Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Саботен магазин
24.02.2012, 18:48

Бугарија меѓу топ ски-дестинации во Европа

Ако се спомене ски-одмор во Европа, повеќето луѓе ги замислуваат Алпите. Но, што е со Пирин Планина во Бугарија? Скијањето е одлично, пејзажот е спектакуларен, а билетите за ски-лифтови се достапни

Постојат љубители на фудбалот кои го преферираат искуството од одење на натпревар за да го гледаат. Наместо да ја следат акцијата на теренот, тие ќе го поминат времето фотографирајќи ги нивните пријатели, или стоејќи во ред да купат закуска. Можат да купат и маица – само за да докажат дека биле таму.

Постојат скијачи што се однесуваат слично, т.н. „колекционери на одморалишта“ кои помалку се грижат за вистинското скијање или за атмосферата на некое место, а повеќе за тоа да бидат таму. Наместо Алпите или Аспен, тие преферираат „егзотични“ дестинации како што се Нов Зеланд, Австралија, падините на Етна во Сицилија и... Бугарија.

Бугарија, каде што се наоѓа планинскиот венец Рила, со шестиот највисок врв во Европа, како и популарното одморалиште Банско на Пирин Планина, исто така, има плажи, прекрасни патеки за пешачење и долг список на други привлечни атрибути што придонесуваат да се издвои наспроти потрадиционалните ски-дестинации.

Но, скијањето не е второстепено. Напротив, за вљубениците во спуштањето, оваа земја е вистински златен рудник. Дури и главниот град Софија има своја „домашна“ планина: масивот Витоша, до кој може да се стигне со редовни автобуски врски за помалку од еден час. Посебно спектакуларно време за посета е навечер, кога падините на 2.290 метри се осветлени, а градските светла треперат под планината.



Со автобус до Банско

Витоша не е место за посети ако сакате планински мир (омилено место за младите поради гласната поп-музика). Но, интересно е како место за излез од големиот град. И идеално е за колекционери на одморалишта. За оние што сакаат вистинско бегство во планина, предлогот е Банско. До одморалиштето, што се наоѓа на Пирин Планина, околу 160 км од Софија, лесно се стигнува со автобус или најмен автомобил. Пред дваесет години тоа беше заспано одморалиште, омилено кај Бугарите поради прекрасните падини. Последниве години – благодарение на меѓународните инвеститори – стана ски-центар од европска класа.

Банско, исто така, има историски центар што датира од средниот век, покрај продавници, цркви и ресторани. Но, атмосферата ја даваат современите апартмани и модерни велнес-хотели во одморалиштето.

Банско се' уште се развива, како што потврдуваат многу градежни локации, иако економската криза ги забави работите. За жал – колку што може да открие еден скијач – инфраструктурата не држи темпо со се' поголемиот број хотелски кревети. Редовите и времето на чекање на ски-лифтовите се долги, но самите ски-лифтови се брзи и пријатни – за многу кусо време се стигнува до 2.600 метри над разновидниот и фасцинантен пејзаж. Кога ќе се најдете горе, имате избор на падини од 75 км – не се многу предизвикувачки, но се разновидни и прекрасни.



ПешаЧење и светско наследство

Посетителите можат убаво да го поминат времето разгледувајќи го околниот пејзаж. Поголем дел од Банско е во националниот парк „Пирин“, што се наоѓа на листата на УНЕСКО на светски природни места. Таму има вековни дрва, мали езера, водопади и пештери што треба да се откријат. Главна атракција за скијачите во топ-форма е падината од 16 км што го поврзува Тодорин Врв со Банско и води покрај многу природни убавини.

Банско, исто така, е топ-дестинација за биатлон, но за посетителите кои се помалку спортски ориентирани тоа е идеално место за пешачење. Културните екскурзии до светски познатиот манастир „Рила“ тргнуваат тука. Манастирот е национален споменик и локација од светското наследство на УНЕСКО, и е една од главните туристички атракции во Бугарија. Истото тоа важи за Мелник, со 275 жители, познато по црвеното вино и средновековната архитектура. Назад кон падините. Колекционерите на одморалишта можеби ќе сакаат да се упатат кон Пампорово на југоисток, популарно место за скијачите на скии и на штици. Климата е особено поволна, во просек со 240 сончеви дена во годината. Сите места имаат една голема предност во однос на нивната конкуренција од Алпите: не се скапи! Дневен ски-билет чини најмногу 25 евра. Изнајмување опрема од врвен бренд чини 15 евра дневно или 75 евра неделно. Во споредба, цената на еднонеделен ски-билет во Швајцарија може да чини повеќе од 250 евра. Цените во хотелите и рестораните се 30 отсто пониски отколку во одморалиштата во Централна Европа. Брзата атмосфера на која често се наидува тука е целосно отсутна – темпото е релаксирано. А храната, патем, е вкусна. (Ди велт)


Статијата е прочитана 1378 пати.

Испрати коментар



RIM го објави новиот оперативен систем за Playbook
Репортажа
На „Златна бубамара“ Сашко падна на колена
Многу ме возбудва!
Изгубени во превод како Јамездин
Фемен



Janko od Sofija, 25.02.2012 10:56:53
Jas sam od Bitola, sega studiram vo Sofija. Bansko e vo Pirinska Makedonija i za makedoncite toa e preubava destinacija. Jas definitivno smetam deka nie so blgarite imame ista istorija i so niv sme najvazen politicki i ikkonomicki partneri na Balkanot. Antikvizacijata e laga i demagogija, videte ja vistinata - ZAEDNO MOZEME POVEKE!
анко, 25.02.2012 21:58:46
Реши се Јанко, дал си од Софија или од Битола си.
vasil, 26.02.2012 09:05:01
cudno nesto-- nema komentari od dezurnite antibugari

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Ведро

Сабота
Сончево
Макс: 11°C, Мин: -2°C

Недела
Ведро
Макс: 11°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |