23.04.2010, 19:26 Божидар Димитров ќе отвора бугарски училишта во Македонија
И Гвинеец станал Бугарин со пасош добиен од Софија
СофиЈа – „Македонските граѓани со бугарско државјанство треба да организираат училишта за обука на децата на бугарски јазик“, најавил за агенцијата Фокус Божидар Димитров, министер одговорен за Бугарите во странство.
„Зголемениот број бугарски граѓани што живеат во Македонија го поставува прашањето за обука на децата на овие бугарски граѓани на бугарски јазик. Можеби како во Западна Европа, САД, Украина и Молдавија веќе треба да се размислува за отворање бугарски училишта. Такви во светот имаме 135 и еден универзитет во Тараклија, Молдавија. При такво огромно бугарско малцинство во Македонија, можеби на прво место треба да се најдат неделните училишта за да можат Бугарите таму да учат литературен бугарски јазик, кој ќе им помогне при аплицирање во високи установи во Бугарија. Секоја година помеѓу 200 и 300 млади Бугари од Македонија учат во бугарските високи установи“, рекол Божидар Димитров.
Иницијативите за училишта, според него, обично доаѓале од локалните заедници, но Софија им помага со финансиски средства. Сега вакви училишта имало во Србија, иако таму има само 3.000 граѓани со бугарско државјанство, додека во Македонија, според Димитров, има над 50 000. „Време е бугарската заедница да се раздвижи, да стане активна и за почеток да создаде неделни училишта, пред се', во Струмица, Штип, Радовиш и во Куманово“, рекол тој. Притоа, тој проценил дека во некои македонски градови, како што е Струмица, тешко дека останал граѓанин без бугарско државјанство, а локалниот дијалект бил многу слаб и се зборувало речиси бугарски јазик. Процена на Димитров е дека бугарското национално малцинство станало второ според бројност во Македонија, кое го надминало српското.
„Ова се знае одамна од македонските власти и не гледам зошто се загрижени од овој факт. Бугарите се лојални граѓани на Македонија. Криминалот меѓу нив е многу помал отколку кај другите малцинства. Македонија треба да се гордее со фактот што во неа живеат европски граѓани и дека оваа бројка се зголемува неделно со околу 500 лица“, рекол Димитров. Според него, не се точни тврдењата на Бранко Црвенковски дека бројот на баратели на бугарски пасош се намалува по падот на визите, туку, напротив, се зголемувал.
Инаку, според Димитров, само неделава била донесена одлука да им се даде државјанство на 458 македонски граѓани , па сега од вкупно 5.773 издадени годинава, дури 4.200 биле за баратели од Македонија, а останатите за жители на Молдавија, Србија, Украина и од Израел. За паралела, тој посочил дека лани над 9.000 лица станале Бугари на ваков начин, а ако продолжи ова темпо, годинава бројката ќе биде дуплирана, па секој шести во Молдавија ќе има таков пасош.
Во последно време, според него, расте интересот за бугарско државјанство и во Ерменија и, колку и да звучи чудно, во САД и во Велика Британија, а најегзотичното барање стигнало од Гвинеја. (Н.Р.) |
|
Статијата е прочитана 3052 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Патриот, 24.04.2010 00:10:57 | Леле мајко, сега треба да се криеме во бункери од страшните чудовишта Бугари?! Па исто како што во Македонија има училишта на албански, турски и СРПСКИ јазик, може да има и на бугарски, и навистина нема потреба од кревање некоја посебна галама. Во Македонија има основни и средни училишта на албански, турски и српски јазик, па никој не се буни против тоа. Сите телевизии во Македонија освен српски филмови и српски песни друго не даваат, па НИКОЈ не се буни за тоа. Додека некој намерно не заплашува со бугаризација, од зад грб ни прави СРБИЗАЦИЈА во државата, и тоа е она страшното. |
| makedonec, 24.04.2010 00:18:51 | ne gledam nisto loso vo edukacija... ako e bez pari zasto da ne neka povelat, tuka bi gi pokanil i drugite zemji od regionot grcija, albanija i srbija ako ima zainteresirani gradjani zasto da ne. plus ke se vrabotat ludje |
| Kultiviran Balkanec, 24.04.2010 00:34:05 | Ako gi zememe vo obzir i makedoncite vo Bugarija, koi so mali iskluchoci se chuvstvuvaat bugari(sekoj 4ti bugarin e po poteklo makedonec), neminoven e ne samo kompromis so Grcija, tuku i so Bugarija. |
| kiril veles, 24.04.2010 00:40:03 | ok e toa so bugarskite ucilista vo makedonija no zosto ne e spomnat veles grad vo koj skoro sekoj deseti zitel ima bugarsko drzavjanstvo i vo koj uste pogolem del od gragjanite na veles cekaat bugarski pasos pa javna tajna e deka vo veles skoro sekoja familija ima barem eden clen sto ima bugarski pasos vo sekoj slucaj idejata e ok i onaka makedonskiot jazik i bugarskiot jazik se skoro isti i sto pobrzo makedonija da vleze vo evropa |
| nick hill, 24.04.2010 03:34:06 | bugarite kako da se mrdnale so pametot a veleshani da gi vratat pod hitno bugarskite pasoshi |
| Kimov, 24.04.2010 04:22:14 | Bozidar kako prvo neka otvori skoli na Makedoncite vo Bugarija i nie ke otvorime skoli na Bugarski jazik samo, ke nema posetiteli. |
| Filip, 24.04.2010 06:16:35 | Ma samo opusteno! nasi se bugarite! sosedi! long live Macedonia, Bugaria, Greece, Serbija and Kosovo! power to the people! |
| pameten, 24.04.2010 07:18:47 | Negiranjeto na Bugarskite korenja na Makedonskiot narod kje producira rebugarizacija namnogu Makedonci koga tie se osvestat za vistinskata istorija. Kolku do SRBIZACIJATA, taa ne e opasna, poshto po nezavisnosta na Kosovo SRBIJA mozhe da bide samo marginalen faktor vo Makedonija. Sakale ili ne imame (de facto) 3 sosedi - Grcite, Albancite i Bugarite. So eden od niv mora da staneme strateshki sojuznici. Ako brgu ne se dogovorime so Bugarite za prijatelstvo kako dva naroda so edna istorija i zaednichko poteklo (no i posebna evolucija vo 20 vek), povekje Makedonci kje se "rebugarizirat", a Makedonija mozhe da se raspadne. |
| makedonce, 24.04.2010 07:23:41 | edna rabota e da si bugarin (genetski) a sosema druga zaradi ekonomski interes, kolku makedonci po svetot imaat pasosi na drugi drzavi vo sporedba so bugarski, razlikata e vo milioni...abe tatari nemoj da mislite deka ako im dadete na nekolku makedonci bugarski pasos deka tie se avtomatski bugari toa e samo zaradi vlez vo evropa i jas da mi dadite ke go zemam ama pak ke si bidam makedonec... |
| јас, 24.04.2010 08:58:36 | Значи „благонадежните ни б’лгарчета ( мислам на првите 4 коментатори ) СОН НЕ ГИ ФАТИЛО , па побрзаа да го оправдаат отворањето на бугарски училишта во МК..Да ве прашам „патриоти“ дали во вашата „мајка-Б’лгарија “ се дозволени партии со МК-предзнак и дали слободно некој може да се изјасни како Македонец ТАМУ ?! Па после навивајте за тоа дека било добро што се отвораат такви чилишта во МК... Сепак мислам дека „македонецот со говорна мана “ доаѓа во МК да си наплати за пасошите што вие „патриоти“ ги извадивте заради една стара скапана кола од БГ и безвизно 2-3 годишно патување ( во меѓувреме и кај нас ова е можно).А за возврат си ја продадовте душата и образот ( ако некогаш сте ги имале )! |
| ФЕЛИКС, 24.04.2010 09:02:40 | Овие први четири коментатори ја отсликуваат сета бедотија на одсаството на елементарен патриотизам.И после се чудиме што во Брисел се однесуваат подценувачко
и барааат од нас да с�� откажеме од името.Знаат многу добро кој и во чие име палеше амбасади,кој и мртвите родители ги пишува да се Бугари само да увезе некаков крш од автомобил,па потоа од срамота одат на нотар да го побијат стореното.А молчат за правата на своите сонародници.Величенствена морална бедотија. |
| SPIRIDON, 24.04.2010 09:11:00 | Čitam gi komentarite od slugite na Dimitrov i ne možam da se iznačuda kolku zabegani,prodadeni duši ima u vaa majka Makedonija.Ej samo na svoe si svoj.Kade zbor za makedonskoto malcinstvo,makedonskio jazik,makedonskata istorija,makedonskite partii,školi u Bugarija.Reciprocitet za členkata na Evropskata unija.Ke se prevrtuvat u groboveto i Sandanski,i Pitu Guli,i Kuzman Josifovski Pitu,i Orce,i Čento i plejadata borci so srce za majka Makedonija,majka na makedonskio narod i malcinstvata,majka na južnite sloveni.Velešani po drogata u Avstrija imat nov izlez od siromaščijata,videse po spomenicite.A solunskite atentatori?Sramota.Kolnatija na vaa zemja.Srbizacija,pogrčuvanje,bugarizacija ..... |
| Stradalnik, 24.04.2010 10:05:00 | Podobro ke bide namesto da mislat na bugarite vo drugite zemji, da mislata na bugarite vo Bugarija. Koga ke priznaat deka tamu ima turci i osobeno makedonci, mozebi ke treba tamu da otvaraat turski i makedonski ucilista. Toa ke im bide i mnogu polesno a i svetot po toa poveke ke gi ceni. |
| slartibartfast, 24.04.2010 10:05:59 | do site prethodni komentatori
Drugarcinja, problemot e vo toa sto Bugarite ne go priznavaat postoenjeto na makedonskiot narod, nemoj da mi izigravate dobri sosedi i sl.
Koga otvoreno ke se priznae postoenje na makedonskiot narod i makedonskiot jazik od strana na Bugarija i koga na makedoncite vo bugarija ke im se dozvoli da se izjasnat kako makedonci i da ucat na svoj makedonski jazik, koga Bugarcinjata ke priznaat deka ja kradata nasata istorija i kultura (posebno muzikata) i ke prestanat da go pravat toa, e togas moze da zboruvame za ovaa tema. Do togas neka si sedat mirno, a site sto zele bugarski pasos (zaradi ekonomski pricici???) jas gi gledam kako zivi predavnici. |
| Toa ne e "eres", 24.04.2010 10:07:39 | Ne gledam nikakov "eres' ako se otvorat ucilista vo koi ludje koi sakaat i imaa zelba mozat da go ucat blgarskiot literaturen jazik. Pa neli nie na cel glas piskame da sekoj ima pravo da se imenuva i cuvstvuva kako sto saka. Druga rabota sto e interesna : Vo bibliotecnite fondovi na gradskite biblioteki , preku 50% od fondot na knigi e na srpski jazik i nikoj ne pravi problem , no ne mozete da najdete ni edna kniga na bugarski jazik. Slicno e i so dnevnite vesnici, srpskite gi ima skoro vo sekoj kios , a bugarski , barem jas nemam videno nikade Ako sme korenski bliski kon dvata naroda , zosto se pravi takva razlika vo odnosite so niv? |
| mene, 24.04.2010 11:01:36 | Bugarrskive "zelbi"mi se odamna poznati ama ne mi se jasni komentarive ,pa zar tolku ni e slaba makedonskata nacionalna pripadnost da se priklonuvame makar so simpatii kun bugarite ili srbite/ |
| Трпе, 24.04.2010 11:08:14 | Точно е дека може да има,приватни училишта на било кој јазик.Тоа е слободно право на избор на граганите.Само ми е интересен овој патриот кога меша баби и жаби.Дали знае колкав процент на вистински бугари има во Македонија,кои сакат децата да им учат на мајчин јазик.А исто тој што се претставува како патриот,дали знае каде се вистинските патриоти.Над земја се останати само како него лажните патриоти ,кои очекуват на овнот да му паднат мад.... |
| Gogo, 24.04.2010 11:31:50 | Goela finta e kaj nas ako moze da ima ucilista na site vozmozni jazici ama nikako ne smee da ima uciliste na bugarski jazik!!! Dosta gi punite vesnicite, i dzebovite , so staatii so koi ne plasite so bugarija. Ovaa zemja e edinstvena vo opkruzuvanjeto na koja ne i preci postoenjeto na nasata zemja. Site drugi bi ne sredile porano ili podocna!!! |
| Ангел, 24.04.2010 12:50:44 | Во Македонија има 1000 Бугари а во Бугарија има 300.000 Македонци а може и повеѓе оти со македонски корени се три милиони. Така напиша проф. Мицов не јас. Треба да има и школи и партии ама Бугарија само заплашува. Кога ќе го регистрира ОМО Пирин. |
| dedodimo, 24.04.2010 14:47:43 | Bozidar Dimitrov e vo pravo vo Makedonija mozat da otvorit Makedonskata vlada Balgarski uchilista do kolku ima dovolno balgarski deca da gi posetuvaat tie uchilishta .Vo Makedonija Site Malcinstva imaat pravo da se kazat shto se i da uchat svoj Majchin jazik.Toa e DEMOKRATIJA .No Dali Dimitrov se zaprashal dali lugeto shto se narekuvaat Makedonci ,turci Vlasi go imaat toa pravo vo negovata zemja Balgarija ? .Dvete zemji Chlenki na EVRO unijata ili DEMOKRATIJATA ts.Balgarija i Grcija ,ne priznavaat Malcinstva a kamoli da im dadat pravo da uchat svoj Majchin Jazik.A EU unijata umesto da gi isfrli ovie zemji nadvor gi podrzuva .Prashanje e kakva e taaDEMOKRATIJA vo sojuzot na EU.Za mene lichno EU e (EHU) ts.EVROPSKA HOMOSEKSUALSKI UNION . |
| nacional-patriot, 24.04.2010 17:26:51 | Dimitrov treba da znae deka vo 19 vek,vo 1880 godina,Gorgi Pulevski ja objavi makedonskata gramatika,koja ne bese nitu srpska,nitu "bugarska".Isto taka i Misirkov objavuvase dela na naroden makedonski jazik,sto znaci deka i vo tie vreminja imalo dela i knigi na makedonski jazik.Dimitrov verojatno znae deka onie vo Sofija mnogu tesko gi razbiraat graganite od Strumica,bidejki vo Strumica se zboruva makedonski jazik.Ako saka Dimitrov paralelki na nekakov negov jazik,za toa treba interes,ama go nema,no treba da se otvorat ucilista tamu kade ima interes.Takov ima vo pirinska Makedonija za otvaranje ucilista na makedonski jazik za Makedoncite koi ziveat tamu. |
| makedonec zasekogas, 24.04.2010 19:54:01 | Zosto da ne im se dozvoli da otvorat ucilista. Neka otvorat i togas neka vidat kolku navistina bugari ima vo Makedonija. Toa e demokratija posle ova mozebi Bozidar Dimitrov ke misli sosema poinaku. Mozebi... |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -7°C
Делумно облачно
|
Понеделник
Ведро
Макс: 6°C, Мин: -1°C
|
Вторник
Магла
Макс: 4°C, Мин: 0°C
|
|
|
|
|
|