13.11.2011, 17:35 Мислења
Труманово шоу
Ивор Мицковски
Неколкуте интервјуа на премиерот покажаа дека тоа е повторно гласот на истиот продавач, на една иста реклама, која ни ја продаваат 6 години
Груевски подобро ја извртуваше реалноста кога одеше кај Миленко или кај Јанко. Тогаш тоа најчесто го правеше сам или со помош на водителот. Сега кога се појави и во други медиуми, самите новинари или најголем дел од нив, ја извртуваат реалноста за него. Го прогласија за крал на ТВ-екраните, човек што знае што е попустливост и умереност, дека неговата ПР-кампања била генијална.
Прво, не е ПР-кампања ако се појавиш секаде без трошка воздржување и без чувство за самоконтрола. Второ, не е поентата само да се појавиш негде, туку треба и нешто да кажеш, се разбира, доколку ти ги постават вистинските прашања. Трето, новинарите се првите и основни спин-мајстори на Груевски, тие ја завршуваат работата која порано мораше самиот премиер и неговиот тим да ја одработуваат.
На тој начин, власта постигна неколку цели. Прво, Груевски не даде одговор на ниту едно важно, суштинско или реално прашање кое ги засега граѓаните, кое ја засега правдата или здравиот разум. Груевски успеа уште еднаш со неговиот смешен говор да го дефокусира вниманието и да ги забавува гледачите.
Благодарение на новинарите и на нивната слаба примена на струката, повторно се пеглаа лошите страни на ваквото однесување, а, наводно, позитивните се хиперпотенцираа. Премиерот можеби не оставил простор за прашања, можеби само зборувал за своите политики и ја напаѓал опозицијата, ама бил модерен, бил „тренди“, знаел да се носи во улогата на опозиционер. Па, Груевски глуми опозиционер веќе 6 години, сега ли ви текна дека тоа му стои, тоа е единствено нешто што знае да го прави. А, дали е „тренди“, ќе оставам самите да си процените, јас лично во иднина ќе внимавам каде и за кого ќе ја употребувам таа квалификација.
Што произлезе од овие настапи на премиерот? Вистината или барем дискусијата за вистинските проблеми повторно изостана. Уште еднаш се потврди дека настапите на Груевски се врв на хипокризијата и ароганцијата. Тој повторно заборава дека е премиер на сите граѓани! Настрана цинизмот и вештото извлекување од непријатни ситуации, што ново понуди дискурсот на премиерот? По којзнае кој пат си се самопрогласи за врвен бранител на националните интереси и ни соопшти дека бил во хармонија со народот. Тоа што, пак, произлегува од поттекстот на сите негови интервјуа е дека ниту наредната година граѓаните не треба да очекуваат какви било суштински промени или случувања. Тој, пак, ќе се правда со некаква виша сила, повторно ќе слушаме само за името, за грчката криза, за европската непринципиелност.
Неколку зборови и едно кратко појаснување околу тешката артилерија, фразата која требаше да го насмее народот, а, всушност, го направи смешен Груевски. Еве, ќе ви кажам зошто! Таки Фити и Никола Поповски во својата работа како министри за финансии не им се залепи ниту една афера од корупциски или од криминален карактер. Второ, на академско и на научно поле ова се луѓе кои имаат име зад себе и многу повисоко котираат од премиерот. Груевски пак, само како министер за финансии имаше барем неколку сериозни афери зад себе. Ќе потсетам на неколку: продажбата на Телеком, штетната продажбата на ОКТА, најкриминална приватизација во историјата на Македонија, аферата „Националната платежна картичка“ каде директор беше братучедот на Груевски и од каде се проневерија милионски суми и повеќето станови на Груевски купени во времето на воениот конфликт. Верувам дека разликата е јасна, како што е јасно колку Груевски беше низок и мизерен со фразата за тешката артилерија, која требаше да го забавува народот, а само уште толку го закопа премиерот.
Премиерот се надмина во уметноста да кажува многу за да не каже ништо, да се брани зад генеричните „не ми делува така“, „не се согласувам“ или класичното „другите се виновни за се'“. И тука ја добиваме сликата и суштината на начинот на кој Груевски владее. Секогаш треба да доминира формата над суштината, привидното треба постојано да го узурпира реалното. Тоа не е класичниот вординг на еден политичар, тоа е повторно гласот на истиот продавач, на една иста реклама, која само со различна позадина ни ја продаваат веќе 6 години. Таков е говорот во рекламата - се продава нешто што не постои во реалноста и е наменето за човекот кој не го интересира политиката, но е залепен за телевизорот и продавачот добро го знае тоа.
За оној што ја продава рекламата не постои криза, не постојат проблеми, туку еден мирен и сталожен свет, паралелен на оној реалниот. Реалноста е надвор од рекламата, па се лажеме дека реалноста не постои. Кога ќе се случи некаква катастрофа или трагедија, тогаш продавачот на реклами или го има или го нема зависно од неговите интереси. Гори манастир или музеј и нашиот премиер е во првите борбени редови! Владин службеник убива мом��е или владиното мнозинство гласа амнестија и премиерот никаде го нема, ни случајно не се појавува на тие „реклами“.
Затоа ќе се согласам, овој Груевски е нашиот најдобар продукт на телевизија, но тој не е актерот, тој е режисерот. Ние сме актерите, а тој е човекот кој го води шоуто што доминира над мозоците на луѓето. Сево ова е само последната епизода од шоуто на Труман, но, ако ви текнува, на крајот, шоуто го пере мозокот и на самиот демиург.
Ви текнува ли на крајот од филмот? Труман, херојот во бегство, стигнува до крајот на светот што дотогаш го познава, за да открие дека станува збор за огромно телевизиско студио. Од режисерката кабина следува повикот до Труман кој кога ја открива вистината прашува: „Кој сум јас? – Ти си ѕвездата, одговара режисерот! – Но, тука ништо не е вистинито! – Ти беше вистински Труман! Затоа и беше толку убаво човек да те гледа. Послушај ме Труман, таму надвор нема да најдеш повеќе вистина од светот кој јас го создадов за тебе: истата хипокризија, истите манипулации, само во мојот свет немаш од што да стравуваш. Јас те познавам подобро од самиот себе. Ти си уплашен. Затоа не можеш да заминеш“. Стакленото ѕвоно се крши во моментот кога Труман силно ќе се насмее и пред да излезе од студиото ја повторува завршната фраза од секоја епизода: „Се надевам дека повеќе нема да ве видам, добро попладне, добра вечер и лека ноќ“!
Такво ќе биде и нашето будење, но тоа нема да биде лесно затоа што сите ние секојдневно придонесуваме во градење на стакленото ѕвоно, со лажни хоризонти, лажно небо, со лажни дни и лажни ноќи. Голем дел од нашиот народ е навикнат на рекламите, навикнат е да се плаши и помеѓу стравот и реалноста одбира да биде уплашен и во виртуелниот свет. Да се излезе од Трумановото шоу значи да се прифати стравот, да се биде храбар и да не подлегнеме на дефетизмот. Но, уште повеќе, значи да се биде свесен дека ако се излезе, тогаш кога ќе се излезе, ништо нема да биде исто на светот во кој што сме се навикнале да живееме.
Долго време сме на дното и не' очекува тешко искачување. Тоа е нашата реалност. Според Славој Жижек, сите утопии се обидуваат да ја елиминираат „вревата од дното“, односно, да ја елиминираат реалноста. Ќе знаеме ли да ја чуеме таа „вревата“, да ја разбереме, да и' го вратиме просторот што го заслужува?
(Авторот е аналитичар од СДСМ) |
|
Статијата е прочитана 1599 пати.
|
Испрати коментар
|
|
devicanecot, 14.11.2011 00:46:17 | Почитуван аналитичару..под наводници од СДСМ,
Прочитајте го последното интервју на Вашиот пензионер претседател во овој весник од завчера, па после коментрирајте за власта.
Уште повеќе, проанализирајте ги реакциите, односно коментарите на читателите.
Коректно би било да си го исчистите најпрво својот двор...да напишете прогарама и рокови на извршување, одговорности на носителите на програмата, ама таа да биде издржана и да води кон доброто на сите во Македонија. А не само празни ветувања, еквилибристики и да не речам..лажење на народот.
Со работа се победува и оди напред, а не со пишувања, клевети и навреди без основа. |
| jovan, 14.11.2011 00:47:47 | Bitno e toa deka 6 godini uspesno prodavaat. Dali se oni dobri prodavaci ili pa kupuvacite se glupavi, toa e najmalku bitno za onoj koj prodava. Bitno robata mu se trosi, a stom se trosi, znaci ili e dobra, ili nema druga ponuda. |
| sasko, 14.11.2011 02:11:52 | sekoja cest za napisanoto !!!se nadevam deka sekoj sto kego procita kese zamisli malku, dali e vreme da izlezee od virtuelniot svet vo koj zapadna Makedonija predvodena od kvazi pastirot....p.c..vreme e za budenje narode.!!! |
| Eli, 14.11.2011 02:53:19 | Cestitki za komentarot.
Ovoj narod zasluzuva podobra vlada. |
| preroden, 14.11.2011 04:46:07 | До Девичанецот и сите како него.После толку АРГУМЕНТИ изнесени во Колумнава, за да коментираш така, поистојат две причини: или си ептен ,,исчистен,,(со испран мозок) или одамна не си ДЕВИЦА(нецот). |
| ZRAK, 14.11.2011 06:38:27 | mnogu Branuvas,a za Jovan;robata e losa,ama na nasiot pazar zasega najdobra,kupuvacite ne se glupavi tuku nemaat izbor.Ajde ti izberi eden od ovie krimi proizvodi;bc,grujo,ljubco,cile,bucko,singo,stojan,frcko,t.petkovski,............. |
| krste, 14.11.2011 08:06:29 | Se e dobro, samo nemoj te molam da go branis Nikola Popovski. |
| Za devicanecot, 14.11.2011 08:46:33 | A vo programata na truman stoese deka ce ima amnestija za dzelatite na mavrovskite rabotnici, deka rabotnicite na makedonijapat nema da zemaat plata, ama ce ima reklami za Vladata, deka ce nema oprema i lekovi vo bolnicite pa ce odite vo privatnoto zdrastvo, deka ucilista ce nemaat toaleti ama ce ima teniski igralista...? |
| никогаш, 14.11.2011 08:52:24 | Стакленото ѕвоно никогаш нема да се скрши и Македонија вечно ќе остане да живее во илузии и соништа.Политиката на Груевски го затвори македонскиот народ во чаура од која многу тешко ќе може да излезе.Ако Груевски го сакаше својот народ,а не власта,место лавови ќе градеше школи,наместо триумфални капии - болници,наместо споменици - патишта.Она што го прави Груевски ја храни само болната сујета кај народот,и од тоа нема никаква корист за квалитетот на животот.Наместо да се грижи за иднината,тој на народот му го разубавува минатото.Лажната слика за „славното“ минато и „важноста“ на овој народ што ја создава Груевски,не може да го подобри секојдневниот живот.Од никого не е загрозена Македонија,од никого толку многу како од Груевски. |
| Istocna Makedonija, 14.11.2011 08:57:45 | Istoriski verifikuvana nepobitna situacija:Kritiki
od aspekt na opozicionerstvo imaat bazicnost i
validnost i edinstveno produktiraat reakcija na
atakiraniot vlastodrzec vo stil,a vie sto pravev
te.Znaci,i ednite i drugite imaat ,,argumenti,,-
kaza vo kultniot ,,Kum,,epohalniot Brando.Kru
cijalno prasanje e dali,imaat ,,argumenti,,sens
kapacitet da ja povedat zemjava vo elitatana evropski semejstva.Da go stacioniraat ovoj
narod vo uslovi na popodnosliv zivot,vo pristo
nost,a ne vo inferiorna,beznadezna perspekti
vnost.Tocno,iako proizodot e nekvaliteten,a se prodava na pazarot,toj e konjukturen!Ama
koi se konsumentite na,,proizovodot,,i dali e toa narodot na koj politickite oponenti se po-
vikuvaat?Ne,so nad 400.000 votanti,ednite,
drugite so nad 350.000 na poslednive izbori
nesto nad 20 i kusur posto od populacijata vo
drzavata,NE MOZAT da se povikuvaat na na-
rod,tuku na svoe cvrsto glasacko telo!I,blis-
ka istoriska retrospektiva.Presovi imaa i komu
nistickite di |
| Коментатор, 14.11.2011 09:01:56 | Жално е кога пациентот не верува во дијагнозата на својот докторот (електорат во овој случај). За опсесивното повторување на термините уплашен, изолиран, стаклено ѕвоно, психологијата вели дека претерано и подсвесно ги употребува некој кој страда од тие симптоми.Нека излезат едноставно меѓу граѓаните и ќе видат дека нема веќе уплашен народ во МК туку горд, образован, политички мудар и цивилизиран. СДСМ продолжува да го толкува народот како тупо стадо кое го води оној кој повеќе ќе го уплаши и покрај редовните порази на овој пристап на проповедниците на катаклизми на серија избори.Многумина од СДСМ излегоа од Трумановото шоу и бараат конструктивен пат во политичката борба, но за последните мохиканци тоа е премногу болен процес и преферираат да останат во виртуелната СДСМ-реалност на несфатени политичари налутени на народот кој ете не ги препознава како спасители на МК. Остана само мечтата дека граѓаните ќе се разбуделе од сон и со огромен елан ќе се фрлеле во рацете на Б.Ц.;-) |
| Македонец, 14.11.2011 10:22:40 | Ти бе нас за малоумни не мислиш???? А да ��рестанете да кодошите и да етикетирате и да се фатите вие и вашите од партијата СДСМ да работите, да покажете некоја идеја. Во овие дваесет години од вас видов само демагогија и говори без никаква цел. А каква е оваа власт и што ќе заслужи ќе се види на наредните избори (ако се како вас и таа ќе падне во бездната)... а за тоа време се надевам СДСМ има доволно време интелектуално да созрее...
P.S.
Со геријатрискиот оддел што го направивте тешко дека ќе успеете да созреете |
| ФЕЛИКС, 14.11.2011 11:02:40 | Од една страна аналитичарот ептен стручно ни ја одслика ПР-кампањата на премиерот,но од друга страна нема каква ПР-кампања има детулето-лидерско губитничко.И читаме на други места да се спрема ,,кукурику ДОС,, за рушење легална и легитимна власт.Па така детулето се појави со куку-рику покани да сите изборни губитници се слеат под едно знаме.Иако партиските програми не им се 100% исти,но се приближни.Имаме од една страна заговорници за партиска федерализација,од втора страна заговорници за државна федерализација,од трета страна ѕидари на националниот ѕид кај Групчин и т.н Би било пожелно и интересантно аналитичарот во следниот напис аналитички ја опсервира оваа ,,величенствена,, ПР-програма |
| milan, 14.11.2011 11:44:58 | Za arogantnite i nadmenite tipovi postoi edna mala definicija;-ostavi go toj se izmetnal po tabiet na babamu a taa sirota pocinala od gluposti.Dosta mi e od negatorski komentatori kako devicanec komentator feliks i slicni sto sekogas gi negirat dobrite i izdrzani argumenti.Razlikata e vo toa sto jas kako simpatizer na SDSM smeam da kazam se sto ne e dobro vo partijata /na primer okolu Buckovski, Spasov i sl a vie platenite komentatori ne smeete protiv vasiot DPMNE ni da zucnete./ cudno se e vo red spored DPMNE vo drzavata a narodot strada. |
| Idiot, 14.11.2011 12:14:07 | Bracata i sestrite od DPMNE ne li se obracunaa so site neprijeteli i prepreki sto im stojat na patot? Pa koj im gi sega kvari smetkite i sto treba da storime za da konecno tokmu tie, kako vlast, bidat odgovorni za rezultatite od svoeto (ne)rabotenje, a ne Branko i SDSM, odnosno opozicijata. Ima li voopsto na ovoj svet nekoj vmro-vec koj ce priznae barem edna greska, koj ce upati edna kritika, bidejki nikoj ne e bezgresen, posebno toj sto raboti 24/7. Cudo se! Nazalost vo negativna smisla. |
| cane sokolovski-toronto, 14.11.2011 14:48:18 | Kritikata e edna od nelolkute raboti koi go dvizat opstestvoto vo progres. Kritikata, duri i neobjektivnata kritika e edinstvena brana so koja ase sprecuva vlasta da ja zloupotrebi svojata mok. Jas ne sum SDSMovec, niti nivni podrzuvac, ama fakt, mozebi ne mnogu, deka vo SDSM liderot moze da se kritikuva. Dali toa e slucaj co VMRO, kade el Duce bese izbran zo samo edno nevazecko lite? E toa e demokratija! |
| deko, 14.11.2011 15:29:47 | Ivor vece si smesen so analizite na rabotata na N.Gruevski.Dali znaes sto se slucuva vo svetot,edna Grcija e pred kolaps,Italija,Portugalija itn.Sto mislis edni takvi vele-sili se pred finansiski kolaps a ti uporno baras vlakno vo jajce na rabotata na ovaa vlada koja sama raboti i iako e nadvor od EU podobro se spravuva so krizata od poveketo zemji od EU.Dali samo malku mozes da zamislis ako bese papata premier sega. ke nemavme ni toalet hartija da kupime a ne daj boze drugo.Zatoa ako si platen od sdsm te razbiram a ako ne si platen od niv te zalam. |
| jas, 14.11.2011 17:21:15 | decko, ti samo pisuvaj si i konstantno raskrinkuvaj ja nasata prerodba, nadgradba i verojatno voznes do nebesata. Nie te razbirame od zbor do zbor a onie voznesenite od uspesite na site polinja, ke go sfatat ovaa malku pokasno. I taka nanazad vo istorijata groto na ovoj narod posleden gi sfakal site istoriski promeni vo svetot, a nie gi ostvaruvavme posledni vo se. I ne slucajno sme na opaskata na site vrednosni rangiranja za kvalitet na ziveenje vo evropa. ( UNDP). |
| jas od usa, 14.11.2011 20:01:53 | bravo ivore ne obzirajse na platenite so isprani mozoci vmrovci oti idrugo ne se sposobni da pravat osven amin na pastirot zmrznati se vo frizider za dlaboko zalno e sto site stadame isto dozvolivme ne pismena raja um da ni soli a itelektualcite go prodale g...t zanekoe evro gi nema nigde kade odis moja makedonijo |
| do cane, 14.11.2011 21:00:09 | No i Branko bese reizbran bez kandidat,no i bez edno livce protiv nego.Koj toa sdsmovec koj e sega vo partijata go kritikuva Branko?Nikoj,zosto ke ostane bez partiska funkcija. |
| Ajta, 14.11.2011 21:32:15 | Gruevski go pravi toa shto ne go pravi opozicijata. Drag prijatelu, cel svet znae deka Grujo e vtor Milosevic. Toa voopsto ne e sporno. No, razgovaraj so diplomati od vaznite drzavi pa ke vidis shto ke ti recat. Od prilike vaka: Ok moze brzo da se srusi Gruevski, no koj treba da dojde. Ako ima spomnuvas Branko, ke se iznasmejat i ke te pravat budala. Se bara novo lice, nov pristap. Covek so ideal. Branko e istrosena baterija. Treba na covekot da mu se kaze. Dosta od poltroni. Vratete gi Sekerinska i Zaev. Dajte i vreme, pa ke vidite. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
ДЕНОТ НИЗ ФОТОГРАФИИ Гајдаши стојат на воените гробишта на Коминвелтот во Рамл во близина на Тел Авив, пред комеморативната церемонија за паднатите борци |
Време
|
Скопје, 1°C
Ведро
|
Вторник
Ведро
Макс: 8°C, Мин: -5°C
|
Среда
Сончево
Макс: 9°C, Мин: -6°C
|
|
|
|
|
|