14.01.2013, 15:57 Како ќе изгледа Европа до 2035 година
Експертска група на чиешто чело се наоѓаат Збигњев Бжежињски и Самјуел Хантигтон ја направија картата на „Нова Европа“
Руски експерти, врз основа на документи од ЦИА, руската служба ГРУ и уште неколку извори, направија карта на Европа во 2035 година. Албанија ќе се соедини со Косово и со дел од Македонија и ќе се формира голема Албанија. Босна ќе биде поделена меѓу Србија и Хрватска. Сериозни промени ќе има во Шпанија, Франција и во Велика Британија.
Европа во наредните дваесетина години ја чекаат огромни промени, сметаат руските експерти, кои врз основа на анализа на документи на американската ЦИА, руската служба ГРУ и експертска група на чиешто чело се наоѓаат Збигњев Бжежињски и Самјуел Хантигтон ја направија картата на „Нова Европа“.
Серијата големи територијални промени ќе почне во Британија, каде што Шкотска ќе прогласи независност, што ќе претставува иницијална каписла за обединување на Ирска, пишува рускиот „Експрес“.
Каталонците и Баскијците ќе прогласат независност од Шпанија, што ќе има последици и во соседна Франција, каде што, како што наведуваат експертите, ќе почне „распадот на мултикултурализмот“. На југот од Франција ќе се формира исламска држава, а областа Лорен ќе и' се приклучи на Германија.
Ќе се распадне и Белгија, а Фламанците ќе и' се приклучат на Холандија, додека Италија ќе се распадне на богатиот север и сиромашниот југ, а Сардинија и Сицилија ќе прогласат независност.
Територијата на Босна и Херцеговина ќе биде поделена меѓу Србија и Хрватска, а ќе се формира и голема Албанија, која ќе ја сочинуваат Албанија, Косово и дел од Македонија.
Тажна судбина, сметаат руските аналитичари, ја очекува и Полска, која ќе мора да се откаже од делови од територијата по серија нови спогоди меѓу Русија и Германија. Белорусија ќе исчезне и ќе стане дел од Русија, како и делови од балтичките држави и Украина. Големи промени се очекуваат и на Кавказот, бидејќи се смета дека Русија нема да може да ги задржи Чеченија и Дагестан. (РТС)
|
Статијата е прочитана 4843 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
Јован, 15.01.2013 00:21:26 | Премногу плитка и глупава анализа: на југот на Франција нема ниту теоретски шанси да се формира исламска држава бидејќи токму југот е „најчист” и „најконзервативен”. Ако „аналитичарот” го зел Марсеј како репрезентативен град, дебело се зафркнал со оглед на тоа што ниту во Марсеј веќе муслиманите не се толку бројни колку што се смета. |
| Маке Маус от Скопjе 2014, 15.01.2013 00:35:40 | Добрата вест тука е дека Албанија ќе се соедини со дел од Македонија, а не со цела Македонија. Но можеби ќе остане нешто и за ДПМНЕ - како мала награда за агресијата на Груевски коњ Бугарија во сите години на неговото владеење. |
| Kultiviran Balkanec, 15.01.2013 01:05:07 | Se potvrduva ushte ednash, deka Ljupcho Georgievski navistina bil vizioner. |
| melbourne, 15.01.2013 08:53:29 | Cista vistina za Makedonija,zosto vlasta se mozno ke napravi,kako sto i pravi za toa da se sluci.Samo ne znam dali ke bidime vo federacija ili konfederacija so Bugarija. |
| Набљудувач, 15.01.2013 10:40:14 | Имам жална вест: Самуел Хантингтон не може да биде член на никоја експертска група. Тој почина пред 4 години, на 24 декември 2008 година. |
| jovan, 15.01.2013 11:14:36 | Bosna ja nema, a Makedonija vo crno. Interesno!? No i premnogu nerealno, a i nelogicno, iako se poizvesno e deka nekakvi promeni ke ima. |
| Tina, 15.01.2013 11:16:21 | Taa mapa e mapa na glupavite.
Po istorijski, R.Makedonija da se soedini so Egejskata i Pirinskata i Mala Prespa, pa togiska ke kazime ima fer i red na istorijsko neasledstvo.
A vaka, se gleda da istorija ne im bive na tije koji kradat tuga zemja, i lazat za toa.
Se gleda da vo idnina oshte ke ima lagi za istorija na Makedoncite. Oshte ke slushame lagi za antichki Grci i Bugari.
A kolkava beshe Bugarija pod ERusite?
Malechka, a vo novata mapa, sakat kolku se imali vo 18 vek? A Makedoncite nemozat da imat svoja zemja kolku imale za vreme Aleksandar.?
Ako ke igrame taa igra, ajde togiska da odime po toj pat i za nas.. A, gledajte sega taa mapa na
demokratija i hipokratija.
Site lzat i si kradat. Budalashtini.
a cel svet go pochituva bash Makedonskiot Aleksandar. Tuka neshto ne e vo red. |
| Mark, 15.01.2013 11:19:27 | Hm, mislev covecive se popametni..Bugarija ta Bugarija..Ne bre zlatni, kon *Beograd* ne vodi Veselava Druzina..Ko ne veruje, neka gleda Sitel i neka cita Vecer - i prv ke doznae, direktno od ustata na PTP (Prva Truba Preporoda).. |
| Jasno, 15.01.2013 12:03:31 | Zatoa megunarodnata zaednica ne mrda so prst za Makedonija, za polesno da se obedinat seste zvezdicki od znameto na Kosovo! A nas da ne parcosaat, vprocem i porano go pravele toa. Morame da bideme edinstveni kako nikogas do sega. |
| Nisto da ne ne iznenaduva, 15.01.2013 12:16:21 | Zbigned Bzezinski , sovetnik za drzavna bezbednost na SAD na 5 pretsedateli ,uste vo 1976 godina predviduvase raspad na SSSR, za 10-15 godini, ob edinuvanje na Germanija i krvav raspad na Jugoslavija za 8- 10 godini posle smrta na Tito. I zacudo pogodi. Zatoa ovie predviduvanja se temelat na dlaboki analizi na iskusni politicari i analiticari |
| od Fr., 15.01.2013 14:54:14 | SE slozuvam so komentarite, osven ovojpat ne i si Jovan,cii mislenja najcesto bea na mesto. Apsolutno ne e tocno negovoto kazuvanje, za *cistijot i konzevtaiven jug*na Francija,uste poveke za gradot Marsej koj e veke muslimanski grad poln so legalni ili ilegalni *
ziteli*od severnofricko podracje. Za sega, nivnata mafija *komanduva * so dela od gradot kader cvetaaat dfrogata i dilerite, taka sto, neodamna bese otkriena duri i grupa od policijata koja uspesno sorabotuvala so nim( milom ili silom)! Veke po opstinite mozat da se najdat vodecki licnosti so severnoafricko poteklo , sosema integrirani vo opstestvoto koi so teskotii se borat protiv naezdata na ilegalci i nepodobni legalni ziteli , msliani. |
| venstar, 15.01.2013 17:42:02 | еве jа оригиналната статиjа - http://www.eg.ru/daily/politics/32691/
видите го весникот и сами ке решите колко да му верувате |
| Mentalist, 16.01.2013 00:58:17 | За Шкотска, многу веројатно. За Каталонија, исто така. За Белгија, скоро сигурно, иако не верувам дека Фландрија ке се обедини со Холандија, тогаш и Валонија био требало да влезе во Франција. За поделбата на Италија, и муслиманска држава во Франција, се само шпекулации.
За Македонија. Изгледа ке се оствари идејата на историското ВМРО, за добивање автономија...
прашање е во рамките на која држава. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 4°C
Делумно облачно
|
Четврток
Обилни врнежи
Макс: 5°C, Мин: 3°C
|
Петок
Обилни врнежи
Макс: 9°C, Мин: 1°C
|
|
|
|
|
|