Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
14.01.2013, 14:41
Над 300 лица со симптоми на грип



Од почетокот на месецов досега се пријавени над 300 лица со симптоми на грип во Македонија. Кај најголем број од нив грипот поминал во полесна форма, а кај четири лица кои биле со потешка клиничка слика се земени материјали за лабораториска анализа од кои три се негативни, а кај едно лице е изолиран вирус на грип од типот А, но не е дефинирано дали е H1N1 или H3N2, бидејќи пациентката сама земала терапија.

Ова денеска на прес-конференција го истакна Јованка Костовска, раководител на Сектор за превентивна здравствена заштита при Министерството за здравство, која рече дека се очекува како и во останатите земји во регионот, како што е Србија, каде веќе е детектиран свинскиот грип, Косово каде имаше смртен случај, и во Македонија, покрај сезонскиот грип, да го има и овој тип вирус.

Од октомври досега, како што појасни таа, се пријавени над 900 случаи со симптоми на грип, а кон крајот на месецов и наредниот месец се очекува зголемување на бројот на заболени.

- Како ризични групи за кој било вирус на грип Светската здравствена организација ги потенцира децата помали од две години, бремените жени, лица со намален имунитет, хронично болните лица и постарите лица. Доколку овие лица заболат од грип без оглед дали се со полесни симптоми треба веднаш да се почне со лекот тамифлу, рече Костовска.

Таа истакна дека Министерството за здравство се обратило до Министерството за образование за преземање превентивни мерки во училиштата во пресрет на почетокот на второто полугодие.

- Ако се појават симптоми на грип (кивање, кашлање, болка во грло, мускули, малаксаност, главоболка, температура, а можна е и појава на пролив и повраќање) и ако тие не поминуваат по 72 часа лицето треба да побара лекарска помош. Инкубацијата трае два до три дена по што се развиваат симптоми, но кај некои случаи може да се појават и компликации на респираторните органи, посочи Костовска.

Таа нагласи дека лекот тамифлу го има во доволни количини и е бесплатен, а се подигнува во здравствените домови и на инфективните одделенија во болниците. Досега се вакцинирани над 3.000 лица.

- Според податоците на СЗО од почетокот на октомври досега, во Европа 7.700 лица се позитивни за грип од кои 70 отсто се позитивни на вирусот А на грип, а 30 отсто на вирусот Б. Полека вирусот А доминира. Во првата недела од јануари има околу 2.600 позитивни анализи на грип од кои 70 отсто се позитивни на вирусот А, а 30 отсто на вирусот Б. Од тие 70 отсто кои се позитивни на вирусот А, 80 отсто се тип тип А H1N1 или пандемискиот свински грип, а 20 отсто се H3N2 или сезонски грип, појасни Костовска.

За разлика од минатата година кога свинскиот или пандемискиот грип беше присутен со пет отсто во вкупните типови на вирус, оваа година доминира свинскиот грип од тип А H1N1 посебно во последнава недела од јануари во европски рамки.

- Очекувано е сите три типа вирус на грип да бидат присутни, значи и А H1N1, А H3N2 и од групата Б. И токму затоа вакцината беше подготвена да штити од сите три типа, рече Костовска.



Статијата е прочитана 509 пати.


Испрати коментар



Во Мали е се` пожешко
Нимиц ќе се сретне со Јолевски и Василакис на 29 и 30 јануари во Њујорк
Стефано Санино во посета на Македонија
Амбасадорот Стефков го топи мразот во Атина
Изненадување на изборите во Чешка
Отворен базенот во Карпош
„Аман“ собра над 10.000 потписи
(ФОТО) Донација на семејството Керим за „Аџибадем - Систина“
Опозицијата го сели „граѓанскиот парламент“ и во другите градови
Да зајакнат капацитетите на женското лидерство
Дете нападнато во напуштен вагон
(ФОТО) Бесими - Станавме земја која го „извезува мирот“
Препораката за преговори останува
Украден сеф со 115.000 евра
До 2020 треба да се отворат 600 милиони работни места
Горивата поскапуваат за еден до два денари
Депардје ја критикува руската опозиција
Даблин не се откажува од Ерван Фуере
Амбасадорот Стефков ќе се сретне со заменикот МНР на Грција Куркулас
Притисок и закани за активистка за правата на Македонците во Грција
(ФОТО) Француската авијација елиминира 60 џихадисти
Неонацистите се реална закана за Европарламентот
Лавров - Не е предвидено Асад да се повлече од власт
Чавез се бори за својот живот
Нов контингент на АРМ заминува во Авганистан
(ФОТО) Со „калашников“ нападната централата на Нова демократија
ДУИ - Владата има чист легитимитет од граѓаните
Груевски - Ајде на локални избори со најзасилен мониторинг
ДИК - Списокот е прочистен, може да се оди на избори
(ВИДЕО) „Монструм“ најгледано видео
Арифи и Бејта дел од кандидатите за градоначалници на ДУИ
Македонија во винска офанзива
СДСМ не отстапува од јавно прокламираните цели
Тројца повредени од експлозија на боца со пур пена
Нова група 10.000 пензионери на бесплатна бања
Српскиот парламент ja усвои Резолуцијата за Косово
Нов случај на силување патничка во автобус во Индија
(ФОТО) Повторно немирна ноќ во Белфаст
Француското воено воздухопловство спроведува акции во Мали
ВМРО - ДПМНЕ го повика СДСМ да се врати во Собранието
Македонците од Голо Брдо бараат изучување на македонскиот јазик
(ФОТО) СДСМ го одржа Маршот за вистината
Волерс - Опозицијата и власта да ги надминат несогласувањата
Српскиот Парламент ќе расправа за предлог-резолуцијата за Косово
Белата куќа го одби барањето да конструира „Ѕвезда на смртта“
Грчкиот Парламент одобри нови даночни измени
Македонија во ново руво на Виенскиот саем за туризам
Нови владини мерки за поддршка на земјоделското производство
Почнува Вевчанскиот карневал
Полицијата заплени трговска стока увезена без потребната документација
Грчките медиуми за посетата на Нимиц на Скопје
Пет години од хеликоптерската несреќа кај Блаце
Лани на аеродромите поминале над 900.000 патници
Иванов ги поведе амбасадорите во Берово
Полицаец знаел кои се атентаторите на Марјан Тушевски
Плаќањето по успешност останува, повисоки плати за докторите специјалисти
Односите меѓу Македонија и Австралија во нагорна линија
Мијалков гo тужи Фокус за клевета
(ФОТО) Нимиц виде клима за компромис
Македонски државјанин фатен со тон марихуана
СДСМ - Има време до 24 март да се договориме
Нимиц ќе му рапортира на Василакис
Експлозијата во Загреб не е терористички напад
Избори ќе има - на 24 март
Џими Сaвил 60 години злоставувал деца
Цените на индустриските производи повисоки за 5,3 отсто
Наградна игра на ЕВН Македонија за редовните плаќачи
Петмина загинати во семејно насилство во Софија
Бесими-Гунагли - Интензивирање на македонско-кинеската соработка
Белгија не му дава пасош на францускиот милијардер Арно
„Евро“ на кирилица на банкнота од пет евра
(ФОТО) Нимиц се сретна со Иванов и Попоски, попладнево со Груевски
Нуланд - Му помагаме на Нимиц и се надеваме на заемно прифатливо решение
Постигнат договор меѓу Синдикатот за здравство и министерот Тодоров
Претседателот Иванов се сретна со кинескиот министер за одбрана
ЕУ и САД побараа дијалог меѓу власта и опозицијата
Вељаноски ќе ги распише локалните избори за 24 март
Од понеделник Кубанците ќе можат да патуваат во странство
Полицијата во Словенија штрајкува
Кинескиот министер за одбрана во посета на Македонија
Билетите за инаугурацијата на Обама достигнаа две илјади долари
Повеќе експлозии одекнаа во Загреб, едно лице повредено
Нимиц ќе разговара со македонскиот државен врв
Една плата за вработените во ОХИС
Хаки Азири - „Стравувам за сопствениот живот“
Условни затворски казни за обвинетите во случајот „Бришач“
Нимиц пристигна во Скопје
Вељаноски утре ќе ги закаже локалните избори
Лустрирани двајца нови кодоши
Сендвичи ќе се продаваат во стилски киосци
ССМ и работодавачите потпишаа колективен договор за хемиската индустрија
Турска компанија ќе произведува медицински помагала во Македонија
Годинава македонското место во ЕУ и НАТО ќе биде појасно
НБРМ доби нова локација за изградба на сопствен објект
Лустраторите Гешоски и Витановски доставија оставки до Собранието
СДСМ во сабота ќе организира Марш за вистината
Во Србија пронајдени тела на четири момчиња
Моторџиите за зелен картон ќе плаќаат 1.850 денари
Белград бара автономија на српските општини во Косово
Mалку детали за тројното убиство во Курдскиот институт во Париз
Македонија најдобра во регионот според индексот на економски слободи
Состанокот во Атина - корисен и конструктивен
(ФОТО) Ерусалим зафатен од снежна бура
Хонгконг по 19. пат прогласен за најслободна економија во светот
Брахими - Нема место за Асад во преодната влада во Сирија
(ФОТО) Шефот на „Гугл“ го повика Пјонгјанг да дозволи интернет во земјата
Нимиц утре на средби со македонскиот државен врв
(ФОТО) Во пожар во ГТЦ изгореа кафуле и дуќан



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Магла

Вторник
Облачно
Макс: 9°C, Мин: 3°C

Среда
Локални грмотевици
Макс: 11°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (50)
Вдовицата на Тито стана обична граѓанка
Звукот треба да го инспирира слушателот
„Самата наративност на музиката дозволува апсолутно индивидуално доживување“, вели перкусионистот Гоце Наумов, член на г...
Непростливи неправди на „Оскарот“
Американската академија на филмски уметности никогаш им го нема доделено „Оскарот“ на легендите на филмот, како Алфред Х...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |