Хороскоп
Овен
Некоја вест или случка ќе ја растресе вашата емотивна стабилност. Ќе морате да го одложите патувањето и неочекувано да ги смените плановите за идните неколку дена. Некој член на семејството ќе бара многу внимание, нега и сочувство. Заборавете на гревовите од минатото.
Бик
Ќе ве вознемири однесувањето на едно лице. Површноста и неодговорноста ќе ви бидат сосема несфатливи. Денешните планови немојте да ги поврзувате со други луѓе. Се' што можете - направете сами, а помош барајте дури утре. Не влегувајте во расправии.
Близнаци
Ако сакате да избегнете напади и критики во јавноста, ќе мора да се претставите како авторитативна и одговорна личност. Новите околности ќе бидат поврзани за кариерата, финансиите и претпоставените лица. Внимавајте што купувате и по која цена. Избегнувајте лаги.
Рак
Лице или некоја случка од вашето минато неочекувано ќе добие на важност. Ќе се сретнете со некого кого одамна не сте го виделе. Би можеле да ја договорите следната средба и внимателно да се скриете од погледите на љубопитните. Ќе ви се зголемат семејните обврски.
Лав
Здодевни состаноци, долго чекање во редови, метеж во сообраќајот или тажните човечки судбини... сето тоа ќе заморува повеќе од обично. Најдете некое место што може да ви го даде толку посакуваниот мир и тишина. Измерете го притисокот. Не потпирајте се на туѓите услуги.
Девица
Ќе бидете растргнати меѓу она што го посакувате и она што ви го налага разумот. Работните обврски ќе влијаат и на вашето однесување спрема саканото лице. Некој пријател ќе ви соопшти вест што ќе ви помогне подобро да сфатите некои ситуации. Чувајте ги нервите.
Терезија
Повеќе внимание посветете на деловната комуникација. Можни се промени во деловниот распоред или кадровски прераспределби на вашето работно место. Едно лице ќе се обиде да го оспори вашиот авторитет. Немојте да се збуните. Решителноста е многу важна.
Скорпија
Важно е да не запоставите некои лица што ги сакате. Децата и пријателите ќе очекуваат повеќе време да минувате со нив. Ако се занимавате со спорт, чувајте се од повреди, особено на рацете и нозете. Во љубовта немојте да си играте со оган. Кажете им „не“ на пороците.
Стрелец
Пред вас е ден преполн со новости, промени и непланирани работни задачи. Колку и да се трудите да ги усогласите работните рокови и се' да завршите навреме, сепак, тоа нема да ви појде од рака. Финансиските случувања ќе ве принудат на штедење. Внимавајте на белите дробови и синусите.
Јарец
Можни се ситни незгоди што ќе ве забават на патот кон целта. Сигурни се неочекувани средби на пат, тешкотии во телефонирањето или пронаоѓањето лица што ви се потребни. Внимавајте каде ги оставате клучевите од станот, мобилниот телефон и паричникот.
Водолија
Време е да се позанимавате со состојбата на тековната сметка. Можеби ситуацијата ќе биде обесхрабрувачка, но не губете ја надежта. Помошта или решението ќе дојдат сосема неочекувано. Разговорот со љубовна тематика сосема ќе ве збунат. Не поигрувајте си со туѓото трпение.
Риби
Ве очекува активен ден, преполн со изненадувања и противречни сигнали. Ќе сфатите колку вашето однесување во минатото влијаело на едно лице. Треба да разговарате со еден пријател. Во љубовта помалку експериментирајте. Штедете ја енергијата.
|