07.04.2012, 15:55 Разрешени 13 полициски командири во источна Македонија
Меѓу разрешените е и началникот на СВР Штип Ѕвонко Каширски, под чија надлежност се и Кочани и Виница, местата каде што во изминатитет денови беше спореведена акцијата „Детонатор“
Тринаесет раководители, командири и началници во полициски станици во југоисточна Македонија се разрешени од должноста, соопшти денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Меѓу разрешените е и началникот на СВР Штип Ѕвонко Каширски, под чија надлежност се и Кочани и Виница, местата каде што во изминатитет денови беше спореведена акцијата „Детонатор“. За прв човек на штипската полиција е назначен Момчило Сталетовиќ, а замени добија и останатите разрешени полициски раководители. На досегашната должност останува само началникот на СВР Пробиштип.
Се истражува дали и зошто сменетите полициски старешини не реагирале за спречување на криминалните активност што го прекина МВР со акцијата „Детонатор“.
Акцијата продолжува, а министерката Јнакулоска најави дека без исклучок ќе бидат санкционирани сите за кои ќе се утврди евентуална поврзаност.
|