Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Фељтон
Коментари
15.08.2013, 18:12

Си велам

Дали е роден последниот Македонец

Ерол Ризаов

Ако не знаеме што сакаме по математиката на историјата, исчезнувањето на Македонија и Македонците е прашање на поблиска иднина

Германскиот филозоф Јурген Хабермас, еден од големите мислечки луѓе на денешнината, неодамна изјави дека Германија е најодговорна за социјалните неправди се' поприсутни во европските држави. Тој децидно рече: „Се' поприсутна е социјалната неправда предизвикана од кризата во сите држави кои се погодени со неа. Државите кои се одговорни за таа неправда, на прво место Германија, треба официјално да преземат за тоа одговорност, нешто што тие не го сториле“. Еден од најугледните светски филозофи, осумдесет и четиригодишниот Хабермас, вака ја претстави пред светската филозофска елита европската политика на својата татковина на конгресот на филозофите што се одржа неодамна во Атина. Најголемиот проблем Хабермас го гледа во недостигот од демократска легитимност во Европа, нагласувајќи дека демократијата и политичката солидарност се вистинскиот пат во ЕУ да биде обновен балансот меѓу политиката и пазарите.

Германскиот интелектуалец ја даде дијагнозата за настанокот на економската криза. Недостигот од демократија и од политичка солидарност се главните и најзначајни причини за кризата, вели познатиот филозоф. Тоа ќе предизвика прераспределба на богатството со застрашувачки димензии. Моќните држави на ЕУ избегнуваат да им објаснат на граѓаните дека без таква политичка солидарност не може да биде поттикнат растот и конкурентноста во еврозоната. Хабермас препознава во Германија и во нејзината политика најголема одговорност за иднината на Европа.

Италијанскиот премиер Енрико Лета во својот авторски текст, кој ексклузивно го доби и го објави вчера „Утрински весник“, исто така, решението за економската криза го бара во нов политички и демократски модел. „Не треба да се фокусираме само на специфичните политики на Европската унија, туку, исто така, на тоа како да се смени нејзината политика – промена која мора да го стави економскиот раст во врвот на дневниот ред“, вели италијанскиот премиер Лета. Тој гледа голем дел од проблемот во функционирањето на институциите на ЕУ за време на кризата. За многу луѓе донесувањето одлуки во ЕУ е нејасно, неефикасно и оддалечено од демократска контрола, вели Енрико Лета. Како посветен про Европеец големата шанса на ЕУ за излез од кризата ја гледа во нејзиното ремоделирање во една поинаква Европа и во политичка и во демократска смисла. Другите услови се исполнети, тврди Лета. Имаме само една Европа, предупредува италијанскиот премиер. Треба да работиме заедно за да ја реформираме. Најголемиот капитал на Европа се 500 милиони корисници, а единствениот пазар на ЕУ е најголемата дестинација за стоки и услуги на светот и е најголемиот и најдобар мотор да се обнови растот. Не е тешко да се заклучи дека главните причини за кризата се во политиката и демократијата која мора да го разбие егоизмот и себичноста на моќните и да ја прекине националистичката самоизолација на најбогатите европски држави на што жестоко и постојано предупредува и Јошка Фишер, познат германски политичар. Владеењето на конзервативната десница долги години со Европа ги разбуди и размножи своите националисти на кои почнаа да им се додворуваат се' повеќе популистичките политичари, што е резултат на нивната неспособност и подолгата лидерска криза, која сериозно се одрази врз демократските процеси со евидентно враќање назад. Се разбира, мерено според европски критериуми на најдемократските земји во светот. Ги нема веќе Митеран и Кол да се фатат за рака, оддавајќи им почит на жртвите од Првата светска војна, кога Французите и Германците војувале меѓу себе, како што војувале и во Втората светска војна, оставајќи милиони жртви на боиштата. За жал, ниту Меркел е Кол, ниту, пак, Оланд е Митеран.

Она што е клучен момент во европската криза, сепак, е се' поголемото сознание на европските мислечки луѓе, главно, од науката, политиката, културата, уметноста, литературата, силни јавни личности кои вршат позитивен притисок врз владите и бараат политичките лидери да преземат одговорност многу похрабро, без да се кријат зад популизмот, да ги забрзаат реформите на Европската унија. Тие реформи што се на повидок овој пат засегаат многу повеќе во чувствителниот национален суверенитет на државите, а се однесуваат, главно, на демократскиот легитимитет и односот на политиката и пазарите. Повеќе европски институции по нарачка на Европската комисија со еминентни преставници и експерти на државите веќе имаат и изготвено модели на идна Европа. Проблемот е многу поголем кога тие модели треба политичките и интелектуалните авторитети да ги приближат до пошироката јавност со издржана дебата и дијалог. Кажано поедноставно, тоа треба добро да се одработи на теренот. Се' уште европските нови модели за ограничувања на „националната гордост и патриотиза��“ тешко проаѓаат во јавноста во речиси сите европски држави-членки на ЕУ. Кризата го нема зададено се' уште тој жесток удар за европските држави да бидат принудени за реализација на една нова ремоделирана Европа.

Сепак, Европа добро знае што сака. Изборот е јасен. Стануваат реалност неопходноста од демократски, политички промени и конкретни исчекори за нов модел на Европа. За да се приближат до граѓаните овие тектонски промени, веќе се врти слоганот „Секогаш е подобро тоа да се направи порано наместо подоцна“. Или, како што вели нашиот народ од памитевека, тоа што мора да го направиш, направи го веднаш. Полесно е.

Знае ли политичка елита на Македонија, која веќе осма година владее со државата, што сака. Знае ли опозицијата што сака. Засега може да се тврди со сигурност дека единствено сакаат власт. Неограничена и неконтролирана. Знаат ли релевантните интелектуални и деловни перјаници, научните, универзитетските институции, плејадата јавни личности, академици, филозофи, професори, уметници, писатели, поети, новинари што сака Македонија и што е најдобро за нејзините граѓани. Можно ли е да се изврши позитивен притисок на политичките лидери Македонија, конечно, да се ослободи од стравот да се зборува јавно за сопствената иднина. Демократијата е најголемиот македонски проблем. Не во високите европски димензии, туку ниско во балканската крчма. Застојот на демократијата во Македонија е страшен, поназад е од еднопартискиот комунистички модел што го имаше Македонија пред 22 години во рамките на Југославија. Поразите на сите полиња во остварување на стратегиските интереси на државата и нејзините граѓани произлегуваат од инсталирањето на авторитарен режим каде што се укинати елементарниот дијалог, толеранција и компромис. Власта во Македонија владее без демократска контрола. Поради суспензија на демократските процеси, не можат да се остварат најважните цели според мерките за успешност на која било политика. А тоа се дали граѓаните живеат подобро, послободно, дали квалитетот на живот е подобрен мерено според научни методи на ОН. Правната држава, судството, парламентот, медиумите се значајни демократски мерници и столбови кои во Македонија стојат во место, а кај некои, како во медиумските слободи, се одвиваат ретроградни процеси. Не допира до носителите на власта основната научна вистина дека само во демократско општество можат да се отворат патиштата за иднината и правилен развој. Ако не може тоа да се оствари со широк консензус и дебата на сите релевантни политички и интелектуални фактори, процесот на исчезнување на Македонците е многу побрз од онаа проста математичка операција, објавена деновиве, дека последниот Македонец ќе умре 2466 година. По една друга многу посуштествена математика на историјата на исчезнување на народите и државите, исчезнувањето на Македонија и Македонците, ако останат во изолација, е прашање на поблиската иднина. Можно е да е веќе роден последниот Македонец.

Кликнете ОВДЕ за повеќе колумни од авторот


Статијата е прочитана 3863 пати.


Испрати коментар



Имет–немет во Охрид
Сточарот Боро
Што да се прави?



BitolaHamiltonCanada, 16.08.2013 01:23:23
Erole dont be silly.Makedonija i makedoncite nema da ischeznat.Bez razlika shto i ednite i drugite sakaat samo vlast,makedoncite nema da ischeznat.Nivnata zhelba samo za vlast nema nikakva vrska so ischeznuvanje na makedonskata nacija.Mozhda ima opasnost da ischezni jazikot bidejki se poveke i poveke se upotrebuvaat angliski zborovi i tamu kade shto imame nashi mnogu poubavi.No i toa teshko deka ke se sluchi bidejki takkov trend sme imale i porano pa pak mak.jazik prezhiveal.Nashata demokratija e ushte vo peleni.Site zapadni razvieni demokratii pominale niz toj proces shto sega nie go vrvime.Nasha nesraka e shto ni se sluchi Gruevski zaradi shto demokratskiot proces e zastanat.A ushte pogolema nesreka e shto nemame koj toj demokratski proces da go stavi vo dvizhenje.Zaradi toa shto,kako shto velish,i ednite i drugite se zainteresirani samo za vlast.
Лазо Стефанов, 16.08.2013 04:15:29
РАЗОЈ НА ДЕМОКТРАТИЈАТА - РАЗВОЈ НА МАКЕДОНИЈА! Тоа би бил вистинскиот слоган. ПРОМЕНИТЕ треба да бидат заменети со ДЕМОКРАТИЈА. Или МАКЕДОНИЈА - ДЕМОКРАТСКА ЗЕМЈА!
cane sokolovski, 16.08.2013 05:06:18
Ние. као индивидуи, народи, цивилизација, меѓу другото и Европа,како и човештвото сме дел од природата. Во природата постојат природни закони (има луѓе кои веруваат во креационистичка теорија нарочно патриоти, па нека веруваа)т, закони на појакиот и таа нема чувства, таа е апатична и равнодушна. Зошто е човек, има чувства, човекот ја трансцендира природата и ја создал цивилизацијата. Меѓутоа, уште еднаш, човекот е дел од неа и не е идеален. Ова важи и за Европа, која прави многу грешки, има лутања и сл. Без разлика на се, експериментот кој Европа го прави во основа е племенит. Веќе повеќе пати реков дека намерата е потполна елиминација на национализмот и подолгорочно стварање на анационална конфедерација. Да се вратам кај нас-Слободата не е само да зборуваш без ништо да ти направат, туку тие на кои им се наменети сериозно да ги слушаат кажаните зборови. Во тој смисол кај нас сме уште во палеолитска епоха. Ај добро не во палеолитска туку во преисториско време
JAS, 16.08.2013 07:20:01
Osnovna pricina za se sto se slucuva vo Evropa a i vo Makedonija e VISOKATA KORUPCIJA, IZBEGNUVANJETO NA PLACANJE DANOCI I PERENJETO PARI. Procitajte koi se onie evropjani koi gi cuvat svoite pari na off-shore destinacii koi neodamna gi objavi ICIJ. Vo Evropa mnogu retko a vo Makedonija nikogas nitu eden politicar ne odgovara za kriminal. A makedonskata politicka elita i toa kako znae sto saka. Saka PARI i samo pari. I taka 23 godini......
germanija, 16.08.2013 08:05:11
G.EROL trebase da napisite ,dali e roden posledniot Indijanec posto se uste vo Makedonija ziveeme kakoindijanci ,sekoja partija si ima svoj plemenski vodac,
Vece videno, 16.08.2013 08:09:28
EZ koncipirana i zamislena od Suman , Adenauer i dr. ni malku ne nalikuva na ovaa denesnava.Taa od zaednica vo koja prioritet ce ima razvojot ekonomskata sorabotka, demokratijata i pravicnosta ,ramnopraven razvoj, prerasna vo galimatijas , kade tesno nacionalnite interesi i interesite na odredeni partikularni grupi i partii imaat prioritet. Vo povece zemji na EU na celo se konzervativni partii ,so vece poznati stavovi i interesi. A kade konzervatizmot vladee,tuka nema prvicnost ni vistinska demokratija, a nacionalizmot e vo ekspanzija. Ne go spomenavte vece najavuvaniot referendum na Anglija za otcepuvanje od EU poradi nacionalisticki interesi. Kolku seto ova me potsetuva na SFRJ , koga se povampirija nacionalistickite senista i sekoja od republikite grabaa za sebe kolku mozea. Poitrite i poegoistite , kako Slovencite ,grabna najmalku , a nie podzaspanite ostanavme so k.... vrace
marksist, 16.08.2013 08:41:17
vladeackata garnitura po nalog na stransko politicko podzemje raboti na toa, vo dogledna idnina, da ja nema Makedonija.Ke se rasparcime i ke bidema najmnogu Bugari, nesto Srbi, nesto Grci, a albancite ke se priklucat kon Albanija i Kosovo.
adolfo, 16.08.2013 09:10:56
Како и секогаш, одлична аналиа. Александар Вучиќ сегашниот вицепремиер во Србија, го сметав српско издание на нашиот „јастреб“ Влатко Ѓорчев. Утринава видов дека тој се договорил со Драган Ѓилас, градоначалник на Белград и претседател на опозоцијската ДС за проектот „Белград на вода“. Тоа се вика одговорност пред својот народ, политичка култура и дарба за визија. А што му прави нашиот премиер на Жерновски, гледаме сите. За жал, со оваа влада на Мекдонија ннавистина и се наближува исчезнувањето бидејќи во неа седат пред се неписмењаци, политички дилетанти и ненаситни и бездушни криминалци.
Во светот има девет милиони Македонци по потекло, 16.08.2013 10:38:24
Само во Грција и Бугарија асимилирани се четири милиони Македонци. Затоа име не треба да менуваме бидејки со промена на името за кое се води спор ке ни го сменат и македонскиот идентитет, значи според овие што сакаат да се предадат не во билска иднина туку утре. Напротив сите асимилирани треба да им укажеме дека се Македонци значи наместо намалување после паѓањето на егејскиот и пиринскиот ѕид следи зголемување. Плус економски мерки и дружење со оние кои не признаваат како Македонци и македонски.
dime, 16.08.2013 10:56:06
Веќе на сите ни е јасно како ден дека ПРЕРОДБАТА во 100 сопки ќе ја уништи Македонија, и не мора да е надградена и проширена !!! И оваа е доволна да не снема, ама тоа си е нашиот избор......Наздравје Македонијо................
Posledniot mohikanec/makedonec, 16.08.2013 12:04:46
Vo celost se slozuvam so Marksistot. Eve jas momentno ja slusham Nana Mouskouri (bash e dobra i uzivam vo nejzinite pesni), a potoa Viki Leandros, Demis Rusos itn. Znachi, kako antichki makedonec se opredeliv za grk (tak normalno, ne!). Inache kako bivsh komunist so kleto slovensko poteklo mnogu se dvoumev pomedju srbite i bugarite. Dolgo me ubivashe toa dvoumenje i taa nejasnotija, no ni od kade se pojavi Grujo, pa vo stilot na golemiot Ace go razreshi toj moj Gvordiev jazol. Navistina, mi go rasvetli vidikot i mi go pokaza vistinskiot pat. Fala mu! Ah bre makedonche!!!???
od ostrijot, 16.08.2013 13:27:52
posledniot ne ama akotaka prodolzi i toa kebide voskoro vreme.
Читател, 16.08.2013 14:12:54
Ме изненадија Германците што итно не го лустрирале овој нивни филозоф Јурген Хабермас што го цитира Ерол. Ваков предвник кај нас да отиде во Атина и таму да изјави дека Македонија е виновна за нешто , како што овој Германецот вика дека Германија е највиновна за социјалната неправда што им се нанесува на европските земји, не ќе може да се врати дома, итно би бил прогласен за грчки платеник, предавник, а лустарцијата не му гине. Затоа нашите интелектуалци се мирни како бајчиња.
do site dobronamernici, 16.08.2013 15:52:27
Gledame site sto mu poravi Gujo na Gradonacalnikot Zernvski komu kataden mu izmisluva po nekoja nova i nova prepreka,vo rabotata. Mislam deka toa ke potrae dosta dolgo, se dodeka ne pristigne eden *posleden Makedonec*.Vo megjuvreme nie ke si placeme, ke se zalime ,ke komentirame na stranicite na Utronslki ( bidejki Dnevnik i Vecer, ne ne fermaat),kolku ni e macno onoa sto go ziveeme, ocekuvajki nekoj da se najde da ne spasuva;nekoj*posleden Makedonec*. Cekajki, koga (i kako) site nie umni kriticari i sovetnici, ke smogneme li, da gi zememe dizginitz vo nashi race, da ne se plashime za onoa sto moze da ni se sluci kako na *Ploshtad Sloboda*,* Raspenai skopjani* ili branejki go Centar komu zaedno so Gradonacalnikot, ne ni dozvoluvat da dishime slobodno ! Ajde!nuzen ni e *Posledniot Makedonec, za da dojdeme do sloboda i demokratija KOI NE SE DOBIVAAT NA IZBORI! Za srekjata na nas *antickite* Makedoncike,ke ni kaze nesto poveke Feliks macorot,segapretvoren vo NOV mohikanec/makedone
do novinarot, 16.08.2013 16:56:41
Nekoja drzava e izolirana koga izoliranite ne znaat sto se slucuva nadvor,koga onie nadvor ne znaat sto se slucuva kaj izoliranite,koga nema nikakvi razmeni...Vo Makedonija doagjaat lugje od nadvor,odat Makedonci nadvor,ima uvoz i izvoz,ima razmena na stoki.Da se kaze deka Makedonija e izolirana e preterano i zlonamerno.Toa sto ne sme clenovi vo evroatlanskite organizacii ne znaci izoliranost.Zar drzavite koi ne se clenovi se izolirani?Ne se.Ne e izolirana nekoja drzava ako ne e clen vo nekoja organizacija.Ti vrti i suchi aludiras so tvoeto pisuvanje deka treba da se smeni imeto i bi isceznale opasnostite.Taa teza e nevistinita i zlonamerna,a i neprijatelska kon Makedonija i kon nas Makedoncite.Makedoncite nema da isceznat,a nema da se smeni imeto.
Mirko, 16.08.2013 18:35:40
Pocituvani Rizaov! Sto da komentiram? Gi citam komentari i dojdov do zaklucok deka, edni udiraat vo sajka-ekser, a drugite vo tabla! Za toa ke ostanam, bez komentar.
*Super ideja!!*, 16.08.2013 18:42:43
*...vo svet ima 9 000 000 Makedonci po poteklo... Samo treba da se urne egejskiot i pirinskiot zid...*...Dobra ideja, sega samo treba seto ova da se ostvari... I: sledi znak ?. Kako??? NIKAKO! Koj ima deneska, vo 21. vek, vakvi gluposti vo glavata, koj sugerira vakvi ideji, koi nevodat nikade, samo kun RATOVI i smrt na lugje!!!!, toj treba i da dade odgovor: kako da se napravi toa? Koj ke go napravi??? TI? TI sigurno NE! Odi, diskutiraj po kafani, kako BI TREBALO *TOA* da bide, oti za drugo i ne te biva.
Бале, 16.08.2013 20:32:14
Македонската Влада треба да и се заблагодари на Бугарската Влада ,што процедурата за вадење на Бугарски пасоши трае подолго.Ако овој процес се забрза во прашање се недели или месеци на раѓањето на последниот Македонец.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 31°C

Ведро

Недела
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Понеделник
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 18°C

Вторник
Ведро
Макс: 35°C, Мин: 19°C

Среда
Претежно облачно
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Четврток
Претежно облачно
Макс: 32°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Столот број 14: на него седеа милиони

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Вкусен агол
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Фељтон |