Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Фељтон
Коментари
15.08.2013, 18:08

Едиторијал

Имет–немет во Охрид

Веле Митаноски

Цело е кога имате се', ама кога имате се', можете и да загубите се'. Локалната и централната власт повеќе не можат да си го префрлаат кабаетот кога се во прашање Охрид и туризмот - во и со него. Да се затскриваат еден зад друг кога се во прашање напластените проблеми во туризмот.

Довчерашниот градоначалник можеше да се мајтапи со централната власт колку сака низ забелешките дека она што се нарекува пат од Охрид кон Скопје е уште од времето на Јосип Броз Тито и дека таа не направила ништо „освен колибите на Паско Кузман!“(наколната населба во Заливот на Коските), а тоа, сепак, да не стигнува до увото на Груевски. Сега веќе не е така. Не само што имаат свој градоначалник во ликот и делото на кардиологот Никола Бакрачески, туку „Докторот“ го вивнаа и во врвната политика. Сега, за се' одговорноста е во нивни раце.

Се разбира, автопат не се прави преку ноќ. Туристите може и да имаат разбирање за тоа откако веќе на своја одговорност тргнале за Охрид, ама „Македонија пат“ да не ги закрпи дупките на патот, тоа навистина нема логика. Туристите возат слалом избегнувајќи ги кратерите, а се случија и неколку сообраќајни незгоди со смртни последици! Одговорноста е конкретна, персонализирана, чудно е само како никој не повлекува потег!? Министерот за транспорт, Миле Јанакиески, минатиот викенд во Охрид рече дека се работи на проектите за нов пат од Охрид кон „Свети Наум“. Практично, околу таа сообраќајница е врзано грото од, каков-таков, охридски туризам. Таму се најголемиот број од плажите и излетничките места, хотелите, гордоста на оваа власт - Наколната населба, манастирскиот комплекс „Свети Наум“. Конечно, идната легитимација, ресорт-комплексот што би требало да го гради Индиецот Субрата Рој.

Летово водевме една Германка по тој пат. Без заобиколување ни кажа дека во нејзината земја ова што овде се нарекува пат веднаш би го забраниле за сообраќај. Кога и' кажавме дека тој пат е уште и меѓународен, дека поврзува две соседни земји, му немаше крај на чудењето. Како добри домаќини, гостинката ја сместивме во елитната вилска населба „Лагадин“, која на времето ја викаа уште и „Арамиско село“. Германката навистина доби соба со прекрасен поглед кон езерската шир и неверојатните охридски зајдисонца, ама, што вреди сето тоа кога се соочи со фактот дека домаќините „немет обврска да обезбедат сапунче, крпа за бришење и тоалетна хартија!“ Ама затоа имет толку љубезност што се нудат лично да ве однесат до најблиското гранапче. Во најголемиот дел од приватното сместување нема апартмани, нема флексибилност, има само соба и кревет! Ако си сам, ќе мора да си го платиш и вториот, некаде и помошниот кревет! Се' се множи најчесто со 10 евра. Па, „ко воли, нек изволи!“

Сите се залагаат за некакво ново лице на туризмот во Охрид, но до него нема да дојде преку ноќ и со поединечни акции. Нема напредок без конкретна акција на сите комплементарни фактори во туризмот. Парите се слатки, градежната мафија е срасната со општеството од локално до централно ниво, но, ако и натаму од Охрид се прави само спална соба, тогаш ништо од туризмот.

Елитниот, пак, е мисловна именка. Најелитните хотели, кои се прикажуваат со по 4 ѕвездички, немаат ниту пристоен базен. Всушност, ги имаа, ама ги разурнаа во интерес на конгресни сали. Било поисплатливо! Да видиме до кога.

Потребна е нова стратегија, агресивна маркетинг концепција, евтини аранжмани, алтернативна и атрактивна културна, спортска и забавна понуда. Вака како што сега стојат работите, се' е оставено на случајност, нема координација, едни на други си попречуваат наместо да делуваат во ист правец и за исто добро. Неснослива бучава до доцна во ноќта, непочитување на концесионерите на слободниот простор, цените на такси-превозот и ред други нешта кои му штетат на туризмот во Охрид. Хаосот е најдрастичен во културно-забавната понуда. Не одат заедно театарска претстава и турбофолк на стотина метри едни до други. Клавирска изведба во „Света Софија“ и турирање мотори под нејзините прозорци. „��реме е за една широка коалиција кога е во прашање туризмот“, напиша колегата Милчо Јованоски во својот извештај од Охрид. И време е за поголема љубезност на охриѓани кон гостите.


Статијата е прочитана 1680 пати.


Испрати коментар



Дали е роден последниот Македонец
Сточарот Боро
Што да се прави?



Od mene od daleku, 16.08.2013 02:19:41
Ohrid e prekrasen grad, no za zal toa ne moze da se kaze za golem broj ohridjani koi ne pokazuvaat ni elementarna ljubeznost, sto e osobeno izrazeno prema gostite koi doadjaat od glavniot grad !
J celeski, 16.08.2013 03:22:37
Iskusniot novinar kogo so zadovolstvo go citam posoci samo del od haosot vo delot sto e prisutno vo stredinata a na zapad e nedopustlivo da postoi ili najhitno se otstranuva i sankcionira. Vo sekoj slucaj novinarov so ovaa kolumna pravi napor da trgnat instituciite kon rascistuvanje na ova ohridsko i makedonsko bezredie. Apel.ne zastanuvajte pisuvajte apelirajte ako treba i ke protestirame vreme e ohrid da zacekori po evropski stapki
Така е, 16.08.2013 04:25:21
Накратко: патишта и друга инфраструктура, почисто езеро, среденост и хигиена, љубезност, вкусна храна, пониски и поконкурентни цени. Кога во соседна земја на море се нуди соба во хотел со базен по иста цена по која во Охрид се нуди соба во куќа мошне далеку од плажите, не треба да се чудат зошто нема гости. Тоа е нешто што се гради со години, а не оваа година да ги одереме гостите, па следната ќе дојдат нови за стрижење. Жално е најубавото туристичко место во Македонија да не може да собере гости за 2-ри август ни колку Прилеп за пивофестот. Секој нека размисли зошто. И секој од нас исто така, дали придонел со тоа што пуштал гласна музика, фрлал отпадоци, возел скутер меѓу капачите да се покаже додека полицијата спиела, им се насмевнал на странските туристи или се намуртил, умисленоста дека ја имаме најубавата храна на светот и дека ништо ново не треба да се понуди. Секогаш има простор за подобрување.
Славко Лазовски, 16.08.2013 04:48:31
Интелегентните успеват, а другите чмаат. Само околу 5% од населениете (од сите нас) се родени или можат да научат да бидат претприемачи и да ствараат доход. Останатите сме надвор од тие процеси и само трошиме. Туристичката понуда е културна понуда.
JAS, 16.08.2013 07:22:45
Pa sto ne go sredivte Ohrid???? Ne e tesko, samo treba da se pocituvaat odredeni standardi i tolku. SDSM rakovodese so Ohrid 8 godini, a DPMNE namesto da izgradi patista snima reklami i gradi spomenici....
germanija, 16.08.2013 07:58:07
Se vide koj go obozavat Ohrid,ova go. imalo pomalku domasni gosti,normalno koga opstinata ja vodit vmrovec ,luge opozicioneri bile domasnite gosti ,zar ne e isti patot ,zar cenite nese isti ,ali Ohrid se pomesti ,pa kako takov ne mu se sviga na gostinot ,so ova vlast samo ke nazaduvame,
jovan, 16.08.2013 07:58:45
Jas vcera napisav komentar povrzan so turizmot vo Ohrid, vo koj napisav, Ohrid da go zaboravime, nema sto da ponudi, no me napadnaa nekolku komentatori popametni od mene, deka sum bil predavnik koj ne si ja sakal drzavata.No i denes istoto ke go povtoram. Ima i drugi mesta vo Makedonija koj mozat da privlecat turisti i toa isto tolku kolku vo Ohrid so mnogu pomalku angaziranje. Cela sila ja potrosivme za Ohrid, a tamu nema mesto kade da zastanes, a ne pa plazi, hoteli, parkinzi, restorani... da gradis. Patot ne e glavniot problem. Problem e sto Ohrid nema so sto da te zadrzi poveke od 4dena, a nie si mislime deka stranec ke dojde tamu i ke*uziva* 15dena na onie takanareceni plazi.
dežela, 16.08.2013 08:00:55
Ohrid - ubavina nevidena - do koga ne ke se pomesti neštonešto napoubavo za lugeto koj doagaaat da se voskituvaaat na taa ubavina od crkvi - plaži i sss što e od makja priroda dadeno -dajte makedonci ednaš presttanete so taa podelba na komunari i patrioti kako mladite lavćinja - Ohrid - - Kurbinovo -Prespa site tija ubavini ubavni se naši Makedonski - ne s partiski oboeni koga daaagame i ja lečime nostalgijata- zaedno so stranski turusti - šprestanete so prepukuvanjata partiski - na kolegata Dr - se naj naj vo ostvaruvanjato da Ohrid go naprabvi TOP - mesto za turizam kakov mu pripaga na gradot bez turbo folk srbski so ubavi makedonski ćalgiii i ohridski pesmi
ZEMJATA, 16.08.2013 08:29:48
G-dine Mitanoski bi Ve zamolil ovaaz prekrasna kolumna da mu ja odnesete da ja procita Ace ohridski udarnata pratenicka tupanica na Pastirot.Pred otprlika eden mesec tos si zede za pravo da ni drzi lekcii kade toa za nasi pari da odmarame.Eve ti eden predlog mislam za Aceta lupni eden amandma so koj od sekoja vmrovska familija (po eden vraboten od sekoja familija BC) da mora deset dena da pomine vo Orid i mirna Backa a ostanatite batali ne nie ke de pridrzuvame kon devizata moj pari moj g.z.
Mirko, 16.08.2013 08:35:32
Taka toa odi, koga e politika vo prasanje!? Dosegasniot gradonacalnik na Ohrid bese od strana SDSM i po nekoja logika i praksa od vlasta nema podrska. Vo slucajov, vlasta i po cena na golemi gubici, ne sakase da vlozuva vo Ohrid, samu zato sto gradonacalnik bese od sprotivniot tabor. Detska rabota, ama golema steta za drzavata. Patot od Ohrid Sv.Naum e stvarno ramotilak neviden. Sega Bakracevski ke prevzeme nesto? Sto? Pari nema, oti otidoa na druga strana. Nisto nema pogore, koga ke secas granka na koja sedis!
SK-14 vi go prezede turizmot, 16.08.2013 11:39:15
Skopje vrie od turisti, se slikaat na site strani, samo ushte po nekoja para da ostavat.(???) Gospodine Mitanovski, objasnuvajci za patishtata do Ohrid i turizmot vo Ohrid, zoshto ne postavivte logichno prashanje do tvorcite na SK-14 i onie koi se voshituvaat na toj proekt: Zoshto spomenici, a ne patishta, zoshto shmizli, konji, volovi i lavovi, a ne fabriki? Ne ona glupavo, dali ste za ili protiv gradenje, nego za kakvo gradenje? Svesni li ste kolku pari na SK-14 se lupnati i pokradeni? Milionchinjata gi izgovarat, kradat i frlat kako dinarchinja. A ovamo, ne mozeme do Ohrid da otideme, kako poradi patishtata, ushte povece poradi siromashtijata i bedata. So edna milijarda evra frleni na SK-14, ke se izgradeshe blizu 1.000 km avtopat. A Makedonija e 200x200 km. E zatoa, SK-14 e prokolnat barem od polovinata makedonski gradjani, a doprva i od onaa drugata polovina, koja poteshko svaca.
за туризмот, 16.08.2013 11:53:25
Ако не им е добро на туристите во Охрид, нека скокнат до соседна Струга. Сепак, за тоа да го сторат, ќе треба да се изначекаат на автобувчињата за меѓуградски сообраќај. Оние де, малине, нечисти, половни, неугледни и пренатруапни со патници. Или на таксисти, кои што незнаеш дали се легални или се нелегални. Во поетска Струга ќе бидат пречекани од истовремена бучава од џамиите. Езерото може да го видат само ако одат на плажа. Во спортивно, само на разгледници. Патем, можат да си купат по некој сувенир од соседна Албанија.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 31°C

Ведро

Недела
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Понеделник
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 18°C

Вторник
Ведро
Макс: 35°C, Мин: 19°C

Среда
Претежно облачно
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Четврток
Претежно облачно
Макс: 32°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Столот број 14: на него седеа милиони

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Вкусен агол
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Фељтон |