , кога ќе се разболат , да одат кај некој млад лекар, по можност портокалов , тој ќе ги лечи без пари! Замисли , чиновничето „нн“ ,мисли дека 95 % од сите специјалисти во РМ се мала група , а оние од „Баба Зумбула“ синдикатот , ги претставуваат лекарите!!! |
| Aleksandar Makedonski, 13.11.2012 11:00:26 | Внимание!
Неработниците никојпат не сакале да им се мери работата |
| Mene, 13.11.2012 12:27:18 | Celosna podrska do lekarite. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 2°C
Магла
|
Сабота
Ведро
Макс: 14°C, Мин: 1°C
|
Недела
Ведро
Макс: 15°C, Мин: 3°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (4)Хрушчов го викал Тито социјалистички цар. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|