Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Свет
11.03.2012, 17:33

Грција се загрева за избори

Адонис Самарас „ја фрли ракавицата“ и најави избори веднаш по Велигден

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ



Атина - Лидерот на десничарската Нова демократија, Адонис Самарас, веќе ја отвори сезоната на предизборни кампањи и говори фрлајќи ракавица за избор веднаш по велигденските празници.

Социјалистите по сите турбуленции што ги преживеаја откако дојдоа на власт во октомври 2009 година до последен момент имаа политичка драма. Двајцата кандидати, министерот за финансии и вицепремиер на грчката влада, Евангелос Венизелос и неговиот противкандидат и близок соработник на Папандреу, Христос Папуцис, не можеа да се усогласат околу начинот на кој треба да се поднесат кандидатурите и да биде избран новиот лидер на партијата. Венизелос, кој ја има поддршката од речиси сите главни лица во ПАСОК, вклучувајќи ги вицепремиерот Теодорос Пангалос и министрите Андрејас Ловердос и Ана Дијамантопулу, поднесе кандидатура со 190 потписи за поддршка, додека, пак, Папуцис поднесе кандидатура само со неговиот потпис. Каква и да биде одлуката на советот на партијата, односно и да биде одлучено дека само Евангелос Венизелос е кандидат, партијата, сепак, ќе одржи избори за лидер следната недела на 18 март.

Папандреу, кој до последен момент се чекаше дали ќе изненади со нова кандидатура за лидер на партија, во својот последен, трогателен говор пред членовите на партијата, видно изморен од се' низ кое помина во својот краток мандат како премиер, истакна дека ќе го поддржи новиот лидер на партијата и ќе биде покрај него за што и да е потребно.

Долгогодишниот ривал на Папандреу, Венизелос, кој ако ја добие поддршката од членовите за седум дена станува лидер на ПАСОК и од него се очекува да даде оставка од позицијата во владата, изгледа веќе подготвен да ја започне изборната кампања и да се бори гради в гради со Самарас.

Интересно е дека веќе се гледаат видните разлики во начинот на кој ќе ја водат кампањата Венизелос и Самарас. Самарас не отстапува од автосугестивниот пристап дека Нова демократија ќе победи како што покажуваат и рејтинзите и тоа ќе успее и да формира и еднопартиска влада. „Подготвен сум за големи промени. Знаете кој сум, го знаете моето минато и низ што поминав за да бидам тука. Дајте ми ја силата да ја сменам Грција“, истакна Самарас на крајот на својот говор пред советот на партија. Лидерот на десницата отворено ги отфрли гласните сценаријата за коалицирање со ПАСОК во новата влада, потенцирајќи дека не го интересира да го спасува ПАСОК.

Венизелос, пак, иако го има како достигнување кратењето на грчкиот долг и обезбедениот нов заем, тргнува од позиција на „грешник“ и политичар со низок рејтинг. Во својот говор му се извини на народот за некои од историските грешки на партијата и порача дека сега вистински започнува борбата за ПАСОК.

И покрај неофицијалниот почеток на изборната трка, сепак, се' уште е неизвесно кога точно ќе се распишат предвремените избори во Грција со кои ќе истече рокот на траење на преодната влада на Лукас Пападимос.


Статијата е прочитана 233 пати.

Испрати коментар



Се открива целата приказна за Цариград
Водата е поскапоцена од златото
Политика - ФИАТ верува во Србија
Ди велт - Предметите на Ана Франк вратени дом��
Германија расчистува со темното минато
Една година по Фукушима
Го овластиле Исус да избере претседател
Социјалдемократите ги добија изборите
„Билд“ без голотија на насловната страница
На референдум за подолг одмор?
Американски војник уби 16 цивили во Авганистан
Моќни и богати Грци

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 27°C

Ведро

Четврток
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 15°C

Петок
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 22°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

„Погледнете и слушнете ги моите јунаци, вели големиот српски режисер Желимир Жилник, кој гостува на „Македокс“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |