Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
14.11.2011, 14:19

Младите повеќе сакаат државна работа отколку сопствен бизнис




Според експертите, иако претприемништвото е главен двигател на секоја економија, во Македонија тоа се' уште не е на доволно високо ниво.

Фото: Киро Попов

Младите повеќе сакаат да работат во државната администрација наместо да ризикуваат со стартување на сопствен бизнис. Според експертите, иако претприемништвото е главен двигател на секоја економија, во Македонија тоа се' уште не е на доволно високо ниво. А, тоа се должи пред се' на општо распространетото мислење дека многу е посигурно да се бара државна работа. „Ова ги дестимулира луѓето, посебно младите да отпочнат сопствен бизнис. Треба да сфатиме дека единствено со сопствена идеја и со почнување сопствен бизнис постои подобро утре за сите нас“, изјави Сашо Додовски, магистер од областа на економските науки.

Во својата изјава претседателот Ѓорѓе Иванов кажа дека државата мора да ја поддржи работата на бизнис-секторот и дека треба да се донесуваат здраворазумски економски политики за успешен економски развој. Тој истакна дека младите се креативни и дека само тие можат да го подигнат напредокот на државата на солидно ниво. „Претпремништво, предизвици, иновации, креативност“, беше тема за панел-дискусија на вчерашната конференција која ја отвори министерот за економија Ваљон Сарачини, по повод глобална недела на претприемништвото. „Целта е да се создаде новата генерација на претприемачи во светски рамки, со тоа што ќе се инспирираат младите преку активности во своите училници, работни средини и на интернет. Бројот од 7,5 милиони млади луѓе вклучени во бизнисот постојано треба да се зголемува, со што младите претприемачки таленти ќе ги ослободуваат и ќе ги претвараат своите идеи во реалност“, истакна Сарачини. (Г.С.)


Статијата е прочитана 1305 пати.

Испрати коментар



Подостапни уште 70 лекови
Државата сака да собере данок и од родилките
Премиерот препорачува дислокација на Топилницата
ЈСП - Цената на нафтата причина за поскапувањето на автобускиот превоз
Нов случај на педофилија во Велес
Се уште не е закажано судење за заемот на „А2“
Нема слобода за Тимошенко
Инвестирани нови 15 милиони евра во Шпаркасе Банка Македонија
Црвени јавори за „Св Климент“, јапонски цреши за „Илинден“
Економијата годинава ќе порасне за три отсто, а во 2012 за 2,5
„Пежо- Ситроен“ отпушта 4.000 работници во Франција
Ограбен златар на спиење во скопски Бит Пазар
Радиодифузна такса не платиле 68 илјади фирми
Мал авион ја промаши пистата на скопскиот аеродром
Зимската опрема од денеска задолжителна
Цената на нафтата близу 98 долари за барел
Попоски се сретна со шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ
Ивановски ја оценува администрацијата со комуникација со граѓаните
Внатрешната полициска контрола од денеска отворена за граѓаните
Демонстрантите протерани од Волстрит
Бомба пред канцеларијата на грчкиот заменик-министер за надворешни
Меркел - Европа ги преживува најтешките времиња од 1945 година
Камерите за безбедно Скопје не го фатиле убиството на Мартин
(ФОТО) Протест на ДПА за употреба на албанскиот во Собрание
Украдени 12 икони од црквата „Св. Никола“ во струшкото село Радожда
Таксист фатен со 11 килограми марихуана
Брејвик ги призна убиствата, но не се чувствува виновен
Десетгодишно девoјче од Мексико родило син
Поскапуваат автобуските билети на ЈСП
Денот низ фотографии
Разбојништва во Битола и во Врапчиште
Грчката Влада бара доверба од парламентот
Поддршка на „Манифестот на Македониумот“ и во другите градови
Бесими - Буџетот за одбраната во 2012 поголем за 9 отсто
Четири лица загинаа во несреќа на мал авион во Полска
Обама го отвори самитот на АПЕК
Бузек - Монти ќе формира добра влада на Италија
Иванов на меѓународен симпозиум во Париз
ЕУ задоволна од именувањето на Монти
Марио Монти на местото на Берлускони
Денот низ фотографии
Бебе загина во сообраќајка во скопско
Скопје го одбележува Денот на ослободувањето
Замина Берлускони, мајсторот на скандали и гафови
Лековите ќе поевтинат по секоја цена
Ставрос Димас нов шеф на грчката дипломатија
Фатен и втор ограбувач на куќата на Љубе Бошкоски
Обезбедени сите пари за „Скопје сити мол“
Баба и внук ја убиле старицата во старечкиот дом во Радовиш
ДЕНОТ НИЗ ФОТОГРАФИИ
Патнички воз усмрти жена
Демолиран автомобилот на велешкиот градоначалник
Од вторник за возилата мора зимска опрема
Светска банка и одобри на Македонија 100 милиони евра
Починат кандидат со најмногу гласови на изборите за градоначалник
Доживотен затвор за американски војник поради убиство на цивили
Ал Џазира Балканс почнува со емитување програма
Најмалку 12 загинати во последниот земјотрес во Турција
Заврши средбата за утврдување на состав на грчка Влада
ХЕЦ „Бошков мост“ конечно ќе почне да се гради
Попоски: Преговори со ЕУ и паралелно решавање на името
Тројца Македонци загинаа во сообраќајка кај Бујановац
Официјално - малолетници може да возат
До Божиќ Израел ќе го нападне Иран!
Моше Кацав седум години во затвор
„Скопје 2014“ ќе се рекламира на светските ТВ-станици
ДЕНОТ НИЗ ФОТОГРАФИИ
Уапсен грчки државјанин по меѓународна потерница од Интерпол Атина
Државен надомест само осум месеци пред пензија
Одложено судењето за убиството на српскиот турист Новаковиќ
Расте популарноста на Никола Саркози
Генерал Борнеман - НАТО не може да го реши проблемот со името



Никола, 14.11.2011 15:32:53
Единствената цел поради која власта ја спроведува оваа кампања е да ја намали својата одговорност кон судбината на своите граѓани. Сакаат да ја намалат администрацијата и да спроведат чиста пазарна економија со капиталистички пристап. Со оглед на тоа која криза ја доживува приватниот сектор насекаде во светот (исклучувајќи ги банките и останатите мултинационални фирми кои и онака се заштитени од државните органи), успехот на мнозинството граѓани во приватниот сектор изгледа прилично бледо. Но, идејата на власта е да ги натера младите да трошат и инвестираат во опрема и слично (се надеваат дека тоа ќе ја раздвижи економијата), како и дека ќе можат само да ги даночат од евентуалниот успех што би го постигнале. Минимум одговорност, максимум профит. Секој што се обидел во приватниот сектор знае дека многу мал процент учесници успеваат (обично оние најкрволочните и најбезкрупулозните), додека останатите прават големи загуби. Да не го вклучуваме стресот, неограничено работно време, итн..
Димитар, 14.11.2011 15:35:26
Тоа е логичен резултат од начинот на владеење на тековната власт. Која е дилемата на млад човек? 1. Да го одбере потешкиот пат, да учи напорно, да работи напорно, да најде работа или да основа свој бизнис, со голем напор да обезбеди основни услови за живот. 2. Да си земе книшка од ВМРО-ДПМНЕ, малку лепе плакати и го доживее ВМРО-вскиот сон: Од клошар да стане министер.
Рустем, 14.11.2011 15:49:22
Не е важно каква работа сакаат младите. Целата филозофија е следно: -Отежнати услови за кредити од банки. -неспособни политичари кој ке се осмелат да креираат работни места за младите. - политичари кој лажат и кој знаат само да глумат. Од сите овие неколку подточки кој не завршува со тоа , претрпени оследици имаат граганите.
Бардак, 14.11.2011 15:49:29
Идеи за бизнис има, никнуваат и нови бизниси, меѓутоа многу бргу згаснуаваат, нема куповна моќ во РМ, нема пазар. За жал...
ivan, 14.11.2011 16:33:00
pred da se obidat da otvorat sopstven biznis i da registriraat sopstvena firma da se rasprtasaat kolku pari kosta zatvoranjeto na taa fitma oti kako sto rekle stari BABA DALA 5 PARI DA SE FATI NA ORO AMA 5O PARI DALA ZA DA SE PUSTI OD ORO !!!
Goran, 14.11.2011 16:42:48
Za zemjodelstvoto ima 100 miljoni evra subvencii a za otvoranje na nov biznis 0... Epa na sekoj mu e jasno deka bez investicija nema dobivka.
aleks, 14.11.2011 20:38:15
ne e vo red vladata da ja prefrluva vinata za slabiot interes za biznis kaj graganite zatoa sto nema realna pazarna ekonomija vo makedonija vo biznisot uspevaat onie koi se bliski do vlasta i onie koi ke podmackaat ako ne platis reket na nekoj lokalen serif se znae sto te sleduva demoliranje na objekt ili ujp po naracka taka da vlasta neka obezbedi teren poniski davacki ne mesanje na politikata vo biznisot poevtini krediti za bisnis namesto eden kup pari sto se frleni za krajno neprofitabilni investicii i ke vidat deka makedoncite ne se nitu mrzlivi nitu nezainteresirani za biznis.
od taras bulba, 14.11.2011 20:58:10
Ne funkciniraat zakonite vo drzavava i da otvoris nesto ako ti se nameracat ke te zatvorat pa kolku i da si cist ke te unistat.I neka ne prodavaat m... za bubrezi!!!
MIKI, 14.11.2011 21:24:45
TOLKU BESE OD KAPITALIZMOT. SANSATA ZA KAPITLISTICKO EDNOUMIE ZAVRSI ,NO POSEDICITE SE NENORMALNO KATASTROFALNI NEKOLKU SVETSKI VOJNI SE SLUCIJA KAKO POSLEDICA KA OVA KAPITALISTICKO OPSTESTVO .SOCIJALIZMOT E MELEM ILI KOREKTOR NA COVESTVOTO
Risto, 14.11.2011 22:20:08
@Никола Колку си само грешка.Баш и тоа треба да се очекува од владата. Владата би требало да се грижи за 2 работи. 1.За безбедноста на сите граѓани во Р.М 2.Сите закони во Р.М да бидат почитувани Не ни треба министерство за информатика или социјала или сектори за рурален развој. Централна економија секогаш се покажала и секогаш ќе се покаже како неуспешна.Едноставно не може еден човек или мала група на луѓе да знаат како треба да се развива економијата.Треба да се остави пазарот да одлучи. Замислете да ги нема сите непотребни министерства какви би ни биле даноците: 0% ДДВ 0% Данок на имот Да не зборам пак за бирократијата.Тогаш навистина би имале 1 шалтерски систем и нема да треба да се чека 1 година дозвола за започнување на бизнис. До сите кои сега ќе напишат а кој ќе гради тогаш патишта,железници и инфрастуктура.Епа како што можете да видите ние можеме да плаќаме и 99% даноци и тоа нема да смени ништо,повторно најголем дел од парите ќе се крадат.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


ДЕНОТ НИЗ ФОТОГРАФИИ
Убавици разговараат зад сцената пред крунисувањето на Мис независност на стадионот за безбол во Картагена
Најнови вести
Време
Скопје, 1°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 8°C, Мин: -5°C

Среда
Сончево
Макс: 9°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Блог избор
sead93.blog.com


Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |