Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Саботен магазин
09.11.2012, 18:08

Саботни муабети

Аjнштаjне! Пукни!

Огнен Јанески

„Ха, ха, ха!“

Не сте можеле да имате поразлична реакција од оваа кога сте го прочитале огласот на Министерството за здравство, во кој, меѓу другото, се истакнува дека кандидатите за пројавување (што и да значи тоа!) интерес за да бидат членови на комисијата за сложени анализи мора да дадат сертификат од МЕНСА, со кој ќе докажат дека имаат коефициент на интелигенција од 140, па нагоре. И покрај тоа што современите психолози го отфрлаат овој коефициент за мерење интелигенција, зашто има и други важни фактори.

Се отвораат милион прашања и се даваат уште по толку одговори низ низата коментари кои го опседнаа социјалниот свет, а медиумите (како и секогаш), со задоцнета реакција, ја презедоа од него.

Неверојатно е колку суптилно, само преку еден оглас, може да се создава елитизам, кој ни е тотално непотребен во денешните услови, во кои се наоѓаме. Но, во општество, каде што дипломците веќе не се во мода, туку сега тоа се порамнува со средното образование, па за сметка на тоа, потребно е да имате, квантитативно, магистерски (мастер) студии, во најмала рака земено – елитизмот е очигледно крајно „пожелен“.

Во случајов, пишувам од аспект на човек кој, да речеме, би сакал да биде дел од таа комисија и за толку ситни пари како што се хонорарите на членовите, да си ги вреднувам, мозокот, искуството и образованието.

Ако ги разгледуваме критериумите според даденоста, првиот не го исполнувам за само 4 поени (оценето според матрица на МЕНСА). Впрочем, од мојата група тестирани имаше само едно девојче, кое со своите високи 178 поени би го исполнувала условот.

Вториот критериум не гледам потреба зошто воопшто и би го разгледувал, со оглед на тоа дека образованието сум го стекнувал на највисокорангираниот (според Шангајскиот универзитет „Џио Тонг“) универзитет во државава (УКИМ), кој не е ни меѓу првите 500 во светот! И плус, дополнителниот поткритериум е нелогичен! Барањето просек 8 од студент кој треба да има над 140 IQ нема допир со реалноста. Или, пак, можеби и има, зашто македонските универзитети немаат образовна политика за третирање студенти со висока или натпросечна интелигенција.

За третиот критериум е в ред. Сеопшти се! Впрочем – кому не му требаат новинари, па дури и за членови на комисија за сложени анализи во Министерство за здравство!? „Се разбираме? Хаос!“ – би искоментирала ултрапопуларната „Фејсбук“-икона - Покојна Милева на овие поткритериуми.

И секако - четвртиот, кој бара да познавате два странски јазика, е оправдан за младите генерации, но, се прашувам дали потврдата од нечие маалско училиште за странски јазици (од времето кога немаше странски програми кај нас) ќе биде прифатена. Впрочем, прашањето е – колкумина кај нас можат да се пофалат со сертификати за англиски (ТОЕФЛ) и за шпански јазик (Институто Сервантес) од светски ранг? За останатите јазици немам информации кои се нивните институционални пандани во глобални рамки.

Дискриминаторскиот однос со објавувањето ваков оглас е поразувачки. Автоматски на луѓето им поставувате граници кои не можат да ги достигнат, а со тоа ги демотивирате, зашто според МЕНСА – само 1-2 процента во светот се со коефициент над 135! А кој од нив би сакал да решава сложени анализи за сума од 50 до 90 евра? Понижувачки е и за лицето кое реално може да биде дел од комисијата!

Конечно, за инает на Ајнштајн, на министерот му го предлагам следново – отсега, при огласи да се бараат и историјат на прва кашлица, брис од исцедок од нос, отпечаток за дустабан-стапало, пубично влакно од прв коитус по можност, но и семејна фотографија до осмо колено. Сето ова да го потврдат институции од Алжир, Кореја или која било држава што завршува на –стан (на пример, Туркменистан).


Статијата е прочитана 4900 пати.

Испрати коментар



Ергенлак - пашалак, па МЕНСА-шоу
Музите на Хичкок и денес икони на стилот
Француски бакнежи од Елисејската палата
Кисело-весело за сите времиња
Може ли „шанел 5“ по 91 година да биде забранет?
Гласајте за МАРС!



cvikeras, 10.11.2012 08:11:48
cel svet si igra K. Tasak so Makedonja. crna makedonja. taa e edinstven primer posle Kampucija kade se na vlast crveno-zoltite kmeri. itno da se objavi oglas za vrabotuvanje na 100 psihijatri vo vladata. sto ce ostane da se napravat polski bolnici za kretenskiot narod da se leci (kako koga merat seker).
Mirko, 10.11.2012 08:30:24
Svetot ni se smee. Neznaem, dali ima nekade ovakov konkurs? Kaj nas i od nas, se e mozno.
valentin, 10.11.2012 18:19:55
ОДЛИЧЕН СИ!
ss, 10.11.2012 20:30:08
a bre pak se seee panika i se pravat glupavi tezi ni svetot ni se smee ni izmisluvame topla voda . ako e zamislata podobro zravje togas neka pravat sto sakaat po sekako se videlo deka doktorite ne sakaat da bidat kaznuvani tuku samo nagraduvani , i ako mu pocine nekoj pacient baraat nagrada.a za toa sto drzavata treba da ja vodat luge so nad prosecna intelegencija gozamisluvav uste koga eden student stana premier i si mislev deka politicarite se epten intelegentni ama se setiv po edna slucka koga covek koj nemase sredno obrazovanije so svojata intelegencija kupuvase za 1denar a prodavase 20 den. i kuoi dukan i stanovi.zatoa za da te biva ne treba fakultet tuku darba e bas toa ministerot bara luge so darba .
Do ss, 11.11.2012 09:58:32
Ne ti e pologicno deka prvo ministerot treba da ima inteligencija i darba!A deka ni se smee cel svet na glupostite , dovolno e da vidis sto pisuvaat stranskite vesnici , a ne Latas i Milenko!
Odlicno Ognen!, 11.11.2012 16:16:08
Odlicen tekst na tema za koja treba TRAKTAT da se napise...no moze i so eden zbor da se opise!
jovan, 11.11.2012 17:22:06
MENSA e obicen KVIZ, a ne dokaz za intelegencija. Obicna smislica za zaglupavuvanje narod.Ne e i tajna deka mnogumina koj dobile *nadprosecna* ocenka od taa MENSA, vsusnost pred toa dobile del od prasanjata/smislicite, pa odnapred ja znaele *fintata*/odgovorot.Mnogu od tie MENSA prasanja, nemaat vrska so intelegencija, nego se obicni trikovi.Eve edna stranska karikatura za MENSA: Sto e toa malo crveno sto odi gore dole? Odgovor: Patlidzan vo lift. So drugi zborovi tocno opisano sto e MENSA. Skoro vo eden Holandski vesnik bese objaven text so naslov:*MENSA, club na luzeri*.MENSA vsusnost e i toa, socijalen klub vo koj clenuvaat luge koj resavaat razlicni prasanja koj samite si gi kreiraat i odgovaraat. Nesto kako sahovski klub, vo koj clenovite resavaat sahovski problemi, iako za igranje sah treba mnogu pogolema intelegencija od MENSA. Dosega nieden MENSA clen, ne se pokazal za dobar sahist.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 13°C

Претежно облачно

Вторник
Ведро
Макс: 19°C, Мин: 6°C

Среда
Претежно облачно
Макс: 14°C, Мин: 4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (50)
Вдовицата на Тито стана обична граѓанка. „Утрински весник“ специјално за своите читатели од утре ќе почне со објавување на сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ во целост на својата интернет-страница.
Настани
И американски командант во Авганистан во љубовна афера
Љубовната врска на генерал Џон Ален со Џил Кели, втората жена во аферата со шефот на ЦИА, Патреус, го стресе Пентагон...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |