01.10.2009, 16:42 Јане Чаловски изложува во Келн
Самостојна иэложба на македонскиот уметник Јане Чаловски што ја чинат две комплексни инсталации, ќе биде отворена денеска во Европеан Кунстхал, во Келн.
Премиерно ќе биде претставено неговото ново дело, видео/есејот „Празна земја“, работено во новото предградие на Амстердам, Ајбург (во кое е третирано субјективното во неминовноста на историскиот превод), а на отворен простор на градскиот плоштад Ебертплац ќе биде претставена и новата верэија на инсталацијата „Нацрт план“ што эа прв пат беше претставена на минатогодишното Европско биенале на современа уметност „Манифеста 7“, (во која е артикулирано прашањето на илузорното во развојниот проект на Кензо Танге за Скопје).
Чаловски за ова претставување е поканет од кураторите Астрид Вег и Андерс Кругер, а изложбата е реализирана како дел од серијата од четири проектни изложби во Европеан Кунстхал. Досега во неа се презентирани дела на истакнатите интернационални уметници Џулија Шер, Катја Давар и Миријам Бекстром. (К.Б.) |