Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Анализа Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска Стил
Втора страница
23.04.2010, 19:28

Поглед

Патека за нов старт

РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИП

 

По децении мизерување и апатија, на полуживата кралица на спортовите во Македонија конечно и' се случи нешто убаво. Спортскиот комплекс „Билјанини извори“ во Охрид доби модерна атлетска патека и придружни содржини за овој спорт со сите нишани, на кои ќе можат да се одржуваат и меѓународни натпревари од висок ранг. Повеќе од скромната атлетска инфраструктура во државава е освежена со репрезентативен и функционален објект, кому деловите од арената „Филип Втори“ во Скопје и од Градскиот стадион во Велес со таква намена не му се ни до колена.

Реконструкцијата на охридскиот атлетски центар е настан од безмалку епохално значење за развојот на овој базичен спорт во земјава, но само ако означува пресврт и во неговиот третман. Објектот ќе си ја исполни примарната цел ако поттикне основање нови клубови и во другите делови од државата и ако привлече таленти и во техничките дисциплини, а не само во тркачките, со кои се занимава мнозинството од околу 150 активни атлетичари во моментов. Треба да се искористи и доаѓањето на атлетската легенда Сергеј Бубка на 16 мај, кога патеката свечено ќе биде предадена во употреба, за промоција на овој замрен спорт кај нас. Во таа насока треба да послужи и меѓународниот митинг закажан за три дена подоцна.

Меѓутоа, сето ова нема да има ефект ако Атлетската федерација на Македонија и понатаму добива смешни 5.000 евра за своите годишни активности. Уште помалку ќе се види аир од охридската убавица ако сличен објект не добие и главниот град, во кој живуркаат повеќето од одвај десетте активни клубови, на кои проблем им е да дојдат на тренинг во Скопје, а камоли во Охрид. Итната набавка на нови мерни инструменти и реквизити се подразбира кога времето се мери со стоперка, а идните шампиони кладиво можат да видат само на телевизија.


Статијата е прочитана 1730 пати.

Испрати коментар



Вербатим
Божидар Димитров ќе отвора бугарски училишта во Македонија
Грчкото лоби стаса до Скопје, македонското во илегала



mene, 24.04.2010 11:05:15
Bravo Ohrid samo napred.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -5°C

Претежно облачно

Понеделник
Ведро
Макс: 6°C, Мин: -1°C

Вторник
Магла
Макс: 4°C, Мин: 0°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Анализа | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска | Стил |