21.09.2012, 16:13 Преговори, па името е нереална опција
Според еврокомесарот, наивно е да се верува дека Брисел ќе ни даде преговори, па потоа да го решаваме спорот
Еврокомесарот за проширување, Штефан Филе, во интервју за Радио Слободна Европа нe верува оти може да се оди напред кон преговори за пристапување на Македонија во ЕУ, а притоа прашањето за спорот за името да се остави за на крајот од преговорите.
„Како прво, знам дека можноста да се чува или остави тешкото прашање за на крајот на процесот не е реално. Да се верува дека ќе се оди напред и кога с? е направено, тогаш да почнеме да се осврнуваме на прашањето за името, верувајќи дека така ќе биде полесно – тоа е многу опасен концепт, тоа нема да успее. Се' наредно е до членовите на Унијат��. Не сакам да прејудицирам што ќе се случи во декември, но би ги намалил очекувањата тука. Членките на Унијата се јасни за тоа која е нивната позиција за прашањето за името и што треба да се направи. Уште не сме ги направиле првите чекори, се' уште не сме го усвоиле извештајот за напредокот, каде што е важната препорака. Очекувам дека членките на ЕУ во декември ќе дејствуваат по неа и се надевам многу дека ќе ги земат предвид и позитивните елементи што ги донесе дијалогот на високо ниво. Но, повторно ќе кажам, би било наивно да се верува дека сето тоа може да се случи, дека може да се донесат позитивни одлуки, паркирајќи го спорот за името некаде на напуштен паркинг на крајот на овој долг пат“, изјави Филе во интервјуто. |