Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
24.12.2012, 19:51

Премиерот Груевски и се обрати на нацијата



Обраќањето на премиерот го објавуваме во интегрална и оригинална форма

Почитувани граѓани,

Денес Македонија имаше тежок, но и важен ден. Денес бевме сведоци на првиот неуспешен насилен обид за рушење на демократските институции и легитимно избраната власт на слободни и фер избори пред само година и половина.

Приказната за буџетот беше само параван на Бранко Црвенковски кој ја започна неговата последна лична битка за преживување во политиката. Откако претходно не ја доби довербата на мнозинството граѓани и претрпе изборен пораз, откако граѓаните на слободни избори не му дозволија повторно да се врати на власт по легален пат, тој се определи за насилство, ставање во ризик на државата, на неговите приврзаници од неговата партија и демократските институции.

Најпрвин неговата пратеничка група откако во претходните неколку дена најмалку 10 пати го прекрши деловникот во Парламентот, денес физички и со употреба на сила се обиде да го делегитимира Парламентот, и откога тоа не успеа се направи обид за влез во парламентот со употреба на насилство.

Сепак, спротивставени на агресијата на овој транзиционен манипулант, не само што беа подготвени да застанат илјадници граѓани, застанаа и професионално се однесуваа државните безбедносни сили, кои коректно, професионално, одговорно и успешно ја завршија својата работа, и овозможија Парламентот да продолжи со работа, согласно Уставот и законите.

Донесувањето на буџетот, и донесувањето на законите со кои се овозможи од март 2013та да дојде до зголемување на пензиите и на социјалната поддршка, зголемени средства за субвенции, средства за инфраструктурни проекти, стипендии, здравство, образование, тоа е исходот од денешниот неуспешен обид за насилен упад во парламентот и рушење на волјата на мнозинството граѓани.

Им честитам на припадниците на безбедносните сили, на пратениците во Собранието на чело со претседателот на собранието кои во изминатите денови беа изложени на невидена тортура, закани, стресови и насилство. Но, најголеми честитки и благодарност заслужуваат илјадниците граѓани кои цврсто застанаа во народен фронт за Македонија, за демократска и слободна држава, за напредок и за реформи и развој.

Денес се случи и една непријатност со новинарите кои беа во салата на Парламентот, за која, иако не е во моја надлежност, сакам да изразам искрено жалење.

Денеска Бранко Црвенковски сакаше со околу 3 илјади свои приврзаници на сила да освои власт.

На Бранко Црвенковски денес му се спротивстави народ. Поделени во две групи, имаше најмалку три пати повеќе граѓани кои излегоа да му се спротивстават.

На Бранко му се случи народ!!! Така е тоа кога во демократска држава некој ќе се обиде да освои власт со насилство и без поддршка на граѓаните, на слободни и демократски избори.

Почитувани граѓани,

Само во држави каде мафијата е посилна од власта, може и покрај поддршката на народот, да се случи политички преврат. Македонија не е таква држава. Македонија е слободна и демократска држава, со власт избрана на слободни и демократски избори, со институции кои функционираат и со поддршка на мнозинството граѓани.

На крајот ќе кажам уште две значајни работи.

1.Помислете барем за момент длабоко во себе кому му одговара ова што денеска го прави Бранко Црвенковски. Не треба јас да Ви кажам, знам дека Ви е целосно јасно.

2.Македонија е економски стабилна земја. Таа беше и ќе биде една од најниско задолжените земји, и во моментов девизните резерви се на највисоко ниво во историјата на земјата. Приказната дека земјата се презадолжува и дека одиме кон грчко сценарио е дел од манипулациите на овој вешт во манипулирањето со луѓе транзиционен политичар. Но, едно е јасно, врвот на СДСМ оди по грчко сценарио. Македонија останува и понатаму како земја која е една од поуспешните во справувањето со негативните ефекти од европската должничка криза. Ова не се само мои констатации, туку и констатации на меѓународните финансиски институции, како Светската банка и ММФ. Ако тие не мислат така, ниту ќе говорат така, ниту пак ќе и даваат поддршка на земјата преку екстра поволни финансиски аранжмани. Ниту пак Европската комисија би дала така позитивен извештај ако нема дебел основ за тоа.

Ние знаеме што правиме и немаме намера никому да наштетиме. Нашите економски политики ќе останат насочени кон создавање услови за отворање на нови работни места.

Ќе продолжам да работам на она за кое сум дал збор пред Вас. Јас не сум човек кој лесно дава збор, но кога ќе го дадам стојам зад него и се борам до последен атом да го исполнам.

Со обзир дека БЦ најави продолжување со неговото погубно сценарио, сакам да потенцирам, дека подготвени сме за сите можни сценарија со цел заштита на интересите на граѓаните, и заштита на уставот и законите. Политичарите од ерата на Гадафи, како Бранко Црвенковски на пример, ќе го доживеат својот политички крај. Ќе заминат во историјата.

Сум издржувал многу, сум поминал се и сешто во мојот живот. Впрочем се сеќавате, Панорама не беше така далеку, а исто така и притисоците за промена на името не се случуваа одамна. Но и во двата случаја опстојав заради една работа: Народот беше со мене!!!

И јас за таа поддршка сум искрено благодарен и никогаш нема да изневерам. Вашата доверба е и моја и наша обврска, и нема да Ве разочараме.

Ви благодарам.


Статијата е прочитана 4660 пати.


Испрати коментар



На Табановце запленети 1,7 килограми хероин
Опозицијата наместо во Советот, поставуваше прашања пред Прометеј
Иванов даде помилување на 51 осудено лице
(ВИДЕО) Новинарите го исвиркаа Трајко Вељаноски
Попоски - Бојкотот на опозицијата e штетен за државата
Заминувањето на Асад не е услов за отпочнување на дијалогот
Шутановац доби кривична пријава
ОМД бара решавање на разликите само преку политички дијалог
Класичните светилки заминуваат во историјата
Жена загина во сообраќајќа на излезот од Охрид
Израел гради нов ѕид на границата со Сирија
Иванов ја врачи годишната награда за најуспешно архитектонско дело
УЈП
Комерцијална банка ја продаде старата зграда и се сели во нова
ЗНМ поднесе претставки до Собранието и до МВР
Од два стана украден златен накит
Во 2013 година без радио програма на Дoјче веле
Мирекс плус е еден од сопствениците на Медиа Принт Македонија
Уште 1.000 потписи до целта на „Аман“
Пријави за двајца учесници во инцидентите пред Собранието
Поповска - Уставниот поредок треба да се чува
Македонски државјанин загина кај Лесковац
СДСМ најави кривични пријави за случувањата во Собранието
Окрупнување на земјиштето за поконкурентно земјоделство
ВМРО-НП - Функцијата претседател е суспендирана
Пензионерите од Центар го осудија нападот на синоќешната блокада
Вељаноски ќе бара одговорност за отстранувањето на новинарите
Првиот црногорски пиштол извезен во Парагвај
Поедноставено до дозволи за транспорт
Индонезија и Мексико нови економски сили за 40 години
Во домашната економија се враќаат 139 милиони евра
Сливот на Охридско Езеро порибен со 6.000 парчиња пастрмка
Светот пие се повеќе пиво
Нов закон за договор во патниот сообраќај
Шинзо Абе е новиот јапонски премиер
Нимиц ќе донесе нови идеи
Виндоус 8 достапен и на македонски јазик
Египет доби нов устав, Морси на тест
Во Кина стартуваше најголемата брза железница во светот
(ФОТО) Опозицијата го блокираше „Рекорд"
Груевски - Бранко е како Гадафи
Грција шокирана од „бокс-демократијата“ во Македонија
МВР - Пратеници од опозицијата ги почнаа инцидентите
Груевски - Жалам за незгодната ситуација со новинарите
Штрајкот на лекарите во мирување
Пократка постапка, но построги критериуми за инвалидска пензија
ЗНМ бара итен одговор кој ги избркал новинарите
Црвенковски - СДСМ ќе организира граѓанска непослушност
ВМРО-НП - Се случија преседани, кои се реткост во светската демократија
Хелсиншки комитет ги осудува случувањата во Собранието
ДУИ апелира да се намалат тензиите
Новогодишен карван на Фондација „Т-мобиле“
Притвор од 30 дена за „командант Коки“
Нови пријави во акцијата „Керозин“
Избрани најдобрите трговци за 2012 година
Избрани четири нови врховни судии
Божикна честитка од Груевски до католичките верници
Граѓаните незадоволни од доцнењето на поштенските пратки
Иванов - Вчерашните настани никогаш да не се повторат
(ФОТО) Илјадници христијани во Витлеем го дочекаа Божик
На дел од патиштата одрони и голомразица
Свечена литургија во Католичката црква во Скопје по повод Божик
Виена најуспешен главен град на светот
Двајца пожарникари убиени во Њујорк додека гаснеле пожар
Израел гради нови 1.200 домови во источен Ерусалим
Шпанскиот крал повика на единство против кризата
Се слави Божик по Грегоријанскиот календар
Опозицијата го напушти парламентот и излезе на улица
Мнозинството го изгласа буџетот
Полицијата го приведе командант Коки
(ВИДЕО+ФОТО) Инциденти и пред и во Собранието
(ФОТО) Блокада на опозицијата на автопатот Велес – Скопје
Опозициските лидери пред Собранието, драмата се претвора во криза



mene, 24.12.2012 20:30:29
Gotovo e!
ФЕЛИКС, 24.12.2012 20:47:02
Независно колку премиерот е спремен да има конечна пресметка со Шатевскиот лидер преку за сите посакуваниот ИЗБОРЕН ДУЕЛ(на некои Шатевци им е подраг тв дуелот,одколку изборниот мегдан)треба во овие времиња да се сконцентрира на се она што од него се бара,и ние тука и странскиот фактор од СБ,ММФ, Вашингтон и др.а тоа е да владее правото непречено да се демократски однесуваме СИТЕ.Само со практикување демократија во вистинска форма ќе ја исфрлиме улицата како метод на остварување апетити за освојување на власта по неизборен пат.Затоа треба со помош на домашната јавност и меѓународниот фактор да се демаскираат сите оние кој заговараат уличен вандализам како форма на политичко делување.
Обиди за пуч, 24.12.2012 20:49:37
Ова не прв обид за пуч на СДСМ, на пример: 1. Сценарио со Стечајците да влезат во Собранието (но полицијата во цивил го осуети) 2. Случувањата околу А1 3. Блокада на Собранието со 1200 амандмани и насилство (декември 2012) Да видиме дали ќе има и нешто друго. Сепак владата треба да преиспита и некои свои грешки, за да придобие поголема меѓународна подршка.
patriot, 24.12.2012 21:01:41
nepismeniot n. gruevski neka se trgne od vlasta toj so negovite pajtasi ke ja unistat makedonija.ne mi e jasen samo makedonskiot narod kako moze da podrzuvaat vakvi kradci vo sekoj pogled.makedonski narode osvestete se.
Secko, 24.12.2012 21:04:29
Ako imalo nacin kako da se donse budzetot, zosto gospodine premier dignavte takva prasina, gi krenavte na noze ;penzionerite,socijalcite, glumcite,zemjodelcite i site Vasi simpatizeri??I jas sum penzioner,ama ne pocustvuvav deka opozicijata bara da se ukinat penziite, soc. pomos, subvenciite i tn.!Nepotrbno vnesovte nemir i nespokoj medju lugjeto! Mislite deka uste dolgo ke prodavate magla na narodot...???I Katerina Velika nesto slicno pravela, pa narodot ja prasal:Do koga Katerina ke ja koristis strplivosta nasa?Mislite nema da Vi se postavi vakvo prasanje od nasiov napaten i izmanipuliran narod??RAZMISLETE !!!
oceski, 24.12.2012 21:13:20
jas ne sum partiski opredelen, se obeiduvam nepartiski da gi sledam rabotite. sekoja pojava-kakva sto e desnata napnata sostojba vo zemjava, ima i svoi pricini. od tuka se prisetuvaam deka stotici pati dosega vmro-dpmne svojot revolt koga bile vo opozicija go iskazuvale na ulica i vo parlamentot i toa dosta radikalno. No odkako vie ste premier prv pat se pojavija novi javno naglaseni paroli i sostojbi- formiranje razni t.n nevladini zdruzenija koi jasno imaa silna vrska so vasata partija, podelba na graganite na patrioti-predavnici, tranzicioni-prerodbenici, predavnci(grcki spioni|)- rodoljubi i najnovo to-postojano protestiranje pred opozicijata(dosega nevideno vo niedna zemja vo svetot osven vo srbija pred desetina godini). Cenam deka vakvite novi pojavi i zalozbi do kraen stepen go polariziraa makedonskiot graganin, sto znaci deka glaven vinovnik za vakvata sostojba i za natamosnite posledici isklucivo stoi vo vas, vo vasiot nacin na praktikuvanje na vlasta i nejzino populiziranje p
USA, 24.12.2012 21:23:07
Vo tek se Boziknite posti. Pokraj vozdrzuvanje od hrana, iziskuva i vozdrzuvanje na losa misla,....zbor,.....odnesuvanje. Ako pregledame sto se slucuva vo minatiov period, ke se vidi koj se odnesuval so smiren duh. Koj ne se pridrzuval kon toa, nema priCEST. Toa e,........ Bozja rabota.
nekoj, 24.12.2012 21:26:50
Ovoj se zamisluva kako nekoj monarh :D Ne mu trebaat na narodot monolozi tuku dijalozi! Kaj i da vakov rezim nikogash ne ostanal dovolno dolgo, dobroto sekogash pobeduva a makedonskiot narod zasluzuva navistina podobro. I Gruevski ke pomine eden den samo mislam deka duri togash ke treba da se soochi so sopstvenata sueta a ne so Brankovata a toa ne e lesno. Soochuvanjeto so sebesi e najteskoto i najproduktivnoto, najdobroto neshto sto moze covek da go napravi za sebe si a i za drugite. Zalam sto ovoj covek ne se gleda sebe si od druga perspektiva.
graganinot pred sel neli, 24.12.2012 21:45:06
g-din gruevski pretsedatel na Kriminalnata Vlada, koja funksionira kako Rezimot Belorusija i Milosevic, rezima koja samo znae da krade, kade se prikluceni nekoi kvazi Albanci, koi sebesi si se mislat kako pretatsavnici na Albancite, so nivnata pomos i Huliganite koi gi imas vo Sobranieto, ke mozes da dopneses uste nekoj zakon, ama znaj Grujo deka krajot ke ti bide uste polos od toj na Sloba, zatoa ili prestani ili si otide Drzavata.
Bednik, 24.12.2012 21:53:11
Namesto da bide drzavnik i da gi smiruva strastite, toj povtorno gi razgoruva. Bednik!
Gavril, 24.12.2012 21:54:17
КАКО ДА КОМЕНТИРАШ ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕМИЕР, во вакво зовриено време, кога застанале стрелките на часовникот на зрелоста, кога моралните, етичките, па и националните интереси се ставени под нозе. Гроза не обзема. Повредува и застрашува чувството дека некои сатрапи во нас гледаат аморфна маса што бескрајно може да се меси и да се манипулира. А толку е очигледно што е дилетантизам во политиката, што е криминално поведение, што е корупција, што е алхемија во математиката. А што е БУЏЕТ во еден ваков измасакриран систем, еве го толкувањето на еден поранешен интелектуалец: БУЏЕТ Е НОВАЦ ЗА БУЏЕ.
od prilepcanec, 24.12.2012 21:59:09
abe ti ako sigo dobil neznaci deka mozis dane lazis kako soti odgovara eden den iti ce bidis na od branko mestoto nemoj da mislis deka si vecen ti ce zavrsis najneslavno od site dosega
pile, 24.12.2012 22:03:18
,,Македонија е слободна и демократска држава, со власт избрана на слободни и демократски избори, со институции кои функционираат и со поддршка на мнозинството граѓани(N.G.).,,Во својот годишен извештај (za 2011 god.) за состојбата со човековите права како најголем проблем во Македонија е нотирано што владата не успеала сосема да го спроведе владеењето на правото, што се рефлектира со нејзиното мешање во правосудниот систем и во медиумите, во селективното гонење на политичките противници и значајното ниво на корупција.,,Тоа на некој начин се стандарди критики кои што и во минатите години Стејт департментот ги дава за земјите од целиот регион (N.G.)Evropskata komisija vo izvestajot za 2011 godina za pravosudniot sistem dade ocenka ogranicen napredok, a od Gruevski i od Cehot bese ocenet kako najpozitiven.Najpatriotskiot Premier vo zaminuvanje nema potreba da se plasi,institutot zastiten svedok G-Gja Slagjana Taseva-iden DJO na R.M. ke go ispocituva dosledno so ovozmozjen egzil vo Avst

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 7°C

Магла

Четврток
Делумно облачно
Макс: 9°C, Мин: -1°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 9°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (38)
Даријана на Тито – југословенската Мадам де Помпадур.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Златниот бизнис на Швајцарија
Четири од најголемите рафинерии за злато во светот се наоѓаат во Швајцарија, каде што се прочистуваат и две третини од з...
Во 2013 година без радио програма на Дoјче веле
Дојче веле на 31 декември 2012 година ќе го емитува својот последен Утрински магазин, со што завршува ерата на радио-про...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |