Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Саботен магазин
24.02.2012, 18:32

Смени го каналот

Изгубени во превод како Јамездин

Јасминка Павловска

Познавате ли некој Јамездин? Искрено, до сега лично и ��ерсонално немам запознато некој со такво име, но ако им се верува на вицовите (нели, секоја шега е половина вистина), значителен е бројот на Јамездини во Босна, од генерациите „педесет и некоја“. Традицијата на Јамездините не потекнува ниту од турското владеење со Босна ниту од австро-унгарското, туку директно од Холивуд. Јамездин да ти бил ни помалку ни повеќе Џемс Дин, ама во оригинал на латиница, речиси буква по буква: JAMESDEAN!

Дури и да е виц, навистина звучи вистинито. Напросто човек да поверува дека познава илјадници Јамездини. Како да не се „превод и адаптација“.

Навистина, каде исчезнаа ТВ-кајрончињата на крајот од филмовите, сериите, документарците, каде што пишуваше „превод и адаптација“? Некаде можеби се' уште се појавуваат, но сосема сигурно исчезнаа во синхронизациите на турските серии, кои нели се „носечкиот столб“ на вечерните програмски шеми на неколку телевизии. Ако не се почитува трудот на преведувачите, чија улога во продукцијата на синхронизациите е од примарно значење, за да им се стави потписот, тогаш барем како гледачи да дознаеме кој создава „јамездини“, „шарлкени“, „доџови“...

Хроничните зависници од „Величествениот“ веројатно и не забележале, а и ако забележале, мислеле дека така треба да биде, но историските ликови кои се споменуваат во серијата, а не се од турско потекло се изговараат во турските варијанти. „Извесниот“ Шарлкен, најголемиот противник на султанот Сулејман, навистина не се појавил со „лик и тело“ во серијата, но толку често е споменуван што наведува на логиката дека е вистински историски лик. Е тој Шарлкен на македонски јазик е познат како Карло Петти. Во историјата е познат како еден од најмоќните владетели во историјата на Европа, кој владеел во 16 век речиси со два третини од Западна Европа (денешни Шпанија, Бенелукс, Австрија, Германија, поголемиот дел од Италија) и половина Јужна Америка како колонија. Тогашниот свет од 16 век, општо земено, бил поделен меѓу Карло Петти (кого Турците и Французите го нарекуваат Шарлкен, според француската варијанта Charles Quint) и Сулејман Величествениот.

Но, ако можеби поретко сме слушале за Карло Петти на македонски јазик, венецијанскиот дужд, никогаш не бил нарекуван „доџ“. За волја на вистината, многумина „доџот“ го идентификуваат како марка на теренско возило, но оној што во синхронизираната турска серија се нарекува „венецијанскиот доџ“, всушност, е „венецијанскиот дужд“. Покрај овие несмасности, кои упорно се повторуваат во преводот, многубројни и забележителни се забуните во родот на ликовите, кои веројатно потекнуваат од граматички недефинираниот род во турскиот јазик.

Нели една од причините за воведувањето на синхронизацијата беше македонскиот јазик да се слуша почесто на телевизија. Навистина во лексиката на македонскиот јазик многу турски зборови се „признаени“ како архаизми, но ниту Карло Петти е турско име, ниту дуждот доаѓа од Турција, а во македонскиот јазик отсекогаш имало машки, женски и среден род во именските зборови. Сето тоа, ако се случува еднаш, може и да мине незабележано, вторпат симпатично како „јамездин“, но кога станува хронично, тогаш сигурно е дека е потребна соодветна терапија! Или барем професионални „превод и адаптација“ во духот на македонскиот јазик. За да не завршиме како виц во кој историјата е половина шега, половина вистина, или изгубени во преводот како Јамездин!


Статијата е прочитана 2664 пати.

Испрати коментар



RIM го објави новиот оперативен систем за Playbook
Бугарија меѓу топ ски-дестинации во Европа
Репортажа
На „Златна бубамара“ Са��ко падна на колена
Многу ме возбудва!
Фемен



jovan, 25.02.2012 01:04:03
Sto se cudite. Koga izleze onoj Zakon/standard HASSP (za prehrana), na nekoj televizii i reklami go narekuvaaa NASR. Si go citaa na kirilica.
Петар, 25.02.2012 08:57:43
Не треба да се оди во Турција и Шпанија за да се видат полно глупости што се случуваат со нашиот јазик. Земете ја на пример мобилната компанија ОNE. На нејзините фактури и други документи на кирилица е напишано ОНЕ а службеничката ми чита УАН. Викам,„ девојче зошто овој збор го читаш УАН кога убаво пише ОНЕ?“. Таа вели: „Па така е името на фирмата“. „Па ако е така, така и напишете го“, одговарам. Но со образованието кое го има девојчето не верувам дека ме разбра што сакав да и’ кажам.
Јамесдеан, 25.02.2012 14:43:31
Ама луѓе, не само што можеме да завршиме во некој виц, туку може уште пострашно да ни се случи со текот на времето, особено со неправилното акцентирање на зборовите во сите електронски медиуми, па дури и на националните. А акцентот во македонскиот јазик е точно дефиниран. Па после се чудиме зошто ни го поистоветуваат со соседните.
maja, 26.02.2012 20:18:37
Прекрасна тема -вечно актуелна, поточно секој ден се поактуелна!Колку академски граѓани или интелектуалци(ако сакате) немаат елементарни познавања од правописот (пишување на голема буква, одвоено пишување на негацијата -не- кај глаголите итн.итн.).А Правописот (како помагало) не е ниту скап , ниту голем (тежок) да се има секогаш покрај себе.Кога не си сигурен како е правилно-погледни во Правописот!Задоволство е напишаниот текст да нема правописни грешки.Друга тема, многу важна, е употребата на немакедонски букви во македонскиот јазик-т,п,н !!! Да се погрижиме за јазикот и писмото МАКЕДОНСКО!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 14°C

Ведро

Сабота
Сончево
Макс: 11°C, Мин: -2°C

Недела
Ведро
Макс: 11°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |