Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
13.11.2011, 17:31

Интервју: Имаме обврски, но не и меници

Најбитен е дадениот збор дека сте прифатиле обврска да бидете во коалицијата и да останете таму, вели Павле Трајанов

Жаклина Хаџи-Зафирова


Г-не Трајанов, опозицијата ве прозва дека во вашето интервју за телевизија Алфа сте ги потврдиле шпекулациите дека пратениците, сепак, потпишале меници и бланко оставки.


Да, тврдам дека имаат обврски, но не знам дека имаат материјални обврски. Тоа беа коментари на новинарот, наводи што можам да ги демантирам, ако се работи за себе, но не можам да негирам и за другите пратеници. Јас зборувам за принципи, релации, коалиции, за обврски. Не можам да потврдам дека постојат договори, меници или бланко-оставки. Немам факти за тоа да го потврдам и крајно некоректно е тоа да се пренагласува во расправата, а за тоа опозицијата да не може да понуди ниту еден релевантен факт или документ. Тоа покажува дека расправата е конципирана само за дневно-политички поени и за политичка дисквалификација и диксредитација на политичките противници, а не да се зајакне самостојноста, независноста на пратениците.


Ако не се материјални, тогаш какви обврски имаат пратениците?

Зборувам за обврски за ненапуштање на коалицијата. Најбитен е дадениот збор дека сте прифатиле обврска да бидете во коалицијата и да останете таму, да не се случи после изборите трансфер. Во интервјуто за кое сега ме прозиваат зборувам за можноста или неможноста пратениците да се продаваат. Замислете, некои од помалите партии, а ние сме десетина пратеници од другите партии, ние да одлучиме да ја смениме страната и да не коалицираме веќе со ВМРО-ДПМНЕ, туку со опозицијата. На тој начин правиме ново парламентарно мнозинство. Јас сум против таква продажба на пратениците и трансфер на пратеници. Тука нема механизам да го задржите пратеникот, освен моралната обврска и дадениот збор кој не би требало да се крши. Инаку, немаме пишан договор за нешто да би можело да не' врзе внатре во самата коалиција.


Но, изјавивте дека постои предизборен коалициски договор?

Посебна обврска за пратенците нема. Има обврска за партиите. Значи, во името на партијата јас сум ги презел сите обврски што се дефинирани во тој договор. Партијата или претставник на партијата е гарант дека сите тие работи ќе бидат реализирани, независно што се работи устен договор. Пред изборите требаше да се потпише нашиот коалиционен договор, но се развлечка таа работа. Таму има договорено работи со колку места ќе партиципира Демократскиот сојуз во власта и колку кандидати ќе има во управни и надзорни одбори, регулаторни комисии... Договорот остана во нацрт документ и тој не се потпиша.



Може ли да ги појасните вашите наводи во интервјуто во кое зборувате за трошоците во кампањата што ги поврзувате со обврските на кандидатите?

Јас ги коментирам наводите на новинарот. Јас зборував дека во согласност со Уставот е неотповиклива пратеничката функција. Не можете ниту со закон, ниту со договор, ниту со што било да ја оптоварите пратеничката позиција и да го користите тој да ги слуша наредбите на некој од партиите. Доколку има такви решенија, тие се надвор од уставот и дека правно не се издржани. Затоа сметав дека предлогот на опозицијата не беше во функција да се зајакне независноста на пратеникот, туку да се користи за дискваликифација на политичкиот противник. И ова „возење“ на опозицијата на некакво интервју само се користи за манипулација на јавноста. Тешко на таа опозиција ако тврди нешто, а не може да посочи никаков аргумент за тоа. Тие тврдат дека има пишани меници, а не понудија ниту еден доказ. Кажете кога имало разногласие во пратеничката група на опозицијата. И сега тие ќе зборуваат за некаква самостојност на пратениците?



Како гледате на најавите за широк опозициски фронт? Ве загрижува ли тоа помалку?

Коалицијата „За подобра Македонија“ е конципирана од дваесетина и повеќе партии и ужива најголема доверба. Има доминантна поддршка од граѓаните. Ќе видиме како ќе се развива опозицискиот блок. На Македонија и' е потребна силна опозиција, која засега е анархична и неорганизирана и не е студиозна во настапите. Не се подготвува да ги следи сите процеси што се случуваат во државата. Јас не гледам дека тие ја анализираат работата на Владата и дека може да и' парира. Уште помалку можам да видам дека опозицијата настапува со одредени проекти или предлага алтернатива на некоја од постапките што актуелната власт ги спроведува.


Статијата е прочитана 1724 пати.

Испрати коментар



Богов пред прв сериозен тест
Андрески ја продава телевизија АБ
Димас ќе остане на грчките црвени линии
ЛДП против покачувања на радиодифузната такса
Дипломатскиот „егзодус“ засега ја заобиколува Македонија



n.g., 14.11.2011 07:29:41
Sakas da kazes deka i ti si megu tie koi dale zbor,i deka nekoj ti veruva pa pogotovo tebe.Zasluzuvas da te osudat bez lustracija.
Istocna Makedonija, 14.11.2011 09:15:24
Kolkava tezina ima dadeniot zbor deka,ke osta- nam vo koalicija i vo slucaj koga bi nemal del od ,,kolacot,,ne bi bil na primer pratenik,ili vo poten cijalna situacija koga i se gleda krajot na doticna vlast?!
seirdzija, 14.11.2011 09:49:00
Znaci tazi dupka ne e dupka,pu pu pu sto bi rekol onoj sto ne te nateral da potpises menica?
lule, 14.11.2011 10:18:35
Eden od najrealnite politicari vo Makedonija i covek so idei i konkretni reshenija. Odlicno intervju....
pile, 14.11.2011 10:28:46
Dali pratenicite vo vladeackata koalicija imaat integritet G-ne Trajanov.Kaj sto spagja i pravoto, pred svojot elektorat pa i gragjanite da go iskazat svoeto mislenje za neslozuvanje so policiskata brutalnost i obidite od MVR, rakovodeno od poranesni armiski strukturi,da gi relativizira sostojbite,a toa, od Vas kako eks Mnister za vnatresni raboti, ne smee da bide nezabelezano. Narodot veli ,,so kogo si takov si``.Parlamentarnata opozicija mozebi ima uslovi da bide pravilno zapoznaena so politickite i drugi slucuvanja vo drzavata, dodeka von parlamentarnite partii i javnosta, dali postojat uslovi da bidat pravilno informirani, za da ima celosen uvid vo sostojbite, za da go dade svojot doprinos.Vo uslovi na; zagrozena sloboda na mediumite,partiziranost na site institucii,nevladeenje na pravoto i dr.konstatirano vo izvestajot na EK, kako i ,krivicen progon i drakonski kazni protiv novinari.Odi eden spot so slogan vo mediumite ``oslobodi se napravi go prviot cekor``.
Tazna figura, 14.11.2011 10:39:41
Mi bese zal da te gledam na sednicata na Parlamentot , koga sakase da negiras nesto sto javno preku medium izjavi. Ona za menicite. Navistina bese grevce covek da te gleda. Barem bidi dostoinstven i kazi deka toa si go kazal i ako imase soznanija za toa iskazi gi javno pred makedonskata javnost, ako ne molci i zemaj si pratenicka plata i ne se javuvavj so idei koga ne te biva
zik, 14.11.2011 10:47:34
proziren si be
Tode, 14.11.2011 12:56:16
Opozicijata e vo grch i bara charki no G-din Pavle prodolzete kako i dosega i ja imate mojata podrska kako del od mnozinstvoto vo parlamentot a i megju glasacite.
Гwујокио Худиновски, 14.11.2011 13:20:43
Изгледа дека човеков го тепале по уши за да каже дека мениците се реалност!Бланко мениците се одамна стил на Δ.Π.Ν.Ε.и ги користат уште од моментот на создавањето на партијата!Уценувањето на членовите е еден од начините за оддржување на политичката сцена!За оваа традиционална појава потврда даде и нивниот поранешен член Ф.Петровски,а таквиот стил ми го потврди и еден советник на Шерифот кој постојано и насекаде доцни како да е некоја стара баба!Не е лошо,Павле да ни раскаже и за обичајот некој да не се појавува на работното место само затоа што е брачен другар на човек од владеачката коалиција,а да прима личен доход!Познавав и таков ВМРОвец кој работеше во ЈП и едвај да имаше завршено средно,но примаше плата за високо образование,иако на работа се појавуваше само во деновите кога се делеше платата!Значи имате повеќе,а не само еден стил на „политичко (криминално) делување“!Сепак,најмалку се работи за морални обврски на пратениците и на членовите на владеачката коалиција!
milan, 14.11.2011 13:47:58
g-dine Trajanov slucajno od prijatel doznav deka posle vasata nespretna izjava na alfa tv. vo Radovis DPMNE kakov sto go dal gospod napravil cistka i opstinskite kadri od vasata partija dobile otkaz dali e toa tocno? Po se izgleda e pa mozebi ke se najde nekoj od Radovis ova da go potvrdi ili demantira.
Zoran, 14.11.2011 14:20:11
Trajanov sekogash umeren i so visok stepen na profesionalizam se odnesuva kon sekoj problem sto ja tishti R.Makedonija. Moram da zabelezam deka nekogas ne se soglasuva so Vlasta, no sepak e covek od mnozinstvoto i dava soodvetni obrazlodzenija i istovremeno nudi avtenticni Reshenija.
Aleksandar, 14.11.2011 14:25:29
do Lule Lule da ne si ti Trajanov hahahaha. Se ispofali. A be koj faktor si u drzavava coveku partija. Sedisi tamu zemaj plata i nisaj vrata zatoa sto utre ke i ja zamat hahaha
iskrena, 14.11.2011 14:34:47
Господин Павле Трајанов , е Политичар со достоинство чесен човек кои работи на принципот чесност и работи за доброто на Народот ,го почитува човечкиот род. За разлика од сите други кои се желни само за власт и пари.Тој е скромна личност со чест и идеи за Македонија.
Nikolija, 14.11.2011 14:39:28
Лично сметам дека не е етички да се вадат делови од интервјуа и да се ставаат во друг контекст, со цел да им се смени првобитното значење и намена. Ние како јавност мораме да ги следиме настаните во целина и да не дозволуваме одредени категории да не манипулираат за свои политички цели, а посебно без докази. Редно време е да се престане со шпекулации и манипулации, прозваниот во ова интервју дава конкретни одговори, што е индикација дека неговите зборови навистина биле извртени од страна на поединци, што за жал кај нас е честа појава.
Симон, 14.11.2011 14:45:09
Која јада човече... која безидејност на СДСМ, просто жал да те фати. До кое дереџе дојдовте другари и другарки - интервјуто на Трајанов да ви биде точка на седница на Парламентот. Демек, еве како власта ги дисциплинира своите пратеници... ц,ц,ц... инаку, СДСМ е „демократска“ партија и толерира разногласие на своите пратеници. Како она на Есад Рахиќ, на пример. Кога во 2007 година го разрешија од своите редови, затоа што не „свирел“ по зададени ноти. Ова ли е новата алтернатива на СДСМ? Вака ли ќе се борат за довербата на граѓаните?
Oskar, 14.11.2011 14:48:46
G. Trajanov, ova mozete da go kazuvate na onie sto ne go gledale Vaseto intrevju na TV Alfa, no za tie sto go gledale vistinata e jasna, sega kako i na Parlamentot nevesto se obiduvate da se vadite i da se zasramuvate pred svoite glasaci. Obrazot e nepovraten koga ednas ke go izgubite.
Јоцо, 14.11.2011 15:19:06
Голема штета е тоа што не се реализираат договорите онака запишани. Но партиципацијата во власта е да се задоволат интересите на државата преку институциите. Како дел од оваа власт имате можност да и помогнете на државата да се вивне во евро-атланските води.
bruka, 14.11.2011 17:06:39
ako dosega imavte nekoj oreol na covek koj kazuva doverlivi a vistiniti raboti nepoznati za posirokata javnost, od ovaa intervju i nastapite za menicite vo sobranieto ,Vie ste pratenik na koj najmalku treba da mu se veruva na javen iskazan zbor, oti mozebi ke se predomislite za nekoj den po naracka na nekoiiiii. Alal da ti e.
Roki, 14.11.2011 18:19:42
Covekov sekogas bil zakon.Bravo

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


ДЕНОТ НИЗ ФОТОГРАФИИ
Гајдаши стојат на воените гробишта на Коминвелтот во Рамл во близина на Тел Авив, пред комеморативната церемонија за паднатите борци
Најнови вести
Време
Скопје, 1°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 8°C, Мин: -5°C

Среда
Сончево
Макс: 9°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Блог избор
sead93.blog.com


Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |