Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Економија
13.11.2011, 17:59

Риса Димова е среќната милионерка од Битола

Димова, во 86. коло на Лото, ја погоди седумката која и' донесе награда од околу 130.000 евра

Миодраг Мицковиќ


Третиот лото-милионер од Битола, кој во 86. коло ја погоди седумката на Државната лотарија вредна 7.777.777 денари или околу 130.000 евра, реши да се појави во јавноста и својата голема среќа да ја „подели“ со многубројните играчи на оваа најпопуларна игра на среќа во Македонија. Тоа е госпоѓата Риса Димова, мајка на три сина, која за само 30 денари и со две пополнети комбинации на обично ливче успеа да ја добие премијата на Лото, сума што ја сонуваат секоја среда и сабота играчите на лото.

Таа во петокот дојде во Државната лотарија за да се договори околу исплатата на вредната добивка која ќе и' биде префрлена на нејзината трансакциона сметка, како што тоа го налагаат правилата на Лотарија, а ќе и' бидат одбиени 10 отсто данок.

Во разговорот со директорот на Државната лотарија Дане Кузмановски, среќната добитничка се согласи вечерва во извлекувањето на „Бинго“ да биде гостинка на популарниот водител Игор Џамбазов за да ја раскаже својата приказна за големата среќа, за возбудата во моментите кога ја очекувала последната седма бројка од миксерот, осумка која и' ги донесе милионите.

Да потсетиме, годинава трите седумки беа погодени во Битола, првата во во мај во 37. коло, највредна откако почна лотото на Државната лотарија во износ од 350.000 евра, втората во 77 коло, која на среќниот добитник му донесе 100.000, и последната во 86 коло вредна 130.000 евра што ја има погодено Риса Димова.

Првите двајца добитници бараа да останат анонимни, не се познати на пошироката јавност, но Димова не го дели нивното мислење. „Немам потреба да се кријам, зашто, јас не сум крадец, чесно ја освоив наградата благодарејќи на мојата голема среќа која најпрвин ја поделив со синовите, потоа и со комшиите. Можам само да кажам, и благодарам на Лотарија, сега повеќе ќе немам финансиски грижи. Велат, кој еднаш ќе погоди седумка, не игра повеќе. Зошто? За мене е задоволство да бидам покрај малиот екран и да го следам извлекувањето, а дали повторно ќе ги погодам сите седум бројки, тоа никогаш не се знае. Впрочем, јас имав навистина голема среќа, би сакала и другите играчи да ја имаат. Не залудно се вели, кој игра има шанси, а кој не игра, не може ниту да добие“, вели Димова.


Статијата е прочитана 4340 пати.

Испрати коментар



Бугарија од членството во ЕУ доби 2,25 млд. евра
Груевски во Лондон со британските инвеститори
Падот на еврото ќе предизвика катастрофа
Домашните текстилци бараат ист третман со странските
Ќе се градат мини-хидроцентрали
ИМБ најавува откуп на млекото по класи
Казни до 7 илјади евра треба да го гарантираат минималецот



Istocna Makedonija, 14.11.2011 09:25:47
Neka i e cestito na sreknata dobitnicka i parite pametno da se upotrebat!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


ДЕНОТ НИЗ ФОТОГРАФИИ
Гајдаши стојат на воените гробишта на Коминвелтот во Рамл во близина на Тел Авив, пред комеморативната церемонија за паднатите борци
Најнови вести
Време
Скопје, 1°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 8°C, Мин: -5°C

Среда
Сончево
Макс: 9°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Блог избор
sead93.blog.com


Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |