Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен Магазин
Саботен Магазин
01.06.2012, 19:42

Јана Бурчевска и Тони Зен - заштитни лица на „јанг дерм“

Тинејџерката Јана сонува да стане славна пејачка. Јана го има својот музички идол Тони Зен со кого се појавува на концертната сцена и пее дует. Секако, тука е мајката на Јана, која како и секоја друга мајка, понекогаш знае да ги „урне“ големите младешки и понекогаш нереални соништа, но велат: „Никогаш не се знае кој ќе се појави зад аголот“.

Тоа е спот-приказната за новиот имиџ на дерматолошки тестираната формула со докажана ефикасност на козметичката колекција „јанг дерм“ зад која стои експертизата на реномираната компанија „Алкалоид“. На редизајнот на производот се работеше десет месеци, беа спроведени две квалитативни истражувања на пазарот за навиките, ставовите и за преференциите на младата, пребирлива, по малку комплицирана и висококритична возрасна група – тинејџери на возраст од 12 до 17 години, кои во голема мера учествуваа во креирањето на новиот изглед на производот – трендовски и близок до корисниците.

Истражувањата покажаа дека младата популација има големи соништа, живее во динамично опкружување кое понекогаш е напорно да се следи поради брзиот проток на информации, меѓутоа речиси 90% од испитаниците во анкетите имаа свои идоли со кои сонуваат да се сретнат, да се фотографираат и да комуницираат. Затоа и изборот на главните ликови во новата кампања за производот „јанг дерм“ падна на Јана Бурчевска, скромната девојка од соседството, несудениот македонски идол, и на најславниот македонски хип-хопер – Тони Зен.

Креирана е интернет и „Фејсбук“-страница за колекцијата, а ќе следуваат промоции на местата на продажба, каде што со свои стручни совети за нега на тинејџерската кожа ќе учествува врвната дерматолошка ординација „Д-р Анчевски“. Како централна активност на кампањата, „Алкалоид“ најави промотивен настан што ќе се случи на 10 јуни 2012 година во Градскиот парк пред Школка, кој ќе го означи крајот на учебната година и ќе ги подготви тинејџерите за долгото топло лето, со нивниот нов идол – „јанг дерм“.


Статијата е прочитана 172 пати.

Испрати коментар



Секој со своите „бубачки“
Кралска пловидба низ Темза за дијамантскиот јубилеј
Моника и Бил од Кривогаштани
Часовничар на скапото време
По Цеца, во Скопје се' е исто
Во името и за правата на граѓаните

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Ведро

Четврток
Сончево
Макс: 29°C, Мин: 13°C

Петок
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен Магазин |