15.08.2013, 18:02 Мислења
Што да се прави?
Гордан Георгиев
Кои се вистинските потреби на народот? Се' додека немаме одлучен одговор на ова прашање, кај народот ќе остане сомнежот дека и алтернативната елита може да го манипулира општеството на сличен начин како и сегашнава
ОЧИ ШИРУМ ОТВОРЕНИ
Во ова зрело лето, кога ништо не мрда, а ни се подготвува уште една тешка есен, кога државната „зимница“ одамна е потрошена и неминовно следи ребаланс на буџетот или пак некакво ново задолжување, добро е да се постават работите малку подолгорочно. Да се навратиме на Маркс, па дури и на Ленин, како можна инспирација и одново да ги „прочитаме“ пораките, сместени во старо-новото руво на модерноста.
„Народот е во право, дури и кога греши“ - во овие моменти има смисла да се анализира само од еден и единствено можен аспект: зошто народот 7-8 години ја дава поддршката на оваа власт? Народот е во право, и ова не е иронија. Факт е дека релативното мнозинство гласачи му дава мандат на ДПМНЕ да ја води државата. Се разбира, голем дел од тие гласачи се или поткупени или принудени или уценети да гласаат. Но, голем дел од нив исто така свесно го поддржуваат режимот, бивајќи убедени дека е подобар од останатите алтернативи. Тој народ, тоа релативно мнозинство е релативно помалку значајно од далеку поголемото мнозинство на граѓани (оние кои не гласале за ДПМНЕ, плус оние кои не излегле на гласање). Но, така е тоа во демократиите, па дури и оние фалшливите, извитоперените и грубо злоупотребените како нашата. Затоа народот е во право.
А дали народот греши? Па несомнено е дека греши. Бројките и фактичката состојба покажуваат дека релативното мнозинство гласачи кои гласаат за ДПМНЕ (плус она тивко големо мнозинство кои апстинираат) направило погрешна одлука in abstracto. Изземете ги ставовите на опозицијата, критичката јавност (то ест, трошките што останаа од критичката јавност), независните медиуми и НВО-а, и фактите покажуваатдека македонскиот народ во просек живее во секој поглед полошо под водството на Никола Груевски од било која претходна власт (освен можеби на почетокот на турбулентните 1990-ти години). Во таа смисла, индивидуалната одлука на секој гласач да го даде својот глас за ДПМНЕ е погрешна. Погрешна е во повеќе аспекти: таквата одлука, сега веќе е јасно, ја загрозува иднината на оваа нација (задолжувања до петто колено, демократски дефицит, лоша геополитичка позиционираност, уништување на ЕУ перспективите, културен крах на нацијата итн.). Таа одлука е погрешна и за секој од нас индивидуално: па сите ние живееме во иста држава, се вариме во ист казан и кога-тогаш општата мачнина ќе стане (или веќе е) и наша и на нашите деца.
Па што да се прави? Ленин уште во 1901 година имаше радикална прескрипција. Работничката класа не може да се избори за подобар живот само преку економска, класна борба. Потребна е политичка организација, партија, преврат, револуција. Преведено во сегашна аналогија, Ленин, во услови кога (Октомвриска) револуција е невозможна, би рекол дека потребно е обединување на сите политички и индивидуални сили во општеството за да се победи режимот и да се ослободи нацијата.
Потсетувајќи се на прекрасната нарација во филмот „Џанго разузданиот“ на Квентин Тарантино, во кој робовите се чудат на својата слобода бидејќи не знаат како се живее во слобода, следејќи ја нишката на Хегел (приказната за господарот и робот), стигнуваме до Херберт Маркузе, корифејот на критичкиот марксизам и се' уште силна инспирација на левичарите ширум светот. Маркузе вели дека основната работа, но и главната замка, е размислувањето за начините како луѓето да бидат слободни, ослободени. Како да ги натераме и наговориме дека е добро да бидат слободни? Тој вели: „Како можат да се ослободат робовите кога тие и не знаат дека се робови? Како да се ослободат со сопствената сила, со сопствените способности? Како спонтано да дојдат до ослободување?“ И потоа вели: „Луѓето мора да се учат и насочуваат да бидат слободни, дотолку повеќе доколку општеството/државата во која живеат ги потенцира и ги применува сите расположиви средства за обликување и преобликување на нивната свест и во нивна имунизација против сите останати можни алтернативи (м.з. алтернативи на слободно живеење)“.
Во суштина, дури и во најочајнички ситуации, кога „целиот свет“ ви се чини дека е против вас, дека сте несфатено малцинство во својата средина, дека застапувате опција која навидум не е посакувана од мнозинството, а тоа исто мнозинство е спремно да ве толчи заради искажувањето на вашата опција... дури и во такви радикални ситуации треба да се бориме. Да опстоиме на своето, особено ако сме убедени дека е исправно, уште повеќе ако реалноста и фактите недвосмислено ни покажуваат дека сме во право. Дека ова во коешто живееме не е нормално и не може да биде посакувано за секој кој барем малку мисли на општото добро и на сопствената иднина.
И тука е замката. Вечната стапица на „филозофот крал“ на Платон, кој најдобро знае и умее што им треба на поданиците и е подготвен и повикан во име на тие светли идеали да го понесе народот во пропаст, глад и војни.
Кои се тие, или поточно речено, кои сме ние да се легитимираме како интелектуална авангарда која го просвелува народот (кој, нели, секогаш е во право) за неговите „вистински“ потреби? Како можат да се најдат веродостојни критериуми за тоа кои се вистинските потреби на народот, а кои се погрешните потреби? Се' додека немаме одлучен одговор на овие прашања, кај народот (со право, би рекол) ќе остане сомнежот дека и алтернативната елита може да го манипулира општеството на сличен начин како и сегашнава.
Следејќи го Маркузе и бегло инспирирајќи се од Ленин, се враќаме на прашањето: Што да се прави во Македонија? Опозицијата, на чело со СДСМ, мора да покаже дека има свест и дека (сака да) гради капацитет за идно ослободување од стегите на режимот. Мораме да покажеме истрајност, самопрегор и саможртва на тој пат. Да испратиме правилен сигнал до широкото граѓанство дека идната власт ќе биде суштински подобра од актуелнава, дека нема само да го „ослободи“ народот, туку и ќе му овозможи достоинствено живеење во слобода. Веќе станувам здодевен инсистирајќи дека опозицијата мора да покаже конкретни акти и скица на нејзиното идното владеење сега и веднаш, дури е во опозиција. Да му покаже на народот дека навистина е подобра алтернатива. СДСМ не претендира дека ги има најдобрите луѓе во државата, но мора да прифати дека ќе ги создава и гради најодлучните. Добрите луѓе често знаат да избегаат од државата или да останата стуткани во својата кожурка. Не можеме секој од нив да го обвиниме дека е општествено слеп, особено не ако тој/таа не гледа кредибилна алтернатива на оваа власт. Но, ова време-невреме упатува на сплотеност и конвергентност на сите општествени сили. Затоа, да престанеме (ние, од формалната опозиција) да „мрчиме“ дека сите критички настроени „опозиционери“ се предавници и поткопувачи на каузата, а „надворешните и независни капацитети“ исто така да престанат да „мрчат“ за некапацитетноста на опозицијата. Нека се приклучат да помогнат за да ја сменат на подобро евентуалната „некапацитетност“ на опозицијата. Подавање рака и градење мостови во овој момент ми се чини како најсилна можна коалиција против авторитарноста на актуелната власт. За тоа е потребно добра волја и помалку суета.
Тука примерот на Груевски и неговата антиинтелектуална и антидемократска „револуција“ е илустративен: и некапацитетни луѓе, со погрешна мисла и сосема погрешна визија можат „чуда“ да направат доколку покажат (за жал, на моменти крволочна) одлучност за менување на општествената свест и реалност. Сите ние, граѓаните на Република Македонија, еве веќе седум години живееме во тоа ново општество. Што би рекол еден мој пријател: „Ако ви е добро, гласајте за Груевски или седете си дома“. Мене не ми е добро, затоа сум од другата страна, па макар останал и сам.
Во следните колумни ќе се осврнам на темата дали употребата на сила во општествените конфликти при радикални поларизации е нужна, можна и/или посакувана, како и тезата дека општествената промена, ослободувањето на народот и подобриот живот мора да се одвива на крилата на мнозинството граѓани, на коишто треба да им се пподготви почвата за масовно „просветлување“, а не на диктатура на малцинството.
(Авторот е член на СДСМ)
Наш став
Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги из��есуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински весник“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација. |
Статијата е прочитана 2529 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
Славко Лазовски, 16.08.2013 04:31:31 | Престанете, ве молам со тоа јас не сум просветлен, па вие од СДСМ ќе ме просветлувате. Чувај си ги сознанијата за себе, за тоа каков сум јас, а привлечиме со твоите размислување за состојбите и можностите и начините на менување кон подобро. |
| jas, 16.08.2013 07:27:49 | Sto da se pravi????
Da se uapsat site korumpirani politicari i biznismeni koi so kriminal stanaa prebogati.
Da se smeni izborniot model da se vovede mnozinski so toa ke se vovede konkurencija.
Da se vovedat strogi zakoni za finansiranje na politickite partii i poteklo na imot.
Namesto da se zamajuva narodot so pisuvanje kolumni i drzenje pres konferencii da se napravi nesto konkretno.
A narodot dali gresi??? Ne tlku kolku sto vie politicarite gresite |
| jovan, 16.08.2013 08:08:58 | Mnogumina koga ke gi prasate koga bilo najdobro, ke vi odgovorat deka za vremeto na Ljubco Georgievski imalo najvisok standard, no nego denes ne bi go glasale ni 1%, pa duri i tie koj tvrdat deka bilo taka.Denes za zal standardot e na najniskoto nivo vo istorijata na Makedonija(i vo samostalna i vo SFRJ),no sepak, povtorno bi gi glasale.Zosto?! Bidejki denes globalnata situacija e daleku promeneta, krizata izmeni mnogu raboti, lugeto se po realni i svakaat sto se slucuva, a SDSM se uste so kritiki i rekla kazala misli da go podbucnuva narodot na nezadovolstvo.Narodot e nezadovolen, no ne saka vo korist na SDSM da prevzema nesto, bidejki i den denes SDSM nema sto da ponudi.Kako bi ja resile krizava, kako bi go podobrile standardot, kako ke se spravat so kriminalot, i najvaznoto, koj im e stavot za imeto(a na ova stalno pagaat).Na site tie prasanja, nemaat jasen odgovor, a uste pomalku pa garancija deka nesto bi promenile i podobrile.Zatoa narodot si se drzi do*isprobanoto*(kakvo-takvo) |
| Народот не греши 8 пати, Гордане, 16.08.2013 08:17:02 | Од овој напис на обичниот ЧЛЕН на СДС убаво може да се види зошто ги изгубија сите избори досега. Се додека ги цитира Маркс и Ленин, те власта манипулирала, па буџетот бил изеден и многу други слични бесмислици - ќе губат уште многу идни избори. Не може ни да го напише правилно името ВМРО-ДПМНЕ. Ниту после 8 години не разбра зошто е ВМРО уште на власт. Или не сака или не може да разбере!? Народот не греши 9 пати!!! Грешката е во ваквите како Гордан. |
| jana, 16.08.2013 08:26:11 | Ubavo napishana kolumna! Se soglasuvam so napishanoto, osobeno vpechatok ostava ona so slobodata- na narodot da im se kazhe da ne bidat robovi i deka treba da se borat za svojata sloboda. G-ne Gjeorgievski, narodot mu dava mandat na VMRO, ne deka zasluzhuvaat, tuku pod prinuda: ekonomska, ubeduvachka , pokupuvachka pa duri i nasilna. Shto da se pravi- prashuvate? Opozicijata treba da bide poradikalna, kako onaa vo Turcija, Grcija i drugi demokratski zemji.Otporot koj go organiziravte, nekoi nashi eksperti go osuduvaa i go narekuvaa -ulichna demoratija, aVie podpadnavte pod nivno vlijanie i se predomislivte. Ako idrzhevte do kraj, sega ke beshe se poinaku, Ete go odgovorot shto go barate. Inaku ovaa vlada ke si vladee ushte dolgo. Bidete pobezobrazni , zashto narodot toa go bara. Na sila so sila se odgovara- veli narodot( ako nema drugo chare). Ova vladeenje im presedna na site........k |
| respekt, 16.08.2013 08:26:58 | Колумна за душа. Што да се прави? Овоа прашање јас одамна си го имам поставено а верувам и голем дел од СЛОБОДНИТЕ грагани. ( Под слободни ги подразбирам сите оние кои не се партиски војници). По евидемтното лошо владеење на владата на Ѓорѓивски, алтернативата, ,,На 15 септември народот ке ја земе судбината во свои раце,, ме воодушеви. По смената на власта, само по неколку месеци, се виде која била судбината на овој народ. Црвенковски си го ,лапна,, претседателското место,(избега од мегдан)а во СДСМ почна битка за власт и привилегии на сите нивоа. Се во рацете на партиските војници, ништо во рацете на народот. Таквото владеење (алтернатива), просто го роди Груевски. Е сега сме имале режим. Факт е дека имаме, дали ке го речеме така или ,,помеко,, сведоци сме на најлошо водење на државата до сега. И сега. Народецот осиромашен(од сите влади) и уплашен, катадневно (со невидена пропагандна машинерија) му се пере умот, т.е. му се сее магла и затвораат очите, бараш да има ОЧИ ШИРУМ ОТВОРЕНИ. |
| Mirko, 16.08.2013 08:53:37 | Prosto, kako posno gravce! Pred glasanje, ke zaposlis edna mala armija administrativci, potoa ke kacis malku penzija na penzioneri, a sledniot mesec posle pobeda, ke im simnes taa povisica. Na mitinzi ke vozis so besplaten prevoz mitingasi, a koji ke dobijat sokce, sendvic, a nekoj i nekoja paricka. Pa posle baraj pobednik. Taa finta pali i ke pali se dodeka ima pari vo kasa. Narode! Kasa ima i dno, a se mi se cini deka e skoro tuka. Jadna im majka, na slednite domakini na ovaa nasa napatena zemja. |
| Mark, 16.08.2013 09:42:19 | Platon i Markuze? Nemaat sansa protiv Mijalkov i Urko! A koga na vtorive trener i mentor im e Pol Volers - *jasna e borbata*! A i vie drag Gordane (mislam na SDSM) se pokazavte *mlaka voda*, so toa sto na prviot pritisok od strancite se svitkavte kako kifla, si se vrativte kako pokisnati vo *parlamentot* na Gruevski pa sega ve tretiraat kako sto ve tretiraat, i toj i strancite..Ne ste vie sila sto moze da se nosi so ovoj neofasizam, tragicno no vistinito..Samo ako imate kaj vas mazi (a izgleda nemate) sto se podgotveni na se (gledaj ja Turcija, Egipet) - samo togas i masata ke vi poveruva deka za nesto sepak ste kadri! Vaka...... |
| Revolucioner, 16.08.2013 10:28:45 | Dokolku se vlasta zloupotrebuva, a vo sluchajov se i te kako zloupotrebuva, izlishno e da se ochekuvat demokratski izbori, pa ushte i opozicijata da pobedi, ma kolku *idejna* bila. Chare? Revolucija! Medjutoa i revolucijata ne moze da se nametnuva, nego ke si dojde sama po sebe. Treba malce trpenije, posebno kaj makedoncheto koj uporno ja kuburata chuva za nedajboze. Koga ke seknat kreditite i site drugi izvori na nezaraboteni pari, togaj duri i na makedoncheto ke mu pukne filmot, pa ke gi gledame vo plamen Sobranieto, Vladata i site drugi drzavni institucii, a od vlastodrzcite i segashni milenici, ni traga ni glasa. Toa e opshtestven zakon i pri ovakov vid na vladeenje e neminovnost. Prashanje e samo na vreme t.e. odugovlachenje so odredeni merki i sredstva, no krajniot epilog e toj. Toa go znae i Gruevski i onie okolu nego, pa se na vreme obezbedeni, koj vo Praga, koj vo Voshingto itn. A narodot, hm! Shto si poseal, neka si znee. |
| Коста Стоименовски, 16.08.2013 10:40:26 | Македонија влезе во транзиција со мошне лоша економска структура која беше прилагодена на затворениот пазар на поранешната СФРЈ. Во услови на глобализацијата треба да се направат структурни реформи, за кои, за жал, воопшно и не се зборува! Некои фабрики што беа затворени можат да се рестартираат! Србија ја обновува наменската индустрија, а заедно со Хрватска ќе произведуваат модерен тенк! Во МК најаваија рестартирање на „Сведмилк“, но, по договорот за поделба на профитот остварен со ограбување на млекарите, им дозволија на странските партнери слободно да си заминат од МК со полни џебови! Доделуваат субвенции за тутун, а тутунската мафија ни по која цена не сака да се ослободи од ТК кој само ги дозидува загубите, а ги зголемува профитите на мафијата! Не се кажува колку девизи се остваруваат од извозот на тутун, а се прави медиумска помпа за субенциите!? Ако тутунот се плати по реална цена тогаш не се потребни субвенции! Опозицијата треба да ги демаскира ваквите манипулации на власта и д |
| MKD, 16.08.2013 10:53:39 | Ah be Gordan,ne gresi nikogas narodot,vie mu pogresivte na narodot mnogu,ti i takvite kako tebe,na celo so vasiot mil lider B.C,go opljackavte komplet,privatizacii,mizerii...prodadovte ime,smenivte zname...i sto uste ne,i sto sakate sega?Vie ke kazuvate nema sloboda,diktatura,rezim,pa kako ne vi e sram,nikogas nema da dojdete na vlast,barem ne dodeka ne dojde vistinska levica,a vie,vie i ponataka ke trubite po cel den deka ova e rezim,bla bla....ve demistificiraa komplet,nema nazat Gordan.... |
| x, 16.08.2013 11:01:59 | Od komunisti od socijaldemokratski tip propadna komunizmot i se razvi grabni-kapitalizmot,ne samo tuka tuku i vo cel svet.Ako e dojdeno vreme tipovi kako kolumnistov da ne prosvetlat togas podobro da se otvori zemjava i site da ne lapne. |
| meksikanec, 16.08.2013 12:47:50 | Знаев дека еден куп ДПМНЕ-овци во заседа ве чекаат да се огласите,за да ве нападнат,навредат и тресат глупости,адекватни на нивната свест,совест и моќ на расудување.Што да се прави,прашање кое Лењин си го поставуваше своевремено,но имаше развиена Комунистичка партија како авангарда и колебливо селанство,кое не беше ни буржуазија ни работничка класа,како нашето денес,ни ваму,ни таму,лесно поткупливо од субвенциите што му се нудат.Денес се плашат името на КП да се спомни.Фашистите до таа мера го нагрдија,да лугето заборавија кога се родиле,што и каде завршиле и на кој начин дошле до пензија и станот вокој живеат.Затоа Лењин велеше,селанството ако нее со нас,барем да нее против нас,затоа што е колебливо при завземањето страна.Сега кога веќе се пропушти шансата створена пред изборите, лично мислам дека најдобро е секојдневно да се зајакнува внатре партијското единство,правилно да му се тумачи состојбата на народот,другото ке го донесе неспособноста и алчноста на оваа корумпирана власт. |
| mene mmk, 16.08.2013 13:36:47 | Личи многу елегантно и интелектуално кога колумнистиве употтрребуваат фрази или мисли на познати филоцофи,економисти,правници и што ти уште не ,за да ни ја доближат реалната слика на проблемите и состојбите во нашата средина.за мене лично не претставува проблем дали се цитира некој политичар,револуционер па макра и бил пред сто години(ленин на пример)или филозоф кој живеел пред 20 тина века.За мене многу е битно писателот што цитира дали научил нешто од тој цитат.и дали го употребува како поткрепа на сопственото мислење или само како фраза.Во таа насока би го прашал актуелниот пратеник.Зошто Вие мнозинство пратеници му удривте контра на БЦ и го суспендиравте бојкотот-отпорот.Која е философската основа на која сегашниот СДСМ ја гради својата доктрина и стратегија(м.з дали во моментот воопшто ја има).Ако СДСМ даде одфовор на основното прашање Која е базата на која се потпира и на која јавност планира да и се обрати .дали воопшто нешто работи новото раководство или се занимава само со се |
| девичанецот, 16.08.2013 13:54:03 | Почитуван Гордане,
Сепак, може да се заклучи дека многу немаш напредувано од мислите изразени во твојата колумна Излези момче....
Народот си знае што си прави, а најмалку ти или твојата партија може да му каже каде греши. Туку обратно, проанализирај каде погрешила твојата партија и што треба да направи за да не ги изгуби изборите и по осми..девети...десетти пат. |
| do platenite komentatori, 16.08.2013 14:18:29 | Eden kup plateni komentari,blujat omraza i lagi kon avtorot na kolumnata i kon SDSM.Ete kako sitnite makedonski dushi se prodavaaa za nishto.Ne znam dali ne svatija do sega,kako ziveevme i vo vremeto na *komunjarite* i vo vremeto na * omraznatiot* SDSM pa uste nekoi platenici si davaat za pravo da zboruvaat za korupcijata *na onie*, ne mislejki deka edna sporedba so deneshnive beshe nisto(ako bese) . Vakvi shampioni kako ovie, teshko se navogjaat niz svetot.Arno vikashe LjuBco deka kradeshe ama imashe i za ostanatite.Sega duri nishto ne ostavaat za *ostanatite*.A nie narodot, ne pravime razlika pomegju ovie siledziite deneska na vlast i SDSM,obrazovani i ubavo vospitani koi ne znaea da uptrebat nasilstvo pa velime deka se*svitkale pred naredbata na strancite* A sto ke recevme ako ne go storea toa? kako sekogas za se* Branko e kriv*.Eden den, pak ke barame nekoj Branko, samo do togaj, ako ostanat uste nekoj Makedonci vo Makedonija.P.S MKD, dali sé uste si odusheven od*Skopje 2014*? |
| Стојан, 16.08.2013 15:36:20 | Јас решение за проблемот немам, ама мислам дека на авторот на колумнава ќе му се решат многу проблеми ако одвреме-навреме се насмее. |
| борис, 17.08.2013 00:01:32 | Е Гордане Гордане, се е така како што напиша, до последната запирка. Основните вредности се изгубија низ транзицијата. Сега попусто ги бараме. Ни сто колумни не помагаат. Кога чедото го изгуби родителот и топлината на домот, го напушта и не се ни завртува. Така е и со нашава држава. Кој денес ќе гине за идеали за подобра иднина? Врз основа на кои мотиви? Илинден не успеа. Кренаа ново востание? А полошо им стана. Така и денес. Во конткест на глобални социјални промени на поширок фронт, а не во државни рамки, барај ја шансата. Засега на повидок нема ништо. Погледни го соседството. Поарно им е од колку на нас? Не. Креваат бунтови и револуции? Не. Зошто? |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 35°C
Ведро
|
Понеделник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C
|
Вторник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 18°C
|
Среда
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C
|
Четврток
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 17°C
|
Петок
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 17°C
|
|
|
|
|
Фељтон - Илина Арсова. Како го освоив Монт Еверест |
|