Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Саботен магазин
24.02.2012, 18:51

RIM го објави новиот оперативен систем за Playbook

Меѓу новостите се сопствената мејл-апликација, интеграцијата со социјалните мрежи и опцијата со која таблетот може да стане да��ечински управувач

Никола Бурагев

Компанијата Research In Motion го објави оперативниот систем Блекбери PlayBook 2.0 за својот таблет-компјутер со екран со дијагонала од седум инчи (17,7 сантиметри). Бесплатната надградба е достапна од пред неколку дена. Новата верзија на платформата е компатибилна со одредени апликации на оперативниот систем „Андроид“, а RIM најави дека неговата онлајн-продавница BlackBerry App World ќе биде надградена со одреден број апликации за „Андроид“, кои ќе работат и на таблетот PlayBook.

Иако PlayBook прв пат се појави на пазарот во април 2011 година, во RIM одлучија да го пуштат без сопствен мејл-клиент. За пристап до електронската пошта, корисниците мораа да го спојуваат таблетот со некој смартфон Блекбери или, пак, да го користат интернет- прегледникот на уредот.

Се чини дека компанијата сакаше што е можно побрзо да влезе на пазарот на кој моментно доминира „Епл“ и притоа да ја поттикне продажбата на мобилните телефони. Оваа стратегија не се покажа како успешна, па грешката сега се обидуваат да ја исправат со верзија 2.0.

Што е уште ново? Апликацијата Print To Go има нова верзија, апдејтуваната тастатура на екранот подобро предвидува што ќе отчукате и ги исправува грешките кои ви се поткраднуваат, а подобрена е и интеграцијата со Facebook, Twitter и LinkedIn во рамките на целиот оперативен систем. Засилен е и BlackBerry Bridge, така што таблетот можете да го користите како далечински управувач.

RIM исто така го пушти на пазарот и првото издание на BlackBerry Mobile Fusion, алатка за управување со неговите таблет-уреди и смартфони во бизнис-опкружување. Комплетната верзија, која ќе содржи и можности за управување во мобилните платформи iOS и Android, би требало да се појави во март оваа година.

Наскоро пристигнува Office за iPad?


Софтверскиот гигант „Мајкрософт“ неодамна ја лансираше апликацијата OneNote за таблетот на „Епл“, iPad. За проширената верзија на целиот пакет Office се зборува веќе некое време. Се претпоставува дека ќе се појави во текот на оваа година.

Според последните наводи, до тоа би можело да дојде за некоја недела, пишува „Телеграф“. Наводно, Office за iPad ќе биде дизајниран во согласност со тачскрин-интерфејсот Метро, кое „Мајкрософт“ го користи во својата нова верзија нa Windows 8. Според неофицијални извори, фајловите во Word, Excel и PowerPoint ќе можат да бидат креирани и едитирани на самиот уред и онлајн.

Не е само јасно дали ќе биде потребно да се инсталира Office на iPad или ќе станува збор за услуга во компјутерскиот облак. Исто така не е познато дали ќе бидат вклучени другите канцелариски апликации, кои се значително попрофитабилни од целиот оддел кој се занимава со Windows.

„Мајкрософт“ наводно се' уште не развива верзија на Office за оперативниот систем на „Гугл“, Андроид. Најверојатно се чека таблет-уредите кои работат на оваа платформа да станат попопуларни.

Големите компании договорија заедничка заштита на приватноста

Мобилните апликации ќе мора да ве известат како ќе ги користат вашите приватни податоци пред да ги симнете од интернет. Е сега, дали ќе го читате тоа, останува на вас.

Шест големи компании, меѓу кои се и „Епл“, „Гугл“ и „Мајкрософт“ ги договорија правилата со кои би требало да се обезбеди подобра заштита на корисничките податоци кога се во прашање мобилните апликации, пишува „Гардијан“.

Договорот е постигнат по критиките за „крадење“ податоци со помош на апликации кои не нудат јасно објаснување за тоа колку лични податоци (како на пример, именикот) ќе соберат од своите корисници.

„Гугл“ се најде на удар и затоа што најави промени во својата политика на заштита на приватноста, како и поради заобиколувањето на безбедносните поставки во прелистувачите кои ги користат милионите љубители на производите на „Епл“, како и на IE на „Мајкрософт“.

Новиот договор ги обврзува Амазон, Епл, Мајкрософт, РИМ (производителот на Блекбери) и ХП, како и програмерите кои развиваат софтвер за нивните платформи, на тоа апликацијата која ќе ја симнете да ви укаже како и кои ваши податоци се потребни за нејзиното користење, пред да го сторите тоа.

Според податоците од калифорниското Државно обвинителство, 22 од 30 преземени апликации немаат такви известувања.

Регулирањето на оваа проблематика станува важно, имајќи ги предвид податоците според кои App Store на „Епл“ нуди околу 600.000 вакви апликации, Android Market на „Гугл“ 400.000, а досега се симнати повеќе од 35 милијарди вакви апли��ации, на чиј развој работат повеќе од 50.000 програмери.

Се проценува дека до 2015 година ќе бидат симнати речиси 100 милијарди апликации за паметни телефони.

HP овозможува скенирање 3Д-документи со револуционерна технологија

Едноставниот мултифункционален принтер (MFP), со пристапни цени, HP TopShot LaserJet Pro M275, кој и' беше претставен на јавноста на 1 февруари, им овозможува на малите и средните претпријатија да создадат материјали кои ќе им помогнат да се издвојат од нивните конкуренти, како и флексибилност да стигнат брзо до нивните онлајн-клиенти.

Скенерот HP TopShot LaserJet Pro M275 овозможува создавање на фасцинантни впечатливи слики, со што почнува револуција во скенирањето на 3D-предмети и документи.

Опремен со HP TopShot Scanning – камера со висококвалитетни оптички леќи и сензор со висока резолуција кој е вграден во споените шарки над уредот, HP TopShot LaserJet Pro M275 претставува нова категорија на мултифункционални печатачи.

Технологијата на овој принтер прави шест фотографии од еден 3D предмет – три од различни агли и три во различни амбиентално осветлени услови со различни нивоа на експозиција – кои потоа ги комбинира во една слика со висока резолуција и неверојатна длабочина на фокусот. Корисниците на новиот HP TopShot LaserJet Pro M275 можат брзо и лесно да скенираат документи и помали предмети и да ги интегрираат висококвалитетните слики во извештаите за работата на нивното претпријатие.

„HP TopShot технологијата ми овозможи да заштедам време и пари“, изјави Ким Брајт, сопственик на „Graphics in Bloom“, мало претпријатие за графички дизајн. „Повеќе нема потреба да организирам комплицирани фотосесии, со специфично осветлување и поставување за да имам квалитетни фотографии од производите. Едноставно, го употребувам мојот HP TopShot и за само неколку секунди имам кристални дигитални фотографии“.

LG го претстави смартфонот Optimus LTE Tag

ПKомпанијата LG го претстави новиот LTE паметен телефон - Optimus LTE Tag. По големиот глобален успех на моделот Optimus LTE, првиот HD LTE смартфон на светот, LG продолжува со унапредување на своите модели кои ја користат оваа напредна технологија и тоа со воведување иновативни карактеристики како LG Tag+ опцијата.

Optimus LTE Tag моделот поседува дуал-кор процесор со брзина од од 1.2 GHz и IPS екран со дијагонала од 4,3 инчи (резолуција 800х480). Овој модел користи оперативен систем Android 2.3 Gingerbread, додека во наредниот период ќе биде достапна и верзијата Android 4.0 Ice Cream Sandwich оперативен систем за овој модел. Поседува и задна петмегапикселна камера и предна камера за видеоповици со резолуција од 1,3 мегапиксели.

 


Статијата е прочитана 177 пати.

Испрати коментар



Бугарија меѓу топ ски-дестинации во Европа
Репортажа
На „Златна бубамара“ Сашко падна на колена
Многу ме возбудва!
Изгубени во превод како Јамездин
Фемен

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Ведро

Сабота
Сончево
Макс: 11°C, Мин: -2°C

Недела
Ведро
Макс: 11°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |