Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Фељтон
Коментари
15.08.2013, 18:04

Мислења

Сточарот Боро

Тодор Пендаров

Како е можно од година на година да растат субвенциите, а секоја година да расте и увозот на земјоделски и прехранбени производи

Летните горештини ги преживувам на планината Јабланица, во селото Лакаица, на 1.300 метри надморска височина. Селото кое е само на 2 км од границата со Албанија, одамна е празно. Некогаш имаше само 12 куќи со околу сто жители, ама околу 2.500 овци, а секоја куќа имаше и по еден ѕевгар волови за орање, барем по еден коњ и по една крава за млеко за децата (млекото од овците се користеше за сирење). За жал тешките услови за живот, струјата дојде дури во 1981 година, а и денеска за да стигнете до него ви треба џип, си го стори своето.

Во суштина Лакаица и жителите се жртви на онаа вулгарна логика на повоеното македонско партиско и државно водство, која се сведува на паролата „индустријализација плус електрификација и ете ти социјализам“. Логика која го уништи македонското село. Еве само еден податок. Според последниот попис на Кралството Југославија во предвечерието на Втората светска војна во Македонија имало над 3 милиони ситен добиток (овци и кози).

Последниве години Лакаица преку лето живнува. Неколку потомци на некогашните жители ги обновија куќите на своите прадедовци и тука го поминуваат летниот одмор. Но, вистинскиот дух на селото колку-толку го враќа сточарот Боро со своето стадо од 300 овци, кои од мај па до Митровден ги пасе тука. Со него е неговата сопруга, која прави многу добро сирење, потоа двајцата синови со своите невести и неговите седум внуци од кои најмалиот има само три години. Животната приказна на Боро, кој живее во соседното село е многу слична на луѓето од овој крај. „Почнав како овчар токму тука во Лакаица, потоа се фатив за мистрија и работев во Словенија, Австрија, Италија ама животот далеку од дома не е лесен. Затоа решив да се вратам дома и повторно да станам овчар ама сега на сопствено стадо и, сполај му на Господа, имаме еден живот“, вели шеесет и двегодишниот Боро додека мезиме од неговото сирење. „Планината е богата, покрај сочната трава која дава квалитетно млеко жените заедно со внучињата берат малини, шумски јагоди, разни билки и чаеви, а богами еве почнуваат и боровинките, така што цела зима имаме природни сокови. Настинката ја лечиме со билките кои ги собираме. Јас со овците, синовите косат и собираат сено за долгите зими кои овде знаат да траат до крајот на април, а секој четврток одат во Вевчани на пазар каде што нашето сирење си има постојани муштерии... Знаеш, животот на село не е лесен, ама едно е сигурно, нема никогаш да бидеш гладен. Еве сега за овците добиваме и субвенции од држава, што навистина многу ни помага, ама не верувам дека сточарството ќе се развива. Еве, од седум внуци само еден вели дека сака да биде овчар кога ќе порасне, другите велат дека сакаат да живеат во Струга, да одат на плажа“, мудрува Боро.

„Навистина до нашето село (Јабланица) има асфалтиран пат, ама кога ќе падне снег тешко се пробиваме до Струга. Пред две зими мораше и хеликоптер да доаѓа по болен човек, бидејќи речис�� еден месец бевме завеани. Иако одамна добивме струја до денешен ден имаме проблеми со електриката. Од друга страна децата преку телевизијата и интернетот гледаат многу убави работи за животот, плажи, забава, па затоа сакаат да бегаат од тука. Јас пред 30 години работев во Словенија и Австрија и видов како таму живеат на село и како државата не само со субвенции туку со многу други работи помага селата да опстанат и да се развиваат. На телевизијата слушаме за некакви европски пари и фондови ама ние сме неуки луѓе и многу тешко се снаоѓаме како да дојдеме до тие пари, а оние кои треба да не' подучат како да ги користиме тие пари тоа не го прават“.

Сточарот Боро со својата здрава селска логика многу добро ја согледува и ја оценува состојбата во земјоделството, а посебно во сточарството. И самиот се прашувам - како е можно од година на година да растат субвенциите, ама секоја година расте и увозот на земјоделски и прехранбени производи. Зошто имаме толку голем дефицит токму во трговската размена со странство на полето на земјоделски и прехранбени производи. Од друга страна, во рамките на Владината програма „Остваруваме“ постојано слушаме за успеси во земјоделието, за инвестиции во системите за наводнување за откупни центри за некоја година во Овчеполието ќе паселе 20 илјади крави... Нашето грозје и вино било најдобро уште од античко време, за нашите раноградинарски производи во соседството, а и пошироко, речиси се тепаат, за бостанот и јаболкате и да не зборувам. И така успех до успех, ама и нашиот „Утрински“ неделава пишуваше за „дрвениот“ домат кој го јадеме и како го уништивме македонскиот „јабучар“ и другите автохтони сорти на домати. Кај нас сите знаат за фамозниот „институт“ „Димитрија Чуповски“ кој како на фабричка лента продуцира истражувања на јавното мислење со кои сите владини политики и мерки се со над 70 проценти поддршка од јавноста!?

Ама дали некој слушнал за Институтот за овчарство. Дали некој досега слушнал или прочитал која сорта овца одговара на нашето поднебје и нашиот начин на одгледување. Дали некогаш сме слушнале колку Владата односно надлежното министерство одвојува средства за овој институт и воопшто за научно истражувачката дејност во Македонија. Дали некој слушнал и дали надлежното министерство нешто досега направило да се зачуваат автохтоните сорти и семиња не само познатиот домат туку и на други растенија. Да потсетам дека пред неколку години сите светски медиуми објавија вест дека во Норвешка на еден оддалечен остров во Северното Море е направено вистинско атомско заклониште во кое се чуваат автохтони сорти на семиња од најразлични земјоделски култури како одговор на денешните генетски промени во земјоделието.

Се сеќавам пред многу години во Далмација со уште еден колега новинар на ХТВ седевме во еден ресторан и се мастевме со познатото јагне од островот Паг. Сопственикот ни се приклучи и јас љубопитно го прашав колку овци има на Паг ако се има предвид дека во Загреб, па Истра и цела Далмација, во секој подобар ресторан се нуди островско јагне. Бидејќи знаеше дека сум Македонец тој се насмеа и рече: „Госпон, додека го има шарпланинско јагне и воопшто македонското јагне, ќе има и јагниња од островот Паг“.

Ама затоа неделава слушнавме дека премиерот свечено предал уште 12 наслови на преведени светски учебници што е во рамките на проектот „Илјада наслови“ на универзитетски учебници од сите области. Понатаму слушнавме дека во поликлиниката во Ѓорче Петров хиперактивниот министер за здравство отворил ординација за уво нос и грло(???), а во исто време во болницата во Штип светски офталмолози само за два дена направиле десетици и десетици операции со што станавме шампиони во регионот!? Богами, се плашам дека со вакви и слични „остварувања“ на полето на здравството се' повеќе личиме на некоја африканска држава во која во рамките на позната организација „Лекари без граници“ се вршат вакви масовни здравствени акции.

(Авторот е државен службеник и изразува свои лични ставови)

Наш став



Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински весник“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Статијата е прочитана 1592 пати.


Испрати коментар



Дали е роден последниот Македонец
Имет–немет во Охрид
Што да се прави?



samo pcelite ..davaat ...med, 16.08.2013 00:22:48
e pa gospodine ...koga ovie nasive fakulteti za edno desetina godini ke isfrlat edno cudo diplomci site ke se vratat vo svoite Lakajca...zosto drugo care ke nema ..e togas gospoda seljaci ke se zagrizat samite zosto dosega pat ili struja nemale,,,sekako ke nemaat koga se napustile DR...da bidat i setaat po asfalt...a mozevme Svajcarija da bideme da ostanale tamu kaj se odnosno po skoluvanjeto da otisle samite da si go razvijat svoeto ogniste..koga veke zemale uka...Sega da se cudis ...na biro nema stolari..zidari elektricari...zanatlii a ima DR i MR...kolku sakas a tie vo krstenicata S..tocka...i napusteni imanja kolku sakas ...
Лазо Стефанов, 16.08.2013 05:02:56
Ама има некои чудни работи во аграрот.Од силните субвенции имаме само две добри работи: расте бројот на засаденици јаболкници и засадените цреши. Се друго е во негатива, за волја навистината, една година плус, другата минус (пр. тутун, ориз, компири и др.). Еден колега од МЗШВ ми вели: исплативме премии за 30.000 јагниња во Танушевци, ама иди провери колку навистина има.
cane sokolovski, 16.08.2013 05:28:54
Сакам само да спомнам дека не е бројот на луѓето кои се занимаваат со поледелство тој кој ја определува продуктивноста и количината на поледелството во Македоиија. Пример е Америка. Таму само 4% (со зборови четири) од популацијата се занимаваат со земјоделство, ама произведуваат храна вероватно колку цел свет (ова е претпоставка). Инаку, комплетно се согласувам со колумната на Пендаров - лаги, паралаги, фалби, за она што не е и не може да биде.
Realist, 16.08.2013 05:33:37
Se slozuvam so aftorot ama i da nadoplnam,na primer vo Avstralija farmerite se skoro site so univerzitetski diplomi,ili barem nekoj od decata e so visoko obrazovanie ,koga eden farmer na oriz od drzavata Victoria so zenamu i eden sin odgleduvaat 4000 hektari,sega zamislete si,kolku vo nasata Makedonija rabotnici ke trebaat.
Извозот расте повеќе!, 16.08.2013 08:19:10
Од извозот на земјоделски производи во јуни годинава се реализирани 755 милиони денари што е 37 отсто повеќе од лани.
jovan, 16.08.2013 08:21:41
Ne samo selata, eve pocnaa da gi praznat i gradovite za da go*razvivaat*Skopje.Pola administracija zboruva*stranski* dijalekt, vo banki, firmi...isto taka.Na istite tie*doselenici* im nudat kupi kuka-kupi stan, za da go zgolemuvale natalitetot, a tie ke kupat golubarnik od 40setina kvadrati, vo nego cuvaat kucinja-macinja i izigravaat gradska gospoda.Administrativnata plata klati vrata zemaj plata, ja trosat na hrana za macki, uvozna gardaroba, uvozni sminki i za kafici. So tek na vreme i vo malite gradovi ke ostanat po 12setina kuki raspadnati i ke odime i tamu so dzip. Osnova na ovaa drzava za razvoj i natalitet e seloto, zemjodelieto i stocarstvoto koj potoa bi doprinele za razvoj na uslugite i industrijata. Nie ja izgubivme osnovata, poremetivme se, i sega e mnogu tesko da se vratime vo normala, pogotovo koga snemuvas narodi i koga celi reoni ti propagaat poradi toa.Skopje sega go*spasija*, no naskoro Skopje ke stane centarot na najgolemata kriza ako nesto ne se prevzeme
ZEMJATA, 16.08.2013 08:39:54
Mozno e Todore kako sto e mozno ti za toa da pisuvas posle pet godini.Subvenciite koi gi dava pastirskava Vlade ne se so cel da go unapredat zemjodelieto tuku da se drzat pod kontrola zemjodelcite.No sepak nesto po malku me zacuduva a toa e tvoevo piasanie vi posledno vreme.Dane nesto slucajno dosol vo Sobranie vujko Sem i ti namignal?
Ovcarstvo vo nevidena ekspanzija, 16.08.2013 10:06:28
Imas greska Todore. Mozebi vo nekoi granki od zemjodelieto ne papreduvame onaka kako sto treba, ama vo stocarstvo sme navistina fascinantni. Tolku imame opvci za strizenje, sto ete ne znaeme ni sto da i pravime na volnata/ Taka e i tak i treba. eden Pastir , so nekolku psi okolu nego i stado na krotki ovcicki za molzenje i strizenje.
x, 16.08.2013 10:11:39
Redno e Todor posto ne se soglasuva so vladinite politiki da si go napusti mestoto drzaven sluzbenik i da mu otstapi mestoto na nekogo od kogo drzavata i vladata ke imaat korist.Dodeka ne go napravi toa za nego ke vazi onaa rani kuce da te lae.
Komunjar, 16.08.2013 10:57:14
Da bideme realni i iskreni, pred 2.SV imalo 3 milioni stoka, no bez navreda, otrprilika isto tolku nepismeni ovchari nalik na stoka. Ni vo son ne sum sonuval deka jas ke go branam socijalizmot, no ete dojde i toj den. Iskreno, se preteruva vo negacijata na se i seshto, pa i na onaa tolku ochiglednoto. Kamo sreca da deneshniot opshtestven sistem, vo traenje vece od 23 godini, ni dade barem del od ona shto ni go pruzi, odnosno shto go dostignavme vo *kletiot komunizam*. I vo pravo se bile komunjarite so postavuvanje na vrhunski/nauchni celi, a ne zemjodelski i stocharski. Tochno, zoshto da ne proizveduvame kompjuteri i roboti, a ne da chmaeme kako zatucani ovchari i zemjodelci. Toa bilo nashata perspektiva??? Ma idite bre so takva perspektiva! Lichno ochekuvav da bideme *shestiot tigar*, a vie ne ubeduvata vo ubavinite i perspektivite na shestiot ovchar. Normalni li ste?
do X, 16.08.2013 10:59:47
Pa posle koga nekoj ke upotrebi grubi kvalifakacii kako fasisticki metodi vie od DPMNE se penite kako toa ne e vistina i kako vsusnost ste demokrati. Znaci sekoj sto e na platen spisok na budjetot treba bespogovorno da aminuva se sto vlasta ke napravi. Toa e demokratija??? Ako sakate taka togas treba i platite da si gi zemate od vasi sopstveni partiski prilozi a ne od parite i na nas sto ne sme vasi podrzuvaci. A nie (neopredeleni plus podrzuvaci na nekoja druga opcija) sme vo golemo mnozinstvo. Za sreca postojat desetici zemji kade nasite mladi mozat da pobegnat i da se cuvstvuvaat kako luge.
Коста Стоименовски, 16.08.2013 11:05:36
Кога на село ќе се создадат услови за живот како во градот (патишта, вода, амбуланти и слични служби, понекое индустриско погонче) никој нема да биде заинтересиран да го напушти селото и да оди мизерно да живее во град! Тоа најдобро може да се види на примерот со Словенија. А во МК, за жал, опустошено Мариово, сега се опустошуваат Источна Македонија и други региони. Српските медиуми пренесуваат дека факултетски образовани Руси доаѓаат во Србија, купуваат стари селски куќи и се занимаваат со производство на органска храна и уживаат во селската идила. Нашите иселеници во Италија и Швајцарија се занимаваат со земјоделски работи. Тие луѓе доколку со паметна политика се вратат во МК ќе донесат искуство со кое можат за државата да бидат покорисни од увзените министри за привлекување на странски инвестиции! Треба визија, треба знаење, а не нереални фикс идеи!
dobar den :-), 16.08.2013 11:11:39
Se poznava,g.autore,deka imate nekakva druga žica vo sebe...Fala Bogu,nekoj se nafatil da izleze od Skopje da ja vidi i druga Makedonija, da pišuva ZA ŽIVOT!!Textot e mnogu zanimliv,na g.Boro,negovata sopruga,decata i vnučinjata im poželuvam pred sé zdravje,sreka i uspeh vo rabotata,i nikad da ne gi napušta toj takanarečen *selski pamet*,blagodarenie na koj našite pretci opstanuvale so stoletija i belki i deneska ke opstaneme-toj,koj go ima.Skopje gori vo stanovite vo asfalt,buka i gasovi od auta, vo gužva vo autobusi,gust soobrakaj i drugi XX negativi!Ovie lugje,čij život e realno bez ukrasi opišan vo kolumnata,živeat vo čist vozduh i mir. Rabota si imat dosta-no, koj misli,deka od NIŠTO ke ima NEŠTO,e totalno vo zabluda.Za žal,predolgo vreme vo centar pažnje e Skopje,no se nadevam deka edneška ke se vrati pametot vo glavite,i životot vo selata.Od državata toa ke saka mnogu napor i investicii,no vo sekoj slučaj ke se isplati.Pozdrav do vas, g.Pendarov, i golem pozdrav do Lakaica :-).

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 30°C

Ведро

Недела
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Понеделник
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 18°C

Вторник
Ведро
Макс: 35°C, Мин: 19°C

Среда
Претежно облачно
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Четврток
Претежно облачно
Макс: 32°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Столот број 14: на него седеа милиони

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Вкусен агол
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политик�� | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Фељтон |