01.10.2009, 16:41 Изложба на Клаудија-Марија Луениг во Чифте-амам
Во изложбениот простор Чифте-амам на Националната галерија на Македонија, вечерва во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба „Друго тело - кожи“ на уметничката Клаудија-Марија Луениг од Австрија. Изложбата е составена од повеќе инсталации, цртежи и видеа и ќе биде презентирана во целиот галериски простор.
Клаудија-Марија Луениг (1957) е година во Херберн, Германија, а живее и работи во Виена. Дипломирала хемиско инженерство и скулптура, а магистрирала внатрешен дизајн. Во Македонија се претставува по прв пат, а досега реализирала 17 самостојни изложби во Австралија, Австрија, Кина, Србија, Бугарија и други земји. Учествувала на над 50 групни изложби, била и куратор на групни претставувања, а добитник е на повеќе награди, грантови и стипендии. (К.Б.) |