Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
13.11.2011, 17:02

Гардиската шубара е повеќе бугарска отколку македонска

Комитските униформи беа романтични, а новите се повојнички и бегаат од македонската народна традиција

Јасминка Павловска


Забележливи, но лесно паѓаат во заборав... По неколкуте промоции, се чини таква судбина им се пишува на новите гардиски униформи на АРМ, креација на Александар Ношпал. Откако за првпат ка��о прототип и' беа претставени на јавноста, во декември минатата година, на своевидно „рум шоу“ во Домот на АРМ, униформите официјално беа промовирани пред светлото на денот на прославата на 20-годишнината од независноста, на „8 Септември“. И оттогаш новите униформи повторно ги снема, па припадниците на Баталјонот за почести и за опслужување на македонската Армија (како што е официјалното име на гардата) и понатаму ги пречекуваат странските високи гости во старите, популарни комитски униформи.

Славата на овие униформи, кои треба да заминат во историјата на армиската мода, се ревитализираше по посетата на емирот од Катар на Македонија, кому толку му се допаднаа овие униформи, што доби една за својата богата колекција. Пред неколку дена и албанскиот премиер Сали Бериша беше пречекан од со гардистите во комитска костимографија.

На својата прва промоција, опишани од тогашниот министер за одбрана, Зоран Коњановски како „идејни решенија што се сублимат на историјата и на современото време, израз на мултиетничкиот карактер на Македонија, а истовремено и нашата воена историја“, новите гардиски униформи не наидоа на прифатеност во јавноста. Сублиматот на традицијата од народните носии и модно–креаторските амбиции на Александар Ношпал, беа дочекани со искажана, но и премолчена скептичност, што ја засили изјавата на дизајнерот дека основна идеја - водилка му бил дизајнот на „Армани“ за униформите на италијанските карабинери.

На почетокот беше речено дека новите униформи „се во целосна согласност со веќе постојната униформа, но има и нови моменти, кои се рефлексија на нашето време“.

По неколкуте јавни појавувања на новите гардиски униформи, остана и понатаму да виси прашањето колку навистина овие униформи ги изразуваат духот и традицијата на народните носии, што некако се подразбира како прва „задача“ на оваа национално репрезентативна армиска облека.

„Неблагодарно е да се зборува пост-фестум за нечија креација, особено ако таа е прифатена на државно ниво“, вели костимографката Лира Грабул, која е и професор во Средното уметничко училиште во Скопје и предавач на ЕСРА, на отсекот за дизајн. „Во секој случај, не е лесно да се креира една униформа, да се задржи строгиот воен стил и да се претстави индивидуалноста во креацијата. Новите униформи ги имам видено само на телевизија, веројатно како и повеќето граѓани на Македонија, и не би сакала да судам површно. Колку што забележав, акцентот на пренесувањето на традицијата од народните носии е ставена на употребата на боите во везот: црвено, бело, црно. Колоритот е македонски, но не знам дали е тоа доволно да ја претстави спецификата на македонската традиционална носија на нешто, што на некој начин треба да биде национален симбол“, нагласува Грабул.

Во скржавите изјави во текот на изработката на гардиските униформи некако протоколарно беше навестено дека биле консултирани етнолози, стручни познавачи, кои специјалнизирано ги изучуваат македонските народни носии. Етнолозите од Музејот на Македонија, каде што постои постојана поставка на народните носии и каде што работат најголемите познавачи на оваа материја, не можат да се сетат дека некогаш биле консултирани на оваа тема. Велат дека само биле поканети на изложбата на прототип – униформите во декември минатата година, во Домот на АРМ. Но само како гости, без никаков простор за сугестии и консултации.

Поради тоа не гледаат простор за изнесување на некакво стручно мислење и коментари, откако целата работа веќе е завршена. Но, некаква општа констатација е дека целиот концепт на униформата бега од македонската народна традиција. Највпечатливото отклонување од препознатливите белези на македонските носии е шапката – шубара во гардиските униформи, за кои велат дека таква форма не е карактеристична за носиите од ниту еден крај на Македонија. Најмногу потсетуваат на шубарите од носиите на бугарските Шопи.

Сепак, како што модниот израз секој го доживува и искажува на свој начин, многу е тешко и строго да се разграничи територијалниот опсег на некоја носија. Елементите се прелеваат од место во место, па носиите на балканските народни, особено во граничните области на државите, често наликуваат една на друга.

„Традицијата на македонската народна носија остава широк простор за да се избере концептот на една носија“, вели Лира Грабул. „Најзначајниот момент во изработката на еден костим, па и на униформа е да се одреди периодот од историјата, во случајот од македонската традиција. Т��а е избор и одлука на креаторот. Во старите гардиски униформи, т.н. комитски, како идеја е земен е револуционерниот период од македонската историја. Таа униформа би ја нарекла – романтична. Додека овие новиве, работени се според теркот на една класичната гардиска униформа. Оваа униформа е некако поуниверзална и, би рекла, поевропска“, констатира костимографката Лира Грабул.


Статијата е прочитана 6116 пати.

Испрати коментар



Поддршка за „Манифестот на Македониумот“
Скопје прослави 67 години од ослободувањето
За 300.000 евра се оставени без лек лицата со ретки болести
Билјанините извори пресушија



jovan, 14.11.2011 00:24:34
Namesto da se raspravame cija bila subarata, mozebi popametno ke bese da napisete civ bese tenderot. Toa e po bolno prasanje.
D.V., 14.11.2011 02:04:45
Ne razbiram, sto Lira navogja proevropsko vo ovie gardiski uniformi?! Tie poveke licat kako da se za mazi koi seprepraveati vo gardisti,za praznuvanje na Procka.Vprocem, pred da bidat proevropski, neka se prestavat makedonsko-proevropski. Ete pak nov materjal za prepukuvanje, za da se zaboravat kako i sekogas dosega,poslednite burni zbivanja vo naseto denesno opstestvo.A kolku tie cinea, kolku pari se frlija vo bunar, za uniformi koi se nadevam deka nema da se upotrebuvaat, makar bile nareceni i proevropski, za toa kako da ja zaboravame da prasame !
Весна.С. од Прилеп, 14.11.2011 02:38:11
НОВИТЕУНИФОРМИ НА ГАРДИСТИТЕ СЕ КАТАСТРОФА (ЗБОРОТ КАТАСТРОФА ПОДВЛЕЧЕН СО ИЛЈАДА И ЕСНА ЦРТА).СЕГА БУГАРИТЕ МОЖАТ ДА НИ СЕ СМЕАТ И ДА НЕ НАРЕКУВААТ БУГАРИ,А ГРУЈО СО ОВА МОЖИ ДА ЈА ЗАГУБИ ВЛАСТА(НЕ МУ БЕШЕ ДОВОЛНО ШТО ЦЕЛОСНО ГИ АМНЕСТИРА АЛБАНЦИТЕ СО ОВА НЕ ПРАВИ БУГАРИ)
jimmy1, 14.11.2011 05:06:51
Ne samo subarata tuku i uniformite nemaat nisto makedonsko, ovie uniformi poveke mi lican na uniformite od bugarskite slugi na bugarskite carevi. Nekoj nedoveten nastojuva da go odzeme makedonskoto obelezje od nasite vojnicki uniformi na gardata. Nikade kaj nas nemam sretnatao da postoi vakva ili slicna nosija, so tolu bela boja. Ima slicni vo Bugarija, Grcija, Slavonija, Madzarsaka i nekolku drugi drzavi ali kaj nas nema vakvo nesto, so isklucok od nekoi nosii sto gi poseduvaat umetnickite drustva. Za da se dade tocen komentar treba da se vidi i dolniot del na uniformata.
n.g., 14.11.2011 07:35:31
Kakva Vlada takov stil na oblekuvanje
Ljube, 14.11.2011 07:56:39
Ovie uniformi veke se nosat vo sosedstvoto!!! ne kopirajte! nie imame svoja posebnost, Nasite uniformi koi sega se nosat se Odlicni nemojte da gi zamenuvate so TUGI!!!
stavre, 14.11.2011 09:08:48
mizerija.nasite dedovci se prevrtuvaat vo grob. nasi vojnici da licat na blgarskite soldati okupatori sto ubivaa makedonci za vreme na 2 svetska vojna. vaka li im vrakjame za slobodata sto ni ja donesa.
stojcev, 14.11.2011 09:14:18
Македония се върна към българските си корени
slartibartfast, 14.11.2011 09:35:10
Ne znam dali novata uniforma izgleda poevropska poveke bi rekol deka e pobugarska. Sram za nas e ako se dozvoli primena na ovie uniformi.
мене, 14.11.2011 10:08:32
Мизерија. А зошто баш на Ношпал му дале да ги креира. Типот појма нема
Партизанот, 14.11.2011 10:29:34
Потполно се слагам со горенаведениот наслов. Не потсеќаат на ништо македонско.
mkd, 14.11.2011 10:48:45
Uniformite ne se losi i bi rekol duri i ubavo sveceni. Od kade vi e ideata deka subarite se Bugarski??? Pa tie subari gi nosel cel Balkan a posebno ovcarite od Srbija,Makedonija ,Bugarija,Romanija... Mene licno mi se dopadja istata unifoma so crni pantaloni i klasicna vojnicka kapa(tie sto odea na celo) no kako celina se ok Realno mestoto im e za svecenosti a postojnite se super za prececi od normalen karakter
martin, 14.11.2011 10:57:02
navistina interesni gardiski uniformi i konecno nekoj se osmeli da gi oblece vojnicite gardisti vo tradicionalni makedonski uniformi kakvi sto navistina nosele makedonskote komiti a toa moze da go vidite od mnogute originalni fotografii na makedonski komiti od pred za vreme i po ilindenskiot period a toa sto se slicni so bugarskite tradicionalni uniformi e drugo prasanje no toa e realnosta. a dosegasnite gardiski uniformi sto eve nekoj citateli gi narekuvaat komitski se daleku od toa zatoa sto se kopii na uniformi od tv serii od seesetite i sedumdesetite godini od 20 vek koga zaradi togasnata jugokomunisticka vlast ne smeelo po tv da se prikazuvaat originalni komitski voeni uniformi zatoa sto slicele so nekoj drugi od sosedstvoto neli?
makedonec, 14.11.2011 11:18:47
do stojcev makedonija nema da se vrne kam balgarskite tatari more ganjo zapamti kako ve preceka makedonskoit narod koga go osloboduvavte 1915 i 1941 si zaminavte kato pokakani od makedonija so takva uniforma crni pantaloni i beli sapki ubivavte vo vatasa deca ej ganjo na se nadevaj na pijana zena makedonija pamti samo zapamti karavanot vrvi pesoveto lajat ama ce pocrkaat
СЕ Е МАКЕДОНСКО, 14.11.2011 11:35:49
Македонија е македонска. Грција лаже. Македонскиот јазик е земен од татарците. Бугарија лаже. Грчката гарда што носи е македонска носија. Бугарски лав или капи не се туку македонски. Тука е проблемот што Грција и Бугарија се китат со македонско а не обратно.
Aleksandar, 14.11.2011 11:36:43
Ne se razbiram od istorija, no kako obicen covek unigormata voopsto ne mi se dopagja, a nitu percepcijata mi e deka nesto tuka ima nase tradicionalno. Premnogu mi e tugja uniformata. Tolku trudenje od Nospal na krajot dizajniral losa uniforma. Gi zalam negovite studenti na koj im predava moda i umetnost ili sto i da e.
od ostrijot, 14.11.2011 11:40:43
slicni uniformi nosat kralskite gardi za nekoj kralski precek a ne i normalna vojska ili grujevski se zamisluva daje kral pamu treba takva garda no kakose veli nepitaj koje lud on sam kese kaze.
Se e sredeno, 14.11.2011 11:40:52
Gi sredivme site raboti vo drzavata pa dojde vreme da gi sredimei gardiskite uniformi ?
kocho racin, 14.11.2011 12:15:03
Katastrofalno losho reshenie se novite gardiski uniformi. Za razlika od niv, gardiskata uniforma koja ja dizajnirashe Prof. D-r Gorgji Zdravev , zrachea so temelno istrazuvanje na kodot vo makedonskoto oblekuvanje. Po deceniska rabota i selekcija na materijali, profesorot ja obmisli idealnata kombinacija na gardiska uniforma, koja pri toa se razlikuvashe i od okolnite varijanti. A vakva glupost koja ni ja prodava Noshpal, deka e inspirirana od Armani pokazuva kolku ne neznae gospodinot koj se prodava za akademski profesor...
riste, 14.11.2011 12:29:47
Kako prvo ako nospal pravel ispituvanje po site parametri zasto javno ne gi prezentira koi se tie eksperti koi go posocile na tie detali, pa potoa prvo neka gi objavi za celiot makedonski auditorium pa neka se napravi javna rasprava zasto site znaeme kolku sme custvitelni za ovie raboti , pa potoa neka se uvide vo koja nasoka treba da se dvizime.Vtoro sto mu falese na starite uniformi pa neka napravelo samo redizajn na istite taka se pravi tradicija od nesto trgnuvas pa potoa go nadopolnuvas a ne celo vreme izmisluvame novi rabot.Treto prethodniot komentar vo vrska so tenderot koj go zemal pa zosto da se sumnja na ispravnosta, na ovoj nacin se otvara moznost sekoj koj sto e na vlast da raspisuva tender za novi uniformi pa vo idnina bi mozele povtorno da dobieme partizanski uniformi? koga ce pocneme samite da se pocituvame?
Бугарин, 14.11.2011 12:40:13
Крадете историja крадете
od nekoj, 14.11.2011 12:52:39
Starite uniformi se kade kade podobri so toa sto moze malku da se podsredat i ke izgledaat uste pooubavo, a i ne mora.
deni, 14.11.2011 13:11:59
koga gi vidov prv pat mu rekov na prijatelot deka uniformite se kopii na bugarskite uniformi koi setaat po sobranieto toj mi rece nema sansi ama sega koga gi analiziraat i sporeduvaat vidov deka prijatelot bil vo greska predlagam posto tolku ne sakaat bugarite neka se pripoime bar u e u ke vlezeme i pasos ke dobieme da sobereme 100 000 za da se izglasa pripojuvanje kon bugarija demek psicko sme edn narod hahaaaaaaaaa
ego, 14.11.2011 13:16:56
Ako za nesto dobivavme komplimenti od svetot toa bese za znameto i za starite gardiski uniformi, deka se ubavi i unikatni. Bas me zacudi profesorkata...
vaga957, 14.11.2011 13:39:50
Што очекувате од Ношпал, сем забегани модели.Греота,не знам само што мислат овие од власта??
RES, 14.11.2011 13:40:42
Stalno sami od neznaenje si go otpisuvame i toa sto e nase, pa stanuva bugarsko grcko, srpsko ili albansko. Podobro e ovie buckacite malku i da naucat sto se imame nie Makedoncite pred da pocnat da tropaat gluposti ili da pisuvaat za drugi tugi potrebi ili pari!
Mrsnik, 14.11.2011 14:00:22
Ставете им шајкачи наместо шубари за да не ви бидат премногу бугарски.
Oskar, 14.11.2011 15:02:18
Ova ne lici na uniforma, poveke lici na selska nosija. Ne dozvoluvajte da se sramotat gardistite i Drzavata.
goce, 14.11.2011 18:03:04
Грозни се.....ми се бољват кога ги гледам......ме подсеќаат на Ванчо Михајлов и Тодор Александров..........
bezanec, 14.11.2011 18:22:18
Уште еден непобитен аргумент за бугаризација на Македонија,започната со Љубчо а ќе ја заврши Груевски,се додека слепо му се верува на груевски од заслепените вмровци.
george mitev, 14.11.2011 18:52:44
tie makedonci sho ktetikuvat dali se videli slki od komitite na slika da vedat kolko gi ima kapite sho gi nosaat i dadovste dali kim bide podobira daimat sumatinska ili titova ti e se isgibene tie oste pishuvat na srski ta moshat da se razberat a pak senite pisuvat srpski cei fejse book samo pogledni i ke videsh pozrav. ti pak ke poshnesh da mi kashuvash sifrata e pogreshna ti ja pishuvash i jas ja kopiram .
Makedonec, 14.11.2011 19:02:47
tocno e ovie uniformi licat na bugarski. KAJ VI E UMOT BRE. Sum za VMRO so se odnesuva za ekonomijata i drugite aspekti se ok ama OSTAVETE GI STARITE UNIFORMI
boris, 14.11.2011 19:26:44
do Весна.С. од Прилеп, a mori vesno ,mnogu brzo si zabravila ....popisot se prekinuval zbog golemiot broj na zapisani balgari ...vo istocna makedonija .......?????????????????????????????????????????????
Volkot ne kole za jadenje...ami za zulum!, 14.11.2011 20:09:34
Sum reagiral i porano za ovaa rabota, za uniformite i tn. Nisto ne me iznenaduva od ovaa dilatantska vlast. Prodolzuvaat so sproveduvanje na dogovorot pomegju MPO( Bugarija) i UCK( Prizrenska Liga) od 1920 godina za odzemanje na delot od Makedonija daden na Srbija (1913 so delbata na Makedonija) i megjusebna podelba megju Bugarija i Albanija. Planot e tolku elaboraten sto i Grcija moze da ostane vo vladeenje na 51% od Makedonija a vo megjuvreme da pomogne so pritisocite so ime i t.n. Otode Gevgelija stana modus operandi na vladata...a otode Grupcin metoda za etnicko cistenje i genocid na Makedoncite od teritorijata dolz delbena linija Kriva Palanka-Ohrid!!!! Imate li mozok lugje, ve rasuvam i vas citatelite- pri oci slepi li ste? Oslobodete se od partiskite kapsuli i diktaturata na klanot DPMNE sto go nametna kultot za rasturanje na Makedonija!
afhganistan, 14.11.2011 22:52:59
ejjjj !!!!!!!!!! no comment sto da kazam ko e sve kazano kako da ea objasnit .svee ova sto ni se slucuva ]\\\ //////???? sve ne zbunuva na site koi ziveat vo nasata mila i draga Macedonia. taa vavilonska kula sto tezneeme da ne primat vo nea e za sve kriva toa e moeto mislenje ! ama ke se rodit Aleksandar pak i ke e rasturit taa kula i ne ke postovjat izvinete ako ve navrediv so mojov akcent ili e roden ? !!!!!! ? sto velte vie dragi gospogi i gospoda ve prasuvam vas ????? a to za subarata da im kazam na komunistie zasto ko ke odea na liv po nacionalnite rezervati kade bese samo za niv dozvolen lov zasto nosea shubari dali bea Bugari Grci ili Kinezi Swegani ILI RUSI kazete dragi komunisti ::::::: pozdrav do site MAKEDONCI I TIE STO SE CUSTVUVAAT KAKO TAKVI BES RAZLIKA NA VERA I NACIONALNOST [

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


ДЕНОТ НИЗ ФОТОГРАФИИ
Гајдаши стојат на воените гробишта на Коминвелтот во Рамл во близина на Тел Авив, пред комеморативната церемонија за паднатите борци
Најнови вести
Време
Скопје, 1°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 8°C, Мин: -5°C

Среда
Сончево
Макс: 9°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Блог избор
sead93.blog.com


Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |