Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Саботен магазин
24.02.2012, 18:29

Фемен: Голи Украинки против мачоистичката доминација

Топлес-протестите се многу познати низ Европа бидејќи активистките на „Фемен“ постојат уште од 2008 година. Столбот на движењето го сочинуваат студентки меѓу 18 и 20 години

Откако првпат се појавија во Киев, пред четири години, активистките на женското движење „Фемен“, познати по топлес-протестите, не се стегаа во борбата за женски права да му ги покажат своите облини на целиот свет. Се чинеше дека нивната радикална борба го достигна врвот кога Александра Шевченко прошета разголена пред базиликата „Свети Петар“ во Ватикан.

Облечена во провокативна, проѕирна црна блуза, Александра се појави по обраќањето на папата Бенедикт Шеснаесетти на верниците. И додека поголемиот број собрани ги влечеа своите деца на страна, покривајќи им ги очите со раце, имаше и пријатно изненадени припадници на машката популација, кои гестот на Александра го поздравија со мавтање.

Во рок од неколку минути се појави италијанската полиција и ги приведе Александра и нејзините две соработнички.

Но тоа не беше последната акција, ниту кулминација на нивната активност. Тоа не е првпат активистките на „Фемен“ да се најдат пред полицијата, бидејќи во текот на многубројните топлес-протести биле приведувани поради „нарушување на јавниот ред“. Пред десетина дена освен што беа редовна цел на полицијата, ниту студот од минус 31 Целзиусов степен не ги спречи да се разголат пред зградата на „Газпром“ во Москва, за да протестираат против монополските уцени со гасот на руската фирма кон нивната матична Украина, но и половина Европа.

На 27 октомври 2010, беа уапсени шест активистки, кога полуголи и со провокативни натписи на плакатите, пред споменикот на Ленин во Киев, се спротивставија на влијанието на Русија врз украинската политика.

Топлес-протестите се многу познати низ Европа бидејќи активистките на „Фемен“ постојат уште од 2008 година. Столбот на движењето го сочинуваат студентки меѓу 18 и 20 години, а една од најстарите членки е токму основачката Ана Хустол, која има 28 години. Лидерката Хустол тогаш изјавила дека „планираат уште протести“.

„Ние сме мала армија од 300 студентки и сакаме да го свртиме вниманието на јавноста, на правата на украинските жени, но и на другите општествени проблеми. Соблекувањето беше начин да го свртиме вниманието на нашите ставови. Телото е се' што имаме и не се срамиме од тоа“, раскажала Ана. Таа објаснила дека движењето го финансираат многубројни деловни луѓе и локални бизнисмени, кои ги поддржуваат.

Организацијата стекна светска слава благодарение на топлес-протестите против сексизмот, како и другите облици на националните и општествени болести. Целта на организацијата е „развивање лидерство, интелектуални и морални квалитети кај младите жени, како и „да се изгради подобар имиџ на Украина, земја со големи можности за жените“.

Со оглед дека движењето „Фемен“ во релативно краток период станало многу популарно и без финансиска помош има собрано 15.000 членови, имаат намера активно да се вклучат во украинскиот политички живот, основајќи феминистичка партија. Од движењето најавиле дека ќе се обидат како политичка партија и да го најдат своето место во парламентот.

Овие цели имаат културолошко упориште во украинската историја и култура, каде што жената отсекогаш била доминантна спрема мажот. Тие општествени карактеристики во украинското општество, особено во југоисточна Украина, значително почнале да се менуваат со воспоставувањето на Советскиот Сојуз и доселување на многубројна руска популација по Втората светска војна. Денес во украинското општество, како и во многу европски држави, е создадена слика дека мажот има предност пред жената, што е во спротивност со украинските традиционални вредности.

Мажите во Украина акциите на „Фемен“ главно ги оценуваат како „бесмислени“ и „невкусни“, додека повеќето жени се импресионирани, а илјадници од нив отворено им даваат поддршка преку „Фејсбук“ и другите социјални мрежи.


Статијата е прочитана 272 пати.

Испрати коментар



RIM го објави новиот оперативен систем за Playbook
Бугарија меѓу топ ски-дестинации во Европа
Репортажа
На „Златна бубамара“ Сашко падна на колена
Многу ме возбудва!
Изгубени во превод како Јамездин

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Ведро

Сабота
Сончево
Макс: 11°C, Мин: -2°C

Недела
Ведро
Макс: 11°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |