Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Политика
22.06.2012, 18:01

Изградба на гасоводот од идната година

Премиерот Груевски од Русија најави дека до крајот на 2012 ќе се потпишат и меморандумот и договорот за гасот да потече во Македонија

Во скоро време се очекува потпишување меморандум за соработка со руската компанија „Стројтрансгас“ , а до крајот на летото треба да биде потпишан нацрт-договорот за изградба на гасоводот во Македонија.

Ова вчера од Санкт Петербург го најави премиерот Никола Груевски по средбата со раководството на руската нафтена компанија „Гаспром“.

„Договорено е во следните недела-две, прво да се потпише меморандум за соработка, а потоа да го добиеме и нацрт-договорот за изградба на гасоводот во Македонија, односно инфраструктурата за носење гас во внатрешноста на државата“, изјави Груевски и додаде дека до крајот на годинава или во првиот квартал од следната година очекува да почне реализацијата на овој проект.

Според него, Македонија ќе биде регионален центар на „Лукоил“ од каде што ќе се покриваат Бугарија, Албанија и Косово.

„Тоа веројатно ќе го зголеми и бројот на вработени во седиштето на ’Лукоил’ во Македонија“, посочи вчера Груевски.

Македонскиот премиер во Санкт Петербург имаше средба со Вагит Алекперов, директор на руската компанија „Лукоил“, при што руската нафтена компанија ги претставила плановите да ја зголеми инвестицијата во Македонија.

За приклучувањето кон „Јужен тек“ беше разговарано на вчерашната средба со генералниот директор на „Гаспром“, Алексеј Милер. Било изразено задоволство од досегашната соработка и подготвеност за интензивирање на процесот за приклучување на Македонија во „Јужен тек“, кој ќе претставува еден од најзначајните гасоводни коридори во Европа. Милер информира дека „Гаспром“ има подготвено нацрт-договор за приклучување на Македонија кон овој гасовод. Тој во текот на следниот месец, преку руското Министерство за енергетика, и официјално ќе и' биде доставен на разгледување на нашата земја, со што почнуваат сите конкретни дејства околу овој проект.

Покрај средбата со раководството на „Гаспром“, владината делегација вчера имаше средба и со губернаторот на Ленинградската област со кого се разгледувале можностите за продлабочување на економската соработка меѓу Македонија и Ленинградската област, која е една од најзначајните во Русија.

Инаку, приклучувањето на Македонија во енергетскиот проект „Јужен тек“ и гасификација на земјава беа едни од клучните теми и на завчерашната средба меѓу премиерот Никола Груевски и претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

„Добивме позитивна реакција за приклучување на Македонија во проектот ’Јужен тек’ како и за спроведување на проектот за гасната инфраструктура во земјава. Се надевам дека до крајот на оваа година ќе успееме да почнеме со проектот“, изјави премиерот Груевски.

На средбата стана збор и за другите компании кои инвестираат во Македонија, како што е „Протек груп“, компаниите кои имаат концесии за рудници и други.

„Поголем број инвеститори од Русија покажаа интерес да инвестираат во Македонија, која нуди одлични услови за бизнис, има одлична деловна клима и тој интерес ние сакаме да го преточиме во конкретни инвестиции“, истакна Груевски. (М.Т.)


Статијата е прочитана 611 пати.

Испрати коментар



Милчин бара Иванов да го сопре Законот за лустрација
Можевме во ОН како Република Македонија (Скопје)
Министерството за Македонија душевна храна за грчките десничари
Нов политички бисер на Божидар Димитров



Itar Pejo, 23.06.2012 06:23:09
Во скоро време се очекува потпишување меморандум .... So Hunzite Nikola podpisa memorandum za sorabotka uste pred nekolku godina, a so TAV podpisa dogovor za gradenje na stipskiot aerodrom!
mile, 23.06.2012 08:23:53
Да, идната година, точно пред локалните избори.......... и се ќе остане пишан збор на хартија.........
Ајван Доктор®, 23.06.2012 09:19:16
Уличарскиот шоу станува забавен,да не кажам―смешен!Кутриот Путин,кој знае колку време го молел Гwујокио да го удостои за кратка средба со него!Кој знае колку време го молел за да овој му дозволи да инвестира барем мал дел од руската „мизерна економија“во економското и светско чудо―Чудоленд!Идат нови избори,но иако локални,изгледа дека ќе се изнаслушаме од ветувања за светла иднина,токму како соцреалистичката реклама од партискиот агитпроп!А,во него―сè е идеално во Земјата на чудата,нè убедуваат партиските подлизурковци!Мед и млеко,а во редица чекаат најбогатите за да вложуваат и инвестираат!Цути ренесансата!Насмеани деца и родители!Верба,свежина,солидарност!Рај!Претходно чувме дека ќе се зголемат платите и пензиите„до (15:))септември“!Се зголемија единствено нивните плати!Бесплатен превоз за сите пензионери,ама не и за оние со инвалидска пензија!Овој пат можеби ќе слушнеме и најава за изградба на ракетодром,по кој ќе летаат (ВМ)НЛО-а со разнобојни сијалички „исто како на запад“!
jovan, 23.06.2012 10:04:54
Na ovaa Vlada mnogu i lezat recenicite vo idno vreme. Ke bide, utre, dogodina, 2014ta, 2018ta, 2025ta. Veke gi zaboravivme Belgiskite avtobusi koj trebase da se proizveduvaat vo Kavadarci, go zaboravivme Mercedes i negovite 4000 vrabotuvanja, go zaboravivme Seikot od Katar, Mexicanecot Karlos Slim, Eve sega aktuelen e Putin i Ruskite biznismeni. Sto ke bide sledno? Izgradba na vselenska stanica?
Ицо, 24.06.2012 13:06:07
Гасоводниот систем Гама, постои во Македонија веќе со децении. Во улога на активист во еколошкта сфера без број пати досега сум инсистирал за негово конечно реализирање. Но за жал, истиот често пати бил предмет за замаглување на очите на гласачите за време на некои од престојните избори. Да се понадеваме дека овој пат, гасоводот покрај пропагандната намена, ќе стане и вистинска реалност!!! Дај боже...!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


 
Време
Скопје, 34°C

Делумно облачно

Сабота
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Недела
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

(ИНТЕРВЈУ) Најприроден е патот во кој нема калкулација
„Состојбата во нашата кинематографија е таква што ги насочува младите автори да бидат конформисти“, вели режисерот и сце...
(ИНТЕРВЈУ) По Хрватска, ЕУ ќе се занимава со својот опстанок
„Македонија има проблем со економската стратегија“, оценува Алберт Маес, претседател на Европскиот центар за мир и разво...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |